Информации од јавен карактер

ДАЛИ ВАКЦИНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНА МЕДИЦИНСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЗА МОЕТО ДЕТЕ?


РОДИТЕЛИТЕ ПРАШУВААТ, ИНСТИТУЦИИТЕ (НЕ) ОДГОВАРААТ


Aнализа во пдф можете да ја преземете на овој линк.

Содржина

  • Вовед
  • Мотив
  • Дали институциите се лесно достапни за јавноста?
  • Детална анализа на одговорите од институциите
  • Статус на одговорени барања
  • Анализа на поединечни прашања
  • Кратко резиме
  • Што научивме од одговорите од институциите?
  • Анализа за правото на пристап до информации од јавен карактер
  • Повик за здружување

Вовед

Во периодот од 1.7.2022 до 22.5.2023 година Здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС во повеќе преписки со надлежните институции се обиде да добие информации од јавен карактер за безбедноста на вакцините кои се дел од Календарот за имунизација.

Единствено Барање за пристап до информации од јавен карактер беше пратено истовремено до сите институции, а со цел да избегнеме префрлување на одговорноста од една до друга институција. Така, побаравме секоја институција да се произнесе по однос на кои прашања (од вкупно 33) се смета за НЕнадлежна, да упати која институција е надлежна, а за останатите да достави соодветни одговори.

За дел од случаите кога институциите НЕ постапуваа согласно прописите и НЕ одговараа во законскиот рок, Здружението се обрати до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. После интервенција од страна на истата, продолжи преписката со дел од институциите.

Во овој извештај прикажуваме наша сумирана анализа и наши заклучоци за одговорите на прашањата кои ги доставивме до институциите. Го охрабруваме секој читател да ја прегледа целокупната преписка и да донесе свои заклучоци. Деталните одговори од институциите, Барањето за информации од јавен карактер, како и целокупната преписка може да ги преземете на линковите обезбедени на крајот од презентацијата.


Мотив

Согласно Законот за заштита на правата на пациентите


Член 2: Со заштитата на правата на пациентот се обезбедува квалитетна и континуирана здравствена заштита во согласност со тековните достигнувања во здравството и медицината, во рамките на системот за здравствена заштита и здравствено осигурување, соодветна на поединечните потреби на пациентот, со отсуство на каква било психичка и физичка злоупотреба, со целосно почитување на достоинството на неговата личност и во негов најдобар интерес.


Член 4: „Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активност со превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација што ја презема овластен здравствен работник;


Член 7: Пациентот има право, во сите фази на здравствената заштита, да биде потполно информиран за: 1) својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена на резултатите и исходот на одредена медицинска интервенција, како и нејзините најчесто очекувани компликации…


Информациите од членот 7 на овој закон на пациентот мора да му се дадат на разбирлив и соодветен начин за пациентот, со минимизирање на техничката, односно стручнатa терминологија, со цел да се добијат податоците од важност за третман на пациентот.


Член 32: Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување на пациентот…


Се забранува преземање на медицински интервенции без согласност на пациентот, родителот или неговиот законски застапник, освен во случај кога таквите медицински интервенции се неопходни за да се спречи смрт или влошување на здравствената состојба на пациентот.


Имајќи предвид дека вакцинацијата е медицинска интервенција – третман со превентивна цел, истата не смее да се спроведе без согласност на пациентот, иако за ваков вид на интервенција согласно законот не се бара изричито согласноста да биде на писмено.


На постапката за согласување ѝ претходи задолжителен процес на информирање на пациентот, меѓу другото и за исходот и ризиците од медицинската интервенција. Оттука, дозволувајќи врз нас да биде спроведена медицинска интервенција, согласно законот ние потврдуваме дека даваме ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ за истото.


Во врска со вакцинацијата како медицинска интервенција, а со цел донесување на информирана согласност, побаравме од институциите да достават одговори за прашања кои најчесто ги мачат родителите на кои им е наложено да ги вакцинираат своите деца, во насока на разбирање на користа и штетата од вакцинацијата, а не успеваат да ги добијат од медицинските лица кои ја спроведуваат вакцинацијата.


ДАЛИ ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ ЛЕСНО ДОСТАПНИ ЗА ЈАВНОСТА?



ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ОДГОВОРИТЕ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ


Статус на одговорени барања

Од вкупно 33 барања, институциите:


Во однос на 3 барања за кои институциите не доставија информации, како причина беше наведен фактот што бараните информации согласно законите се КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ (бр.2, бр. 3 и бр.18)




  • 1. Побаравме регистар на одобрени вакцини со кои би било вакцинирано едно дете од моментот на раѓање до навршување на 14 годишна возраст!

Како надлежни институција, одговор на ова барање доставија МЗ и МАЛМЕД. Притоа, детален одговор согласно барањето достави единствено МАЛМЕД.

Доставените податоци се јавно достапни и на веб страницата на МАЛМЕД, но бидејќи пристапот до истите не е едноставен, во продолжение изготвивме детално упатство.

Заклучок: Доколку сакате да се информирате кои вакцини се одобрени за вакцинација на деца до 14 годишна возраст:
1) Пристапете на следниот линк: Регистар на лекови
2) Во полето „Пребарување по генерика/код“, со латинична поддршка, внесете J07


Покрај навремена информираност за тоа кои вакцини треба да ги очекувате доколку го вакцинирате вашето дете, овие информации се корисни за да проверите дали вакцината која се аплицира врз вашето дете е навистина одобрена од страна на МАЛМЕД.



