Зошто имунолошкиот систем на децата може да се справи со КОВИД и како вакцините можат да го компромитираат нивниот природен имунолошки одговор

Со оглед на речиси „нула“ ризикот што КОВИД го носи за децата, а врз основа на научните докази, епидемиологот и истражувач д-р Пол Елијас Александар, вели дека „играме опасна игра и го слабееме порано здравиот робустен имунолошки систем“ – објавено на страната на Children’s Health Defense, 28.10.2021.


Д-р Александар е епидемиолог и бил професор по клиничка епидемиологија, медицина базирана на докази и методологија на истражување. Александар е поранешен доцент на Универзитетот Мекмастер по медицина базирана на докази и методи на истражување; поранешен советник за синтеза на докази за пандемијата на КОВИД на СЗО-ПАХО Вашингтон, (2020) и поранешен виш советник за политиката за пандемијата на КОВИД во Health and Human Services (HHS), (секретар) – Владата на САД.

Александар бил назначен во 2008 година во СЗО како регионален специјалист/епидемиолог во Европската регионална канцеларија во Данска. Работел за владата на Канада како епидемиолог 12 години, назначен за канадски епидемиолог на терен (2002-2004) како дел од меѓународен CIDA финансиран, Health Canada проект за ТБ/ХИВ ко-инфекција и контрола на МДР-ТБ (вклучувајќи ги Индија, Пакистан, Непал, Шри Ланка, Бангладеш, Бутан, Малдиви, Авганистан, објавени во Катманду). Од 2017 до 2019 година е вработен во Здружението за инфективни болести на Америка (IDSA), Вирџинија – САД како обучувач за развој на упатства за систематски преглед на мета-анализи за синтеза на докази. Во моментов е консултант-истражувач за КОВИД-19 во истражувачката група US-C19.


Објавените докази се убедливи: Ризикот од тешка болест или смрт од КОВИД-19 кај здрави деца е речиси нула (статистичка нула).

Овие докази се акумулираат повеќе од една година – всушност, тоа го знаеме повеќе од 19 месеци. Ризиците очигледно ги надминуваат придобивките од вакцинацијата против Ковид за малите деца.

Доказите подолу кои се однесуваат на децата (вклучувајќи го и ризикот од самата инјекција) помагаат да се објасни зошто децата не се кандидати за вакцините за КОВИД и зошто тие можеби се имуни – и на тој начин може да се сметаат за „целосно вакцинирани“.

5 причини зошто децата мора да се сметаат за веќе вакцинирани:

1 ) Вирусот го користи ACE 2 рецепторот за да добие влез во клетката домаќин, а ACE 2 рецепторот има ограничена (помала) експресија и присуство во носниот епител кај малите деца (потенцијално во горните респираторни дишни патишта).

Ова делумно објаснува зошто децата на прво место имаат помала веројатност да бидат инфицирани, а помала е веројатноста да го пренесат вирусот на други деца или возрасни, па дури и тешко да се разболат. Биолошкиот молекуларен апарат едноставно го нема во назофаринксот на децата како што е наведено во оваа студија во JAMA и ова истражувачко писмо.

Со заобиколување на оваа природна заштита (ограничени назални ACE 2 рецептори кај малите деца) и навлегување во делтоидот на рамото преку вакцината, содржината на вакцината, мРНК-та и течните наночестички (на пр. PEG) и шилестиот протеин генериран од вакцината, може да ја оштети ендотелната обвивка на крвните садови (васкулатура) и предизвикуваат тешки алергиски реакции (на пример видете овде, овде, овде, овде, овде).

2) Пред-активираниот антивирусен вроден имунитет во горните дишни патишта на децата работи на контрола на раната инфекција на САРС-КоВ-2, „што резултира со посилен ран вроден антивирусен одговор на инфекцијата САРС-КоВ-2 отколку кај возрасните“.

Неодамнешните истражувања го продлабочуваат нашето разбирање за овој природен тип на биолошка/молекуларна заштита.

3) Кога некој е вакциниран или природно се инфицира, ова го поттикнува формирањето, ткивната дистрибуција и клоналната еволуција на Б-клетките, што е клучно за кодирање на хуморалната имунолошка меморија.

Неодамнешното истражување објавено во Science покажува дека крвта на децата, земена пред пандемијата на КОВИД, има мемориски Б-клетки кои можат да се врзат за САРС-КоВ-2. Ова истражување ја сугерира моќната улога на изложеноста во раното детство на корона вируси (обична настинка).

Ова е поддржано од Матеус и сор., кои известуваат за меморијата на Т-клетките на претходните корона вируси кои предизвикуваат обична настинка (вкрстена реактивност/вкрстена заштита).

4) Друга студија, која се надоврзува на претходните истражувања, сугерира дека причината зошто децата можат полесно да го неутрализираат вирусот е тоа што нивните Т-клетки се релативно наивни.

Истражувачите тврдат дека со оглед на тоа што детските Т-клетки се претежно необучени, тие на тој начин можат имунолошки да реагираат и оптимално да се диференцираат побрзо и поагилно, за да добијат посилен одговор на нови вируси.

5) Децата и возрасните покажуваат многу разновидни и различни реакции на имунолошкиот систем при инфекцијата со САРС-КоВ-2, што помага да се објасни зошто имаат многу помала стапка на болест или смртност од КОВИД.

