Мит: Ние можеме и треба да имаме доверба во владините агенции кои ги прават вакцините задолжителни заради јавното здравје.
Вистината: Постојат многу судири на интереси во владините агенции (CDC, FDA, HHS) кои се одговорни за јавното здравје и безбедност, вклучувајќи и финансиски и кариерни стимулации кои предизвикуваат проблеми со довербата во истите.
Фармацевтските лобисти го надминуваат бројот на членови на Конгресот, а донациите за кампањите се шират низ двете политички партии. А фармацевтските лобисти, како група, имаат поголем буџет од некои земји. Дали мотивите за профит маскираат зголемена загриженост во врска со безбедноста на оваа високо профитабилна медицинска интервенција?
Етичките размислувања се уште една причина за загриженост. Унапредувањето на науката и владините агенции кои сакаат да ги искористат тие напредоци за јавното добро и понатаму страдаат од истите предрасуди и слепи точки за вредноста на некои животи наспроти другите, што ја погодија оваа земја кога првите застапници на еугениката ги раскажаа своите теории на почетокот на 20-тиот век.
Овие етички слепи точки се одговорни за смртоносните грешки од небезбедни лекови, неморално експериментирање на неинформираните или принудените субјекти и легислативата за „јавно здравје“ која во најдобар случај е загрижувачка, а во најлош – криминал.
Нецелосната листа вклучува:
- 1932 – 1972: Експерименти со сифилис во Тускеге, изведени на афроамерикански мажи, спонзорирани од страна на американските служби за јавно здравје (USPHS).
- 1946-1948: USPHS и Националниот институт за здравство (NIH) експериментирале со 700 притворени Гватемаланци, кои биле намерно инфицирани со сексуално преносливи болести.
- 1941: Експерименти на ментално болни пациенти кои биле изложени на многу ниски температури , во период од 80-120 часа (наречен експеримент „ладење“), спроведени во болницата Лонгвју (Синсинати) и болницата Меклин (дел од Универзитетот Харвард).
- 1957: Лекот Thalidomide беше даван на бремени жени како лек против гадење, а истиот предизвикува абортус и / или ужасни дефекти на фетусот.
- 1950-тите: Вакцината против полио предизвикала огромен број на смртни случаи и парализа. Вирусот СВ-40, кој предизвикува рак, даден е на милиони луѓе.
- 1956 -1972: „Ментално ретардираните“ деца од државното училиште Willowbrook во Њујорк намерно биле заразени со хепатитис за експеримент, со цел да го следат развојот на инфекцијата. Родителите беа принудени да учествуваат како услов за прием во училиштето.
- 1993-95: EPA ги спонзорираше експериментите за намалување на олово во Балтимор со мали деца. Истражувањата регрутирале сиромашни семејства со мали деца да живеат во домување со токсични нивоа на олово. Истражувачите од Џон Хопкинс потоа ги мереле нивоата на олово во крвта, гледајќи дека нивоата на олово значително се зголемуваат без да ги информираат родителите за опасностите кај децата.
- 1986-2000: Илјадници деца во згрижувачки семејства, кои се движеа на возраст од доенчиња до доцни тинејџери и беа од најчесто сиромашни малцински потекла, беа користени како човечки субјекти за тестирање на лекови и вакцини за ХИВ / СИДА, спонзорирани од владата и одредени корпорации. Не е добиена родителска согласност или одобрение од независни адвокати (прекршување на федералниот закон). Одреден број на деца и умреле во текот на експериментот.
- Починати и повредени од вакцината против грип (1976, 2009).
- Проценка за 500.000 смртни случаи од Vioxx, лек што го произведува и продава Мерк и покрај тоа што Мерк биле свесни за опасностите од лекот.
- 1993-96: Експерименти со фенфлурамин на 100 главно сиромашни, афроамериканско и шпанско потекло – момчиња на возраст од 6-11 години. Истражувачите од Државниот психијатриски институт во Њујорк (со одобрување и финансирање од Националниот институт за ментално здравје) го инјектирале овој познат невротоксин кај момчињата во експеримент кој се постави за „докажување“ дека постои биолошки маркер за криминално однесување.Ова истражување ги користело и оштетувало здравите деца за експерименти без терапевтска вредност.
Цигарите и ДДТ заслужуваат посебно внимание. Тутунските компании со децении ги рекламираа своите производи во сите медиуми. Кога се појавиле сериозни прашања за опасностите од употребата на цигари врз здравјето, по извештајот на Мортон Левин во 1950 година, кој го поврзува пушењето со рак на белите дробови, тутунските компании користеле кампања спонзорирана од „научни истражувања“, за да докажат дека цигарите не предизвикуваат рак. Ова траеше со децении пред владата конечно да ја признае директната врска помеѓу пушењето и ракот на белите дробови. Сега е забрането рекламирање на цигари во списанија, на телевизија и се стават ознаки за предупредување на цигарите.
ДДТ беше популарен инсектицид и силно рекламиран производ во средината на дваесеттиот век. Тој беше наметнат како безбеден и ефективен. ДДТ беше многу ефикасен и не беше само земјоделски производ кој се користеше на фарми или ранчови. Исто така беше широко користен во домовите и јавните места за да се спречи ширењето на мувите, комарците и другите бубачки. ДДТ беше прскан на јавни плажи исполнети со деца и возрасни. Беше прскано околу домот и се користеше за плакнење облека, постелнина и душеци.
„Образование “ за ДДТ имаше и преку реклами:
Поради овие рекламни кампањи, многу луѓе не само што мислеле дека ДДТ е безбеден, туку дека е и за нивно добро. Ова се покажа како сосема неточно и ДДТ беше забранет во 1972 година поради неговата токсичност кон околината.
Сепак, интересно е да се забележи дека симптомите на DDT токсичност кај луѓето може да изгледаат исто како и полио. И ДДТ најмногу се користеше во летните месеци, што беше во корелација со зголемените извештаи за полио.
Додека едуцираните, грижливи поединци (лекари, законодавци и здравствени администратори) можат да направат навидум рационален аргумент кој ја прифаќа штетата за некои во корист на другите, ние како граѓани можеме и треба да се спротивставиме гласно.
Нашето наследство, како и нашите сопствени морални и етички стандарди, нè тераат да бараме уставно и човеково право да ги контролираме медицинските интервенции за себе и за нашите деца, без оглед на легислативата за задолжителна вакцинација.
Вклучете се. Едуцирајте се, не само себеси туку и вашето семејство, пријатели, соседи, наставници и училишни одбори. Споделете ги овие информации со вашиот лекар, вашите законодавци и училишните администратори.
Информираната јавност е најдобрата одбрана против легислативата која го негира правото на самоопределување.