  • 2. За одобрените вакцини, побаравме копија од оригиналното упатство кое е дел од барањето за ставање на лек во промет, а кој се однесува на СОСТАВОТ НА ЛЕКОТ, односно на сите компоненти, за сите вакцини! Ги побаравме документите каде што се наведени СИТЕ КОНТРАИНДИКАЦИИ И СИТЕ НЕСАКАНИ ПОЈАВИ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ВАКЦИНА или податок дека истите не се познати!

Како надлежна институција се огласија МАЛМЕД. Притоа, како одговор доставија јавно достапни упатства за пациентот и збирни извештаи за секоја вакцина. Истите се јавно достапни информации и може да ги преземете така што ќе кликнете на линкот на називот на секоја вакцина која ќе ја добиете при пребарување согласно упатството од претходното барање.

Копија од оригиналните упатства (кои се дел од документацијата за ставање лек во промет) НЕ е доставена со образложение дека истите претставуваат КЛАСИФИЦИРАНА ИНФОРМАЦИЈА!

Заклучок: РОДИТЕЛИ! ВИЕ НЕ СМЕЕ ДА ЗНАЕТЕ детали за составот на вакцините, контраиндикациите и несаканите појави како последица на аплицирање на вакцините со кои ВИ НАЛОЖУВААТ да ги вакцинирате вашите деца, ви наложуваат да дадете ИНФОРМИРАНА согласност за вакцинацијата, а со тоа и да преземете ЦЕЛОСНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ! Тоа едноставно е класифицирана информација!

Доколку сакате да погледнете што институциите одлучиле дека е доволно да знаете, преземете ги јавно достапните упатства и збирни извештаи кои сепак содржат интересни информации кои можеби ќе ве наведат на причините зошто деталните упатства се класифицирана тајна.

Зошто би можело да бидат класифицирана информација недостапна за јавноста?



  • 3. Побаравме информација дали и кои активни супстанци, материи или компоненти, кои според закон се категоризирани како ОПАСНИ, КАНЦЕРОГЕНИ, ТЕРАТОГЕНИ, МУТАГЕНИ, КОРОЗИВНИ или др., се дел од составот на вакцините!

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија МАЛМЕД. Притоа, наместо директен, конкретен, јасен и недвосмислен одговор, единствено нè (ве) упатуваат на збирните извештаи (од барањето бр. 2) и нé (ве) уверуваат дека издаденото одобрение е доказ „дека вакцината е безбедна за индикацијата и возраста на пациентот за која е одобрена“.

После дополнување на втората поднесена жалба до АСПИ, реагиравме дека како обични родители кои не се стручни во областа, не можеме да ги извлечеме бараните информации од упатствата и побаравме прецизен одговор на барањето.

АСПИ ја уважи жалбата и издаде мериторно решение за постапување од страна на МАЛМЕД. Во продолжение е одговорот кој следуваше од МАЛМЕД.

Заклучок: Како што нè уверуваат од МАЛМЕД, „вакцината е безбедна за индикацијата и возраста на пациентот за која е одобрена“, НО, сепак од нас (вас) како родители бараат да потпишеме ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ за вакцинација на детето (на основа на класифицирана тајна) која ГИ ОСЛОБОДУВА НИВ од секаква ОДГОВОРНОСТ во случај на било каква трајна контраиндикација и поствакцинална компликација која не е исклучена како можност!

Доколку бараната информација е дел од упатствата, зошто МАЛМЕД не би дал краток и конкретен одговор?



  • 4. Побаравме информација дали во вакцините е содржан АЛУМИНИУМ, ФОРМАЛДЕХИД, АНТИБИОТИЦИ, ЖИВА ИЛИ ГЕНЕТСКИ ИЗМЕНЕТ МАТЕРИЈАЛ и во случај на потврден одговор докази дека истите се безбедни за детето!

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија МАЛМЕД. Исто како и за претходното барање, наместо директен, конкретен, јасен и недвосмислен одговор, единствено нé (ве) упатуваат на збирните извештаи (од барањето бр. 2) и нé (ве) уверуваат дека издаденото одобрение е доказ „дека вакцината е безбедна за индикацијата и возраста на пациентот за која е одобрена“.

Заклучок: Одговорноста за било каква трајна контраиндикација и поствакцинална компликација на детето е целосно на родителот, бидејќи едонствено тој ги сноси последиците од истото.

За да добиете информации за алуминиумот, формалдехидот, антибиотиците, живата или генетски изменетиот материјал кои потенцијално би го содржела вакцината со која би го вакцинирале вашето дете единствена достапна информација има во упатставата за пациентите. Деталите од упатствата на производителот се класифицирана информација.

Дали вашето дете е толерантно на овие елементи како мнозинството во примерокот на кој е испитувана вакцината, останува да се уверите самите пред да донесете ИНФОРМИРАНА согласност, затоа што докторот, институциите и производителот се ослободени од секаква одговорност со тоа што навеле дека до несакани последици може да дојде, а знаејќи го тоа, вие сте дале согласност за вакцинација.