Извештајот на Универзитетот Јеил во списанието Science Translational Medicines покажува:

„Од најраните денови на епидемијата со КОВИД-19, научниците забележаа дека децата инфицирани со вирусот имаат тенденција да поминуваат многу подобро од возрасните… Истражувачите објавија дека нивоата на две молекули на имунолошкиот систем – интерлеукин 17А (IL-17A), кој помага во мобилизирање на одговорот на имунолошкиот систем за време на раната инфекција и интерферон гама (INF-g), кој се бори против вирусната репликација – беа силно поврзани со возраста на пациентите. Колку е помлад пациентот, толку се повисоки нивоата на IL-17A и INF-g, анализата покажа… овие две молекули се дел од вродениот имунолошки систем, попримитивен, неспецифичен тип на одговор активиран рано по инфекцијата“.

Здравствените власти знаат дека KОВИД речиси не претставува никаков ризик за децата

Центaрот за контрола и превенција на болести, Националниот институт за здравје и Управата за храна и лекови на САД ја знаат стабилноста и јасноста на податоците во однос на минималниот или каков било ризик за децата.

Јасно е дека децата се изложени на многу низок ризик да ја пренесат инфекцијата на други деца, да го шират вирусот на возрасни (како што се гледа во студиите за пренесување во домаќинството), или да го однесат вирусот дома или да се разболат и/или да умрат – ова е решено и постојат научни глобални докази.

Децата се помалку изложени на ризик да развијат тешка болест, а исто така се многу помалку подложни и веројатно да шират и да пренесуваат САРС-КоВ-2 (референци 1, 2, 3, 4).

Ова имплицира дека секое масовно инјектирање/инокулација, па дури и клинички испитувања, на деца со таков речиси нула ризик од ширење и болест/смрт е контраиндицирано, неетички и потенцијално поврзано со значителна штета.

Тим од истражувачи на Џонс Хопкинс неодамна објави дека кога разгледале група од околу 48.000 деца во САД инфицирани со вирусот, не откриле (нула) смртни случаи од КОВИД кај здравите деца.

Д-р Марти Макари посочи дека неговиот тим работел со непрофитната организација FAIR Health за да анализира приближно 48.000 деца под 18 години дијагностицирани со КОВИД во податоците за здравственото осигурување од април до август 2020 година.

По проучувањето на сеопфатни податоци за илјадници деца, тимот „пронајде стапка на смртност од нула кај децата без претходно постоечка медицинска состојба, како што е леукемија“.

Што најдовме со подетална анализа

Со оваа позадина, на прво место знаевме за многу нискиот ризик за децата, но сакавме научна документација (молекуларна/биолошка) за тоа зошто постоел овој низок ризик, за да помогне во поддршката на нашиот аргумент против инјекциите за КОВИД кај нашите деца – особено со дадените докази од Висконсин, врз основа на студија на 36 држави, покажувајќи дека вакцинираните лица можат да го исфрлат/шират вирусот.

Студијата покажа дека 158 од 232 (68%) случаи на КОВИД се случиле кај невакцинирани лица, а 156 од 225 (69%) се случиле кај целосно вакцинирани и симптоматски лица.

Студијата во Висконсин сугерира дека сегашните вакцини не функционираат со доминантната варијанта делта и нема разлика помеѓу вакцинираните и невакцинираните (симптоматски) во заразувањето, колонизирањето, носењето и пренесувањето на КОВИД. Ова не е теоретски ризик – овие податоци даваат јасен пример за реален ризик.

Врз основа на доказите, вакцините не делуваат против хипер-доминантната варијанта Делта (податоците од ОК, Израел и САД јасно го покажуваат тоа), а варијантата делта учи како да напредува против вакцината.

Според една студија пред издавање од Acharya et al и друга од Riemersma et al, вакцинираните покажуваат многу високо вирусно оптоварување, слично на невакцинираните, а вакцинираните се подеднакво заразни како и невакцинираните.

Еден водечки израелски здравствен функционер објави дека вакцинираните се 95% од тешките случаи и 90% од новите хоспитализации поврзани со КОВИД. Слична ситуација се појавува и во САД, на пример во Њујорк, каде се пријавени нови инфекции/случаи меѓу вакцинираните.

Која е тогаш придобивката од суб-оптималните вакцини кај децата кои се со толку низок ризик на прво место? Кога и самата вакцина ќе предизвика штета?

Што значи сето ова?

Помеѓу нивната млада возраст и силниот вроден имунитет и оваа можност да се опорават од КОВИД, децата не треба да ја примаат вакцината.

Д-р Герт Ванден Боше пишува дека вродениот имунитет на децата:

„… нормално/природно во голема мера ги заштитува и обезбедува еден вид колективен имунитет со тоа што го разредува инфективниот притисок на САРС-КоВ-2 на ниво на популација, додека масовната вакцинација ги претвора во распространувачи на повеќе инфективни варијанти“.

„Децата кои ја добиваат болеста најчесто развиваат блага до умерена болест и како резултат на тоа продолжуваат да придонесуваат за колективниот имунитет со развивање на широк и долготраен имунитет“.

Ова, и врз основа на сето горе наведено, затоа велам оставете ги нашите деца на мира!

Оставете ги да одат на училиште и да живеат главно неограничени животи. Нека дише нивниот имунолошки систем и повторно секојдневно да се подесува.

Играме опасна игра и го слабееме претходно здравиот робустен имунолошки систем. Запрете го лудилото со фокус на нискоризичните деца во оваа болест и фокусирајте се на високоризичните групи каде што треба да биде фокусот.

Повикувам на пауза барем на администрацијата на овие вакцини во целост додека не ги откриеме безбедносните проблеми. Мора да има дефинитивно „не“ за давање на која било од овие инјекции кај децата.

Ако родителите треба да ги одведат децата од училиште поради наложување за вакцини, тогаш извадете ги од училиште. Има премногу ризик за вашето дете – вклучувајќи појавување на потенцијално доживотен инвалидитет и смрт.

Автор : Д-р Пол Е. Александар