Производителите на вакцини трошат милиони секоја година, притискајќи ја јавноста да верува дека вакцините создаваат имунитет и спасуваат животи… но, дали е тоа точно?
ФАКТ: Вакцините создаваат само временски (краткорочни) антитела. Ова е единствениот услов од ФДА со цел да се добие одобрение за продажба на вакцината. Ако го прочитате упатството на вакцината, напишано од фармацевтската компанија што ја создава вакцината, јасно се наведува зголемувањето на временските антитела како основа за докажување на ефикасноста на вакцината. Исто така, дава процент на луѓе кои имале зголемување на антитела по вакцинацијата. Понекогаш овој број е прилично низок во опсегот од 50%, пркосејќи на вистинската теорија на колективниот имунитет.
Присуството на антителата не значи имунитет!
Но, науката одамна знае дека само антителата НЕ создаваат вистински имунитет. Некои луѓе со високо ниво на антитела можат да бидат изложени на болест и да се разболат, додека други без антитела можат да бидат изложени и да не се разболат. Д-р Мерил Чејс, наречен „дедо на имунологијата“, со неговото пионерско работење, направи јасно истражување за ова прашање уште во 1950-тите. Неговите резултати се јасни: нивоата на антитела не го одредуваат имунитетот. Повеќе за неговата работа овде.
Имунолошкиот систем е многу сложен, а науката сеуште е во почетна состојба на разбирање како функционира. Всушност, учебниците за имунологија беа целосно преработени неодамна откако излезе студија од универзитетот во Вирџинија, која конечно докажа дека постои врска помеѓу цревата и мозокот, преку лимфниот систем. Пред оваа студија од 2014 година, имунолошките книги беа непопустливи – немаше врска.
„Лекарите никогаш не ги читаат состојките во вакцините, начинот на кој го нарушуваат имунолошкиот систем или истражувањата кои докажуваат дека антителата не создаваат имунитет“.
Но, лекарите кои се само обучени да промовираат вакцини, а не се запознаени со науката за вакцинацијата, никогаш нема да Ви го кажат ова. Всушност, повеќето лекари не знаат, бидејќи нивните главни извори на информации за вакцината доаѓаат од претставници на фармацевтските компании, платени за продажба на вакцините или CDC, владина агенција која е повикана многу пати за земање пари од фармацевтската индустрија и има авторски права за продажба на вакцини.
Ако вакцините создаваат имунитет, зошто има многу случаи на епидемии кај вакцинираното население?
Бидејќи вакцините се даваат со инјекција, тие го заобиколуваат нормалниот имунолошки пат и затоа не го активираат клеточниот имунолошки систем, што науката покажува дека е главната компонента – неопходна за создавање имунитет.
Како резултат на тоа, постојат бројни извештаи за појава на епидемии во целосно вакцинирани популации, при што бустер дозите не прават разлика (студии тука). Бидејќи нема корист од имунитет постигнат со вакцини, но сепак има реален ризик од несакани ефекти и реакции, прашањето е кој навистина има корист од застарената програма за вакцинација?
Очигледно е дека од вакцините имаат корист само фармацевтската и медицинската индустрија, која користи вакцини за создавање на здравствени проблеми и клиенти за лекови и медицински третмани. Глобалниот пазар на вакцини вреди околу 58 милијарди долари годишно, со речиси двојно зголемување во следната деценија. Како и обично, индустријата го става профитот пред пациентите.
Овој неодамнешен извештај објавен од страна на CDC докажува дека епидемии се јавуваат кај оние кои се вакцинирани.
Создавање идни клиенти
Значи, ако вакцините не создаваат имунитет, што прават тие? Тие создаваат идни клиенти за фармацевтските компании. Како? Бидејќи токсичните состојки создаваат здравствени проблеми и овие токсини се акумулираат во организмот предизвикувајќи повеќе проблеми, колку повеќе вакцини се примаат. Ова е една од причините поради кои постојано се зголемува распоредот на вакцините во САД и сега се потребни 72 вакцини пред детето да оди на училиште.
Погледнете го тековниот препорачан распоред за вакцини тука или обратете се на веб-страницата на CDC.