  • 5. Побаравме информација колку долго трае имунитетот развиен од вакцина, доколку воопшто постои таков имунитет, и дали вакцината обезбедува заштита од т.н. див вирус на заразна болест против која е вакцината!

Како надлежна институција во однос на ова барање првично се огласија ИЈЗ и нé упатија на веб страницата на СЗО, во делот „Имунолошки основи за имунизациски цели“. Сепак, пропуштија да дадат конкретен одговор на доставеното барање.

После поднесената и усвоената жалба од АСПИ поради доставување делумен одговор, ИЈЗ повторно нé упатија до истата веб страница, но овој пат со наведена листа од линкови за секоја болест која беше достапна и на претходно доставениот линк.

Вешто одбегнувајќи јасни и прецизни информации како што беа побарани, со истата преписка, ИЈЗ повторно нé упатија и до збирните извештаи за лековите на МАЛМЕД и нé информираа „за повеќе информации обратете се до МАЛМЕД“!

МАЛМЕД уште во првичната преписка се огласија дека не се надлежни да одговорат по однос на ова прашање!

Заклучок: НИТУ ЕДНА институција НЕ СAКАШЕ да даде конкретен и прецизен одговор за времетраењето на имунитетот, односно времетраењето на заштитата од вакцините и дали е можно сепак, детето иако е вакцинирано, да се инфицира со див сој на вирусот од кој се „заштитува“.

Ниту една институција не обезбедува информација дали вашето дете ќе развие имунитет од вакцината, а доколку развие, колку долго ќе трае, и дали сепак после вакцинација детето може да се зарази од истиот вирус (различен сој). Но, дозволувајќи вашето дете да биде вакцинирано вие се согласувате дека сте информирани и за овој ризик и дека свесно го преземате за да ги ОСЛОБОДИТЕ од ОДГОВОРНОСТ.



  • 6. Побаравме информација која институција во нашата држава е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините! Дали одобрените вакцини поминуваат низ контрола на таквата институција, а доколку не, да се опише процесот за проверка и гранација на квалитетот на вакцините!

Како надлежна институција во однос на ова барање првенствено се огласија МАЛМЕД. Сепак, пропуштија да дадат конкретен одговор на доставеното барање. После поднесената и усвоената жалба од АСПИ започна интерно префрлување на одговорноста меѓу различни сектори во МАЛМЕД.

После неколку поднесувања на жалби и дополнувања на истите, АСПИ ги усвои сите и донесе мериторно решение за постапување кон МАЛМЕД. Во одговорот кој последователно го добивме, МАЛМЕД одговара:

… И понатаму опишуваат дел од постапката. Заради обемност, целосниот одговор може да го прочитате во изворната документација)

Заклучок: НИТУ ЕДНА институција НЕ ПОТВРДИ дека е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините? МАЛМЕД е надлежна за ставање во промет на вакцините!

Ако сé е регулирано како што опишуваат, ако проверуваат дали вакцината ги исполнува „условите во однос на квалитет“, зошто МАЛМЕД како институција која го спроведува процесот на проверка не одговори дека тие се надлежни да гарантираат за квалитетот, туку дека се надлежни само за ставање во промет на вакцините?

Ако ИЈЗ дава стручно мислење за квалитетот на секоја серија, зошто ИЈЗ не гарантира квалитет на вакцината?

Бидејќи ниту една институција не е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините, а се проверуваат сертификатите за квалитет од производителот, OCABR сертификатот од официјална лабораторија на ЕУ, и стручното мислење од акредитирана лабораторија, дали можеби производителот или овие институции гарантираат за истото?



  • 7. Побаравме информација дали за вакцините кои ги примаат децата, производителот на вакцините навел во упатството дека се апсолутно безбедни за употреба, без никаков ризик по здравјето на детето!

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на ова прашање!

Заклучок: Покрај тоа што ниту една институција не се огласи дека е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините, НИТУ ЕДНА ИНСТИТУЦИЈА (дури и МАЛМЕД која дава одобрение за ставање на вакцините во промет), НЕМА ИНФОРМАЦИЈА дали производителот на вакцините навел во упатството дека е апсолутно безбедна за употреба, без никаков ризик по здравјето на детето!

Родители! Бидејќи ниту една институција не е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините, а дополнително институциите кои ги одобруваат вакцините немаат информација дали производителот презема одговорност за последиците од вакцините, дозволувајќи вашето дете да биде вакцинирано, ВИЕ „гарантирате“ дека вакцината е апсолутно безбедна за вашето дете, без никаков ризик по здравјето на детето!



  • 8. Побаравме информација дали произведителот гарантира дека со дадената задолжителна вакцина детето ќе биде заштитено од наведениот вирус и дека таа заштита би била долготрајна доколку детето е изложено на вирусот!

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на ова прашање!

Заклучок: Покрај тоа што:
– ниту една институција не се огласи дека е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините,
– ниту една институција (дури и МАЛМЕД која дава одобрение за ставање на вакцините во промет), НЕМА ИНФОРМАЦИЈА дали производителот на вакцините навел во упатството дека е апсолутно безбедна за употреба, без никаков ризик по здравјето на детето

НИТУ ЕДНА ИНСТИТУЦИЈА НЕМА ИНФОРМАЦИЈА дали со вакцинацијата заштитата против вирусот за кој се вакцинира ќе биде долготрајна во случај на изложеност на детето на вирусот против кој се вакцинира!

