Вакцините Можат Да Бидат И Се Поттикнувачи На Аутизмот 

Биле испитувани спорадични (не-наследени) случаи за да се идентификуваат генетичките локуси (заб. локус генетички е специфичната местоположба на даден ген или ДНК-низа во хромозомот) вклучени во аутизам. Значаен дел од аутизмот може да биде со висок степен на наследност, но да не биде наследен – т.е. мутацијата што предизвикува аутизам не е присутна во родителскиот геном.


Од Националниот институт за истражување на геномот, е следново објаснување:

Научниците не се сигурни што предизвикува аутизам, но многу е веројатно дека како и генетиката, така и околината играат улога.

Причините за аутизмот можат да бидат поделени на „идиопатски“ (од непозната причина) што се поголемиот дел од случаите, и „секундарни“ каде што може да се идентификува абнормалност на хромозом, пореметување на одделен ген или некој причинител од околината. Околу 15 проценти од индивидуите со аутизам можат да се дијагностицираат со секундарен аутизам, а останатите 85 проценти имаат идиопатски аутизам.

Изложеноста на рубеола, валпроична киселина или талидомид за време на бременост е потврдена причина за секундарен аутизам. Сепак, останува нејасно дали тие што ќе развијат аутизам по таква изложеност исто така имаат и генетска предиспозиција.

Потрагата по нови причинители од околината за секундарен аутизам е фокусирана главно на имунизацијата на децата која се прави во времето кога се забележува регресивното аутистично однесување. Испитувани се вакцините и живата во тимеросал, кој е користен како презерватив во некои рутински вакцини до 2001 година, меѓутоа, не се пронајдени научни докази за врската меѓу вакцините и аутизмот.

Ризикот брат или сестра на дете кое има идиопатски аутизам исто така да развие аутизам изнесува околу 4 проценти, плус дополнителни 4 до 6 проценти за поблаги состојби што вклучуваат говорни, социјални или симптоми во однесувањето. Браќата имаат поголем ризик (околу 7 проценти) да развијат аутизам, плус дополнителни 7 проценти за поблаги симптоми од аутистичниот спектар, во однос на сестрите чиј ризик е само 1 до 2 проценти. Кога причината за аутизам е абнормалност на хромозом или променет ген, ризикот другите браќа и сестри исто така да имаат аутизам ќе зависи од специфичната генетска причина“.

Илјадници родители ги опишуваат своите деца како сосема нормални и „во ред”, а потоа тие дечиња одеднаш развиваат аутизам (невролошка регресија) после вакцинација.

Што вели науката за тоа? Се согласува…

Меѓутоа прво да ги видиме бројките. Зголемувањето на бројот на аутистични деца во последните 3 децении е навистина шокантно. Пред 1980-те години оваа дијагноза беше толку ретка што не беше ниту следена. Се сеќавате ли на легендарниот филм со Дастин Хофман, Дождовниот човек? Пред тој филм да излезе во раните 1980-ти многумина не знаеја што е тоа аутизам.

Во тоа време 1 дете на 8000 било дијагностицирано со аутизам, до средината на 1990-те 1 на 1000, но до средината на 2000-те бројката се зголемила на 1 на 250 деца. Епидемијата продолжува, па во 2017 година Националниот центар за статистика на здравјето на САД излезе со најнов извештај дека 1 дете на 36 појавува некој од симптомите на аутистичниот спектар. Овде може да го прочитате официјалниот извештај. Овие вртоглаво високи стапки јасно покажуваат дека во САД владее вистинска епидемија на аутизам. Па, што е аутизам? Аутизмот е оштетување на мозокот испровоцирано од воспаление на мозокот кое лесно може да биде испровоцирано од тешките метали што се користат во вакцините како адјуванти. Токму онака како што многу родители биле сведоци што им се случило на нивните деца.

Докторите обично не признаваат одговорност и негираат било каква поврзаност на аутизмот со вакцините што ги даваат, кажувајќи дека аутизмот е генетски наследна болест. Но, аутизмот дури се наоѓа и во листата на можни реакции (или нус-појави) на некои вакцини. Жално е што докторите воопшто не ги читаат тие листови што ги има во вакцините, ставајќи го маркетингот на фармацевтските компании пред и над вистинската наука.

Па, ајде да се свртиме кон таа наука што не е финансирана од фармацевтската индустрија која ги продава вакцините, но не само нив, туку и лековите што потоа ги продава на децата оштетени од отровите кои вакцините ги содржат. 

Постојат многубројни студии што ја поврзуваат појавата на аутизмот со вакцинацијата, како и студии кои ја поврзуваат популарната состојка во вакцините, алуминиумот со невролошката регресија (аутизам и Алцхајмерова болест). Студиите прочитајте ги тука и тука.

Извор