Упатство за постапка во училишта – маски

Почитувани родители,

Информациите од терен се дека сѐ повеќе родители и ученици веќе не можат да прифатат да носат маски/прекривки за време на училишната настава, особено во услови кога не ни се нудат веродостојни докази дека маската/прекривката придонесува за спречување на ширењето на зараза предизвикана од причинителот САРС-КОВ-2, како и за измерениот коефициент корист/штета од носењето на истите.

НАПОМЕНА: Ве молиме осигурајте се дека сѐ што ќе преземете не е само ваша волја, туку истовремено е волја и на вашето дете.

Здруженијата ОД НАС ЗА НАС Скопје и СЛОБОДА И ПРАВДА Струмица, заедно изготвија неколку предлог документи кои можете да ги користите доколку се одлучите да преземете чекори.

Чекор 1. Најпрво би било потребно официјално во Архива да се поднесе Известување дека не се согласувате вашето дете да носи маска/прекривка, да не биде дезинфицирано со средства за кои исто така не знаеме дали го спречуваат ширењето на заразата со САРС-КОВ-2, да не се вршат тестирања врз него, ниту пак дозволувате вакцинација без ваша согласност.

Доколку вие и вашето дете сте одлучни да го направите чекор 1, тогаш го симнувате документот ИЗЈАВА МАСКИ, ТЕСТИРАЊЕ, ВАКЦИНИ – УЧИЛИШТА овде:

Ве молиме прочитајте го внимателно. Доколку се согласувате со напишаното, тогаш пополнувате ЧЕТИРИ примероци и СИТЕ ги носите во Архивата на училиштето. Еден архивиран примерок треба да ви биде вратен назад, кој служи како доказ за поднесувањето.

Доколку немате пристап до училиштето, тогаш подготвувате ТРИ примероци и ги испраќате препорачано по пошта. Документот од пошта го чувате како доказ за испратената и примена пратка.

НАПОМЕНА: Не очекувате да добиете одговор на вашиот поднесен документ. Службите најчесто го третираат документот како Барање на кое треба да дадат одговор и тој одговор е негативен. Во случајов само известувате и не чекате одговор. Ако имате прилика, нагласете им го тоа. Исто така, нагласете дека очекувате сите дежурни наставници и одделенски/класни раководители да бидат известени.

Од утредента или истиот ден детето влегува и седи на час без маска/прекривка.

Чекор 2. Овој чекор се презема доколку имате проблем во врска со спроведување на вашите барања поднесени во Изјавата од Чекор 1.

Доколку имате и понатаму проблеми, односно го исфрлаат вашето дете од час, тие му даваат маска и го присилуваат да ја носи и слично, тогаш:

-собирате докази (одите со сведоци, или пак се снимате себеси велејќи им дека родителот е тој кој одлучува за здравјето на детето, не воспитно-образовната институција). Покажете им го документот од Чекор 1 кој веќе сте го поднеле во Архива, како и документот од Чекор 2 кој би го поднеле доколку продолжат да не ја почитуваат вашата и волјата на вашето дете.

НАПОМЕНА: Смеете да се снимате само себеси со слика, гласовите може да се слушаат.

-поднесувате во Архива уште еден документ, следново Барање:

Додека добиете одговор на Барањето под точка 2, продолжувате детето да го носите како што сте изјавиле и очекувате да се почитува вашата и волјата на вашето дете.

Чекор 3. Овој чекор се презема доколку и покрај поднесените Изјава и Барање од Чекор 1. и 2, сѐ уште не се почитува вашата и волјата на вашето дете. Доколку и понатаму кадарот се осудува да исфрли дете од настава, да го спречи да влезе и слично, односно се прекршува Уставно загарантираното право на детето да следи настава и не се почитува волјата на родителот и детето за неносење на маска/прекривка, тогаш трет чекор би било преку собраните докази да поведете кривична пoстапка. Детали за овој чекор ќе следуваат. Во меѓувреме собирате докази.

Ве молиме информирајте нѐ за вашите активности и потреби на е-пошта info@odnaszanas.com или на ФБ страницата на Здружението.


Прочитајте ја обемната рецензирана литература во следниве документи, статии и линкови:



Станете член на здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје

#ЗаедноСмеПосилни