Доколку вашето дете заболи од вирус против кој е вакцинирано, дури и веднаш после примената вакцина, ВИЕ сте се СОГЛАСИЛЕ согласно законот детето да биде вакцинирано и со тоа сте потврдиле дека сте биле ИНФОРМИРАНИ и дека свесно ГО ПРЕЗЕМАТЕ тој ризик. Институциите ја одобриле вакцината без да имаат информација од производителот за ова прашање и притоа не сносат одговорност! Ја имаат вашата согласност!



  • 9. Побаравме информација кои реакции од вакцина се сметаат за вообичаени! Дали истите се посакувани? Ако да, зошто во упатството за пациенти се наведени како несакани реакции? Дали постојат однапред непредвидени реакции?

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на ова прашање!

Заклучок: За несакани реакции и однапред непредвидени реакции од вакцини, сведочат бројни примери (формално потврдени и непотврдени). Но, институциите не сакаат да зборуваат за нив, иако вие треба да донесете информирана согласност!

Институциите не се надлежни за несаканите и непредвидени реакции! Институциите се надлежни да обезбедат што поголем опфат на вакцинација!



  • 10. Побаравме информација за контраиндикација, привремена контраиндикација и трајна контраиндикација која е утврдена во пракса, до сега.

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија ИЈЗ

За одговор на ова прашање нè упатија до Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, донесен од страна на Министерството за здравство кои пак се прогласија за ненадлежни по однос на ова барање (известија дека не располагаат со бараната информација).

Заклучок: Ниту една институција не е надлежна за тоа дали и како се спроведува ВО ПРАКСА Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација,

За контраиндикациите од вакцините, за секоја вакцина посебно, делумно може да се информирате од Правилникот до кој приложуваме линк за пристап!



  • 11. Побаравме информација дали во досегашната пракса има негативни искуства со деца кои се вакцинирани во последните 5 години!

ИЈЗ извести дека нема податок за утврдени трајни контраиндикации за вакцинација во периодот 2017-2022


МЗ извести дека не располага со бараната информација


МАЛМЕД не доставија одговор по однос на ова барање

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на овие барања!

Заклучок: Единствен доказ за квалитетот и безбедноста на вакцините кои се пуштени во промет е одобрението од МАЛМЕД донесено на основа на КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ. МАЛМЕД и ниту една друга институција НЕ СЛЕДАТ што се случува со вакцинираните деца после пуштање на вакцините во промет!

За да погледнете сведоштва од родители кои сметаат дека нивното дете има несакана последица од примена вакцина во нашата држава, голготата и нереспонзивноста на институциите во таквите случаеви со кои се соочиле, посете го следниот линк Сведоштва за вакцини.


Во САД е формиран т.н. Национална програма за компензација на повредени од вакцини. Од оваа програма, само во 2022 година исплатена е оштета во износ од 195.693.889 долари за 927 случаи кои пријавиле повреда од вакцина. Во Македонија официјално нема такви случаи!


Доколку сте искусиле негативно искуство и сакате да го споделите со останатите родители може да нè контактирате на нашите медиуми.



  • 12. Побаравме информација дали вакцините го стимулираат имуниот систем на човекот и во случај на потврден одговор побаравме информација дали истото може предизвика несакани долготрајни последици!
  • 13. Побаравме информација од кои причини новороденчињата кои имаат одредени параметри на слаб имунитет не смеат да бидат вакцинирани! Дали тоа значи дека вакцината делува негативно на имуниот систем на детето?
  • 14. Побаравме информација дали вакцинираните деца имаат подобро развиен имунолошки систем и со тоа се помалку подложни на болести од децата кои НЕ се вакцинирани?

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на ова барање!

Заклучок: „Дали“? Родителите прашуваат, институциите не се надлежни, родителите се одговорни за своите деца!

Барањето за точките 12 – 14, ИЈЗ го проследија до ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, но и тие не доставија одговор.



  • 15. Побаравме информација за тоа кои сè други дополнителни мерки, освен имунизацијата, се преземаат од страна на надлежните институции за спречување, намалување или ублажување на појава на заразни болести!

Како надлежна институција во однос на овие барање се огласија ИЈЗ и ЦЈЗ

И двете институции нè упатија до Законот за заштита на населението за заразни болести, член 11-13

Дополнително, ИЈЗ дополни дека:

Општите и посебни мерки дадени во Законот се сублимат за превенцијата и контролата на СИТЕ заразни болести. Во однос на вакцино – превентабилните заболувања, НАЈДОБРА И ЕДИНСТВЕНА мерка која дава соодветни резултати е вакцинацијата

Заклучок: ИЈЗ НЕМА информација:

  • колку долго трае имунитетот развиен од вакцина, доколку воопшто постои таков,
  • дали производителот на вакцините навел во упатството дека е апсолутно безбедна за употреба, без никаков ризик по здравјето на детето,
  • која институција во нашата држава е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините
  • за несаканите и однапред непредвидени реакции од вакцината,
  • дали вакцинираните деца имаат подобро развиен имунолошки систем од невакцинираните деца, итн.,
  • НО, ИЈЗ ЗНАЕ дека во однос на вакцино – превентабилните заболувања, НАЈДОБРА И ЕДИНСТВЕНА мерка која дава соодветни резултати е вакцинацијата

Бидејќи институциите не располагаат со клучни информации за безбедноста и ефикасноста на вакцините, но ИЈЗ знае дека во однос на вакцино – превентабилните заболувања, НАЈДОБРА И ЕДИНСТВЕНА мерка која дава соодветни резултати е вакцинацијата, без притоа да приложи научно-базирани докази, останува да им ВЕРУВАМЕ!