Прележувањето на одредени вирусни инфекции, ги намалува подоцнежните здравствени проблеми
Пред детските вакцини да станат профит за фармацевтските компании, детските болести предизвикани од вирусите, се сметаа за „нормални“ и немаше страв околу нивното „фаќање“. Секоја долготрајна компликација била исклучително ретка (99,9% од случаите закрепнале во рок од неколку дена без трајни проблеми). Всушност, многу експерти тврдат дека болестите во детството се добри за нашиот имунолошки систем.
Неодамна науката открива дека прележувањето на одредени инфекции во детството ги намалува здравствените проблеми, како ракот, во понатамошниот живот (студиите тука). Повеќе за придобивките од вирусите овде.
Митот за колективниот имунитет
Колективниот имунитет може да постои само од природно „фатени“ болести – НЕ од вакцини. Некои луѓе можеби се доволно стари за да се присетат дека пред само 20 години, морбилите и варичелата беа бенигни заболувања кои со векови претставувале обред на премин за децата.
Имунитетот на стадото е докажан само во групи каде што населението било изложено на болест преку природниот имунолошки пат и никогаш не било докажано дека постои во вакцинираните популации.
Плус, бидејќи во упатствата на вакцините јасно наведуваат дека не сите луѓе вакцинирани развиваат реакција на антитела, која како што сега знаеме, воопшто не е имунитет. Затоа идејата за колективниот имунитет преку вакцинација е чиста теорија и мит.
Само затоа што болеста е заразна, тоа не значи дека е смртоносна. Всушност, многу истражувања (студии тука) покажуваат здравствена корист од овие типични детски болести – како намалување на ризикот од рак, намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на ризикот од деменција.
Од „Смртоносната немоќност на колективниот имунитет преку вакцинација“ (Расел Блејлок, неврохирург):
„Во оригиналниот опис на колективниот имунитет, заштитата кон популацијата во целост се случува само ако луѓето природно се заразиле со инфекции. Причината за ова е дека природно стекнатиот имунитет трае цел живот. Поборниците на вакцините брзо се залепија на овој концепт и го примениле на имунитетот предизвикан од вакцина. Но, имаше еден голем проблем – имунитетот индуциран од вакцина трае само релативно краток период (ако и воопшто се развиел), а и ова се однесува само на хуморалниот имунитет. Ова е причината зошто почнаа да предлагаат бустери за повеќето вакцини, дури и за вообичаени детски инфекции како што се варичела, морбили, заушки и рубела.
Ова значи дека најмалку половина од населението немало имунитет предизвикан од вакцини, против болестите за кои биле вакцинирани, многу рано во животот. Во суштина, најмалку 50% или повеќе проценти од населението е со децении незаштитено.
Сите ние живеевме најмалку 30 до 40 години со 50% или помалку, од населението кое има заштита индуцирана од вакцина. Па дури и во теорија, колективниот имунитет не постоел во оваа земја многу децении и не се појавија никакви повторни епидемии. Имунитетот предизвикан од вакцина е лага која се користи за да се исплашат лекарите, здравствените работници, другиот медицински персонал и јавноста да прифатат вакцинации”.
Дали некогаш сте се прашувале зошто некои деца се со последици од вакцините, додека други се чини дека се во ред?
Тие не се „во ред“. Нивната здравствена состојба е само моментална. Негативна последица кај нив, ќе се појави подоцна од другите, бидејќи тие се генетски посилни во однос на способноста за детоксификација. Но, бидејќи токсините се акумулираат во телото, ако вакцините или фармацевтските лекови продолжат да се администрираат, во одреден момент ќе се појави здравствен проблем.
Ние гледаме се повеќе и повеќе здравствени проблеми кај децата од овие генерации, за разлика од 1980-тите, бидејќи десетици други вакцини им се даваат на децата. Значи здравствените проблеми ќе се појават порано сега, отколку што тогаш.
Кај многу луѓе кои се родени во 1980-тите (кои имале далеку помалку вакцини), сега се развиваат проблеми како рак, лупус, хроничен замор, MS, итн. Во доцните 30-ти години. Потребно е подолго за оваа возрасна група, бидејќи им биле дадени помалку вакцини како деца, но во одреден момент тоа ќе ги стигне скоро сите.