  • 16. Побаравме информација за тоа дали во случај на вакцинирање со вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола, која е жива вакцина, во текот на долгогодишната пракса, има случаи детето да се разболи од сите три болести или барем една од оние од кои треба вакцината да го заштити, после примањето на вакцината или ревакцината!

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија ИЈЗ со следниот одговор:

Заклучок: Вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола („ретко“) може да предизвика заболување кај детето со некој од вирусите кои ги содржи вакцината, веднаш после вакцинацијата/ ревакцинацијата.

Дозволувајќи детето да биде вакцинирано, родителот имплицитно дава согласност согласно законот дека е информиран за ризиците од вакцината, меѓу другото, и дека е свесен дека неговото дете може да се зарази со некој од вирусите: мали сипаници, заушки или рубеола и со тоа ја презема одговорноста за последиците од истото.



  • 17. Побаравме информација дали доколку едно дете има прележано морбили, задолжително треба да прими тривалентна вакцина за морбили, рубеола и заушки! Секако, поткрепено со научни студии.

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија ИЈЗ со следниот одговор

За потврда на истото доставија линкови до следните две студии:

Заклучок: ИЈЗ НЕ одговори и на ова прашање! Имено, иако во одговорот, ИЈЗ тврдат дека „прележувањето на едната од трите болести од кои штити МРП вакцината не е пречка за понатамошна вакцинација на детето со МРП вакцината“, ИЈЗ пропуштија да достават релевантни научни студии за поткрепа на ваквото тврдење!

Во првата студија е опфатен преглед од ВАЕРС кај лица погрешно вакцинирани со дополнителна доза на вакцина во однос на вакциналниот календар, а во другата студија е опфатено истражување за ефектот од трета вакцина за време на епидемија кај двојно вакцинирани лица. И во двете студии НЕ се споменува реакцијата на вакцината кај лица со веќе прележана болест, односно лица кои се имуни на истата болест за која се вакцинираат – информација која беше побарана од институциите.

Со жалба преку АСПИ, ИЈЗ беше информиран за истото, но како одговор ПОВТОРНО ги доставија истите две студии кои во суштина не кореспондираат со барањето.



  • 18. Побаравме примерок од спроведените анализи на корист и ризик, а имајќи предвид дека ставот на медицинските лица е дека вакцините носат поголем бенефит отколку штета.

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија ИЈЗ и МАЛМЕД:

Одговорот од ИЈЗ, слично како и за претходното барање не е кореспондира со барањето, НО одговород од МАЛМЕД е запрепастувачки!

Иако преписката продолжи после овој одговор, ни беа испртени линкови од студии кои не се адекватни да одговорат на нашето прашање, а соодветните информации останаа ТАЈНА за родителите.

Заклучок: Научните студии кои ја „оправдуваат“ главната маркетингшка пропаганда за промоција на вакцините е КЛАСИФИЦИРАНА ТАЈНА. Докторите кои нè убедуваат дека користа од вакцините е поголема од штетата, не ги виделе научните студии кои го потврдуваат ова тврдење за вакцините со кои ги вакцинираат децата. ТИЕ САМО ПОВТОРУВААТ ОНА ШТО ИМ Е КАЖАНО! Тие само им веруваат на институциите!

Од родителите, исто така се очекува да ВЕРУВААТ во институциите! Од родителите, исто така се очекува да дадат ИНФОРМИРАНА согласност заснована на ВЕРБА, а НЕ на НАУЧНИ ДОКАЗИ! Од родителите, исто така се очекува да ПРЕЗЕМАТ ЦЕЛОСНА ОДГОВОРНОСТ за последиците од вакцините, на основа на ВЕРБА!

А зошто би можеле резултатите од анализата на корист и штета да бидат класифицирана тајна?



  • 19. Побаравме информација за СИДС – синдром на ненадејна смрт кај бебињата, кој во многу случаи според литературата се случува непосредно после вакцинација! Прашавме дали може да се исклучи поврзаност на СИДС и вакцината!
  • 20. Побаравме информација дали внесувањето на алуминиум, вируси растени на фетусни ткива, потенцијални алергени во еден здрав организам, претставува нанесување на телесни повреди!
  • 21. Побаравме информација кои се генетските предиспозиции на одредена група на деца кои не треба да се вакцинираат бидејќи може да добијат автоимуна болест и дали може за секое дете поединечно да се потврди дека не влегуваа во таа група на деца!

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на овие барања!

Заклучок: Институциите немаат информација дали СИДС е поврзана со вакцините, иако е воочена корелација меѓу двете, немаат информација за ефектите од состојките во вакцините врз телото на децата, немаат информација за поврзаноста на генетиката на децата со вакцините, но уверуваат дека вакцините се безбедни!

ИНФОРМИРАНАТА СОГЛАСНОСТ значи преземање одговорност за последиците од вакцината од страна на РОДИТЕЛОТ, иако институциите немаат клучни информации за безбедноста!

Барањето за точките 19 и 21, ИЈЗ го проследија до Институт за Имунобиологија и Хумана генетика и до ЈЗУ Клиника за детски болести – Скопје, но ниту една од двете институции не достави одговор.
Барањето за точка 20, ИЗЈ го проследија до Институт за судска медицина и криминалистика, но ниту тие не доставија одговор.



  • 22. Побаравме информација дали децата кои се штотуку вакцинирани, одреден временски период се преносители на болеста против која се вакцинирани!

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија ИЈЗ со следниот одговор:

Заклучок: Единствено децата вакцинирани со живи вакцини, одреден временски период се преносители на болеста против која се вакцинирани.

По поднесената жалба од здружението, ИЈЗ не достави одговор.






  • 23. Побаравме информација дали е вистинит податокот во Европа, дека полио – опв вакцината во екстремни случаи предизвикува долготрајна парализа и дали истото е исклучено со моментална вакцина против полио која се употребува!

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија ИЈЗ со одговор дека:

  • Во 2022 не е регистриран случај на циркулирачки полиовирус деривиран од вакцината
  • Со употреба на инактивирана полио вакцина (ИПВ) се исклучува ризикот од појава на детска парализа асоцирана со ИПВ во Европа
  • ИПВ е една од најбезбедните вакцини која се употребува денес, бидејќи не се покажаа сериозни системски несакани реакции после вакцинација.

Како доказ ИЈЗ доставија – студија за безбедност единствено за нова инактивирана вакцина која не се применува кај нас.

Заклучок: Целосен одговор не добивме ниту за ова барање

По поднесената жалба од здружението, ИЈЗ не достави одговор.






  • 24. Побаравме да наведат начин и назив на анализи со кои може да се докаже дали симптомите кои се развиени непосредно после вакцинирањето се или не се контраиндикација за следна ревакцинација

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на ова барање!

Заклучок: Доколку вашето дете има реакција после вакцинација, институциите немаат информација како и со кои анализи ќе утврдат дали симптомите кои се развиени претставуваат рекација од вакцина кој укажува на зголемен ризик при ревакцинација

ИНФОРМИРАНАТА СОГЛАСНОСТ значи дека ЗНАЕТЕ кои се „релевантните институции“ кои ќе ви дадат стручно мислење по однос на истото во ваков случај!

Во однос на барањето за точка 24, Министерството за здравство, одговори:

Сепак, останатите институции информираа дека МЗ е надлежно по однос на ова прашање.




  • 25. Побаравме информација за називот на институциите или поединци кои пред законот одговараат за несаканите последици после вакцинирањето.

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на ова барање!

Заклучок: Не постојат институции или поединци кои пред законот одговараат за несаканите последици после вакцинирањето.

Со ИНФОРМИРАНАТА СОГЛАСНОСТ, родителите се согласуваат дека за несаканите последици после вакцинирањето СИТЕ ИНСТИТУЦИИ и ПОЕДИНЦИ се ослободени од ОДГОВОРНОСТ!



  • 26. Побаравме информација за називот на институциите или поединци кои пред законот одговараат за несаканите последици после вакцинирањето.

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија МЗ со следниот одговор:

Заклучок: Покрај сите други парично ненадоместливи последици, во случај на повреда од нуспојави како последица од вакцина, ЕДИНСТВЕНО РОДИТЕЛОТ ќе ги сноси и материјалните издатоци за настанатите последици.

Со ИНФОРМИРАНАТА СОГЛАСНОСТ, родителите се согласуваат на истото.



  • 27. Побаравме информација за количината на алуминиум која едно дете ќе ја прими во првата година и до петтата година кумулативно според Календарот на имунизација, како и доказ за безбедноста на таквите количини!

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА по однос на ова барање!

Заклучок: Институциите немаат информација за количината на алуминиум која едно дете ја прима кумулативно низ процесот на вакцинација и дали таквата количина која не се однесува на безбедноста на поединечна вакцина е испитана и безбедна!



  • 28. Побаравме информација дали според закон, докторот е обврзан да поднесе Барање до стручниот тим за контраиндикации за утврдување на трајни и привремени последици откако ќе настане реакција од примената вакцина и во случај на позитивен одговор која е казната за неисполнување на обврската!

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија МЗ и ИЈЗ

И двете институции информираа дека согласно Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, докторот кој ќе утврди постоење на поствакцинална компликација, секој поединечен случај ВЕДНАШ ГО ПРИЈАВУВА (по телефон, факс, електронска пошта) до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ

Притоа, ИЈЗ информира дека:

Заклучок: Докторот има ОБВРСКА согласно закон да ги пријави сите трајни и привремени последици откако ќе настане реакција од примената вакцина!

Значителен е бројот на родители кои се обраќаат до нашето здружение бидејќи докторот НЕ САКА да ги пријави несаканите реакции од вакцината за кои родителот укажува дека се случуваат кај неговото дете. Наместо извршување на законската обврска, родителите биваат одбивани и убедувани дека реакцијата за која родителот информира НЕ Е од вакцината, иако и лесно зголемена температура треба да биде пријавена!

Согласно член 155-б од Законот за лекови:

Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на здравствен работник, ако не го извести правното лице од членот 87 став 2 од овој закон за сите несакани реакции или настани или во случај за сомневање за несакана реакција или настанво согласност со овој закон.



  • 29. Побаравме информација дали детето пред да биде вакцинирано ќе биде детално прегледано! Дали во тој преглед се вбројува и анализата за можните алергиски реакции на состојките на вакцината! Која е постапката со која медицинските лица потврдуваат и гарантираат дека детето не е алергично на ниту една компонента во вакцината!

Како надлежна институција во однос на ова барање се огласија МЗ и ИЈЗ

И двете институции информираа дека согласно Закон за заштита на населението од заразни болести, вакцинацијата ја врши доктор по медицина во здравствена установа за вршење на вакцинацијата овластена од министерот за здравство.

Сепак, и двете институции се прогласија за ненадлежни по однос на останатиот дел од барањето.

Заклучок: Законот пропишува и институциите знаат дека на вакцинацијата ѝ претходи претходен процес на преглед од страна на докторот, но каков треба да биде тој преглед ИНСТИТУЦИИТЕ НЕ СЕ ИНФОРМИРАНИ. Одговорноста ја префрлуваат на докторите кои ја спроведуваат вакцинацијата!

При следна вакцинација, поставете ги овие прашања на докторот кој треба да ја спроведе вакцинацијата!



  • 30. Побаравме информација дали докторот со своерачен потпис гарантира дека ги отстранил сите потенцијални здравствени препреки кои евентуално би придонеле за несакани реакции од вакцината!
  • 31. Побаравме информација и медицински докази врз основа на кои медицински се потврдува дека детето нема да има нарушено здравје во иднина како резултат на примената вакцина!
  • 32. Побаравме информација за тоа која институција/лице е надлежно да обезбеди целосни информации во писмена форма на барање на родител, со цел давање информирана согласност за вакцинација на детето! Побаравме информација и за начинот на кој овие информации може да се обезбедат доколку здравствената установа или медицинското лице го попречува остварувањето на ова законско право. Исто така, побаравме и информација дали вакцинацијата може да се ОДБИЕ доколку родителот не ги добие бараните информации, односно не му се обезбеди остварување на законското право за информирање
  • 33. Побаравме информација за тоа кој гарантира и соодветно потврдува дека детето нема да има несакана реакција на вакцината или контраиндикација!

НИТУ ЕДНА институција НЕ се огласи дека Е НАДЛЕЖНА и по однос на овие барања!




КРАТКО РЕЗИМЕ


Што научивме од одговорите на институциите? (10 избрани информации)


  1. Писмени информации за вакцините, родителите може единствено да добијат од т.н. упатства за пациентот и збирни извештаи кои содржат информации од оригиналните упатства за вакцините издадени од производителот, а кои институциите одлучиле дека се доволни за родителите. Оригиналните упатства од производителите на вакцини кои се пуштени во промет со цел вакцинација на деца до навршена 14-годишна возраст и на основа на кои се врши одобрување на вакцината се КЛАСИФИЦИРАНА ТАЈНА до која РОДИТЕЛИТЕ и ДОКТОРИТЕ НЕМААТ ПРИСТАП,
  2. Научните студии врз кои е заснован слоганот за промоција на вакцините „вакцините носат поголем бенефит отколку штета“, исто така се КЛАСИФИЦИРАНА ТАЈНА. До нив немаат пристап ниту докторите кои нè убедуваат дека е така.
  3. Институциите НЕ одговараат дали и кои активни супстанци, материи или компоненти, кои според закон се категоризирани како ОПАСНИ, КАНЦЕРОГЕНИ, ТЕРАТОГЕНИ, МУТАГЕНИ, КОРОЗИВНИ или др., се дел од составот на вакцините, додека за АЛУМИНИУМОТ, ФОРМАЛДЕХИДОТ, АНТИБИОТИЦИТЕ, ЖИВАТА ИЛИ ГЕНЕТСКИОТ ИЗМЕНЕТ МАТЕРИЈАЛ кои се потенцијално содржани во вакцините, институциите ги упатуваат родителите да се информираат во упатствата за пациентот и збирните извештаи,
  4. НИТУ ЕДНА институција НЕ Е НАДЛЕЖНА да обезбеди информација дали сепак после вакцинација на детето со цел заштита од некој вид на вирус, детето може да заболи од соеви на вирусот кои не се дел од вакцината,
  5. НИТУ ЕДНА институција НЕ ПОТВРДИ дека е надлежна и овластена да гарантира за квалитетот на вакцините!,
  6. НИТУ ЕДНА ИНСТИТУЦИЈА (дури и МАЛМЕД која дава одобрение за ставање на вакцините во промет), НЕМА ИНФОРМАЦИЈА дали производителот на вакцините навел во упатството дека е апсолутно безбедна за употреба, без никаков ризик по здравјето на детето,
  7. НИТУ ЕДНА ИНСТИТУЦИЈА НЕМА ИНФОРМАЦИЈА дали со вакцинацијата заштитата против вирусот за кој се вакцинира ќе биде долготрајна во случај на изложеност на детето на вирусот против кој се вакцинира,
  8. Единствен доказ за квалитеот и безбедноста на вакцините кои се пуштени во промет е одобрението од МАЛМЕД донесено врз основа на КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ. МАЛМЕД и ниту една друга институција не следи што се случува со вакцинираните деца после пуштање на вакцините во промет! НИТУ ЕДНА институција не располага со информација за НЕГАТИВНИ ИСКУСТВА со деца кои се вакцинирани во последните 5 години,
  9. НИТУ ЕДНА институција НЕМА информација дали вакцинираните деца имаат подобро развиен имунолошки систем и со тоа се помалку подложни на болести од децата кои НЕ се вакцинирани, и
  10. НИТУ ЕДНА институција НЕ Е НАДЛЕЖНА и НЕ Е ОДГОВОРНА за евентуалните последици кои може да ги сноси вакцинираното ДЕТЕ!

Дозволувајќи детето да биде вакцинирано, родителот согласно закон дава ИНФОРМИРАНАТА СОГЛАСНОСТ и со тоа:

  • Потврдува дека упатството за пациентот, збирниот извештај за вакцината со која се вакцинира неговото дете, како и усните информациите од докторот, му обезбедуваат доволни информации за донесување информирана согласност за вакцинација.
  • Потврдува дека одговорноста ја презема на основа на ВЕРБА во институциите кои од него ги кријат сите научни релевантни истражувања во кои детално се опишани вакцините, како и анализите за користа наспроти штетата од вакцините.
  • Потврдува дека e целосно свесен дека: производителот, докторот, надлежните институции НЕ преземаат НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ во случај на последица од вакцина и дека ТОЈ презема ЦЕЛОСНА ОДГОВОРНОСТ, односно:
    • Презема целосна одговорност и гарантира дека вакцината е безбедна за неговото дете;
    • Презема целосна одговорност и гарантира дека неговото дете не е алергично на некојa од состојките во вакцината;
    • Презема целосна одговорност дека имунолошкиот систем и генетиката на детето при апликација на вакцината е во состојба која нема да доведе до влошување на здравствена состојба како последица од вакцината;
    • Презема целосна одговорност за последиците доколку детето заболи од вирусот во вакцината против кој е вакцинирано;
    • Презема целосна одговорност доколку неговото здраво дете стане „дете оштетено од вакцина“.

Право на пристап до информации од јавен карактер

  • Гарантирано согласно Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
  • Дорегулирано со Упатството за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
  • Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер (АСПИ)
  • Сепак, поради недореченост во прописите процесот не е заокружен и повторно институциите злоупотребувајќи го истото не обезбедуваат информации кои се од јавен интерес
  • Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, тоа што ни преостанува како алатка за делување е: прекршочна казна во износ од 250 евра (само за службените лица, не и за одговорните). Неколкумина правници советуваа дека следна инстанца е Државниот Управен Инспекторат кој ќе постапи слично како и Агенцијата, ќе бара изјаснување од институцијата и потоа може да изрече и казна.

Повик за здружување



Вакцинацијата како и секоја друга медицинска интервенција носи ризик – тоа ќе ви го каже секој доктор и секое медицинско лице. Поради тоа, за секоја медицинска интервенција, вклучително и вакцинацијата, законот забранува истата да биде спроведена без наша СОГЛАСНОСТ, со која всушност ТИЕ се ослободуваат, а НИЕ преземаме ЦЕЛОСНА ОДГОВОРНОСТ за последиците од ризикот кој го носи медицинската интервенција. Токму тоа е причината зошто вакцинацијата мора да биде, и е, ПРАВО НА ИЗБОР.

Кога има ризик, мора да има избор!

Здружение за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје


https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/1_Барањезаслободенпристапдоинфоодјавенкарактеринфоза_вакцини.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/2.-Одговор-МАЛМЕД.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/2.-Одговор-Фармацевтски-факултет.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/3.-Жалба-1-ЈЗУ-Институт-за-јавно-здравје.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/4_ОдговорИнститутзајавноздравје-с-одговори.doc

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/4-Одговор-ИЈЗ.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/4_ОдговорИнститутзајавноздравје-с-одговори.doc

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/4-Одговор-МЗ-1.jpg

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/4-Одговор-МЗ-2.jpg

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/5-Втора-жалба-МАЛМЕД.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/5-Жалба-2-ИЈЗpdf.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/5-Жалба-2-МЗpdf.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/7-Одговор-ИЈЗ-08-1979-1.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/7-Одговор-ИЈЗ-08-1979-1.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/допис-1.jpeg

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/допис-2.jpeg

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/8-Дополнување-на-жалба-2-ИЈЗ.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/9.-Мериторно-решение-ИЈЗ.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/10.-Odgovor_Zdruzenie-od-nas-za-nas_06.09.2022.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/10.-Resenie-za-postapuvanje-po-baranje_06.09.2022.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/11.-Preprakjane_MZ.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/11.-Preprakjanje-do-Institut-IHG.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/11.-Preprakjanje-do-KDB.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/11.-Preprakjanje-do-MALMED.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/11.-Preprakjanje-do-Sudska-medicina.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/12.-Жалба-2-после-Решение.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/Втора-Жалба-Агенција-за-лекови-и-медицински-седства.docx

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/Дополнување-на-втора-жалба.pdf

https://www.odnaszanas.com/wp-content/uploads/2024/02/12_БарањезапрекршочнапостапкаИЈЗ.pdf