ЦКБ и СЗО:„Вакцинираните веројатно можат исто толку да го шират КОВИД како и невакцинираните“, во ек на зголемените извештаи за сериозни повреди по вакцинирање

Притисокот за вакцинација против КОВИД насекаде во светот продолжува. Несаканите реакции се игнорираат, а излегуваат сѐ повеќе потврдни информации за инфицирани вакцинирани лица, како и сѐ повеќе потврди дека вакцинираните лица против КОВИД можат да го шират вирусот исто како и невакцинираните. Впрочем и самите студии од производителите на вакцини, не беа дизајнирани за да го проследат можното ширење на вирусот од страна на вакцинираните. Бројот на несакани реакции од овие вакцини е значително поголем од очекуваното, но сепак се продолжува со експериментот и кај деца над 12 години.


Children’s Health Defense ги објави последните информации од ВАЕРС за несаканите дејства од КОВИД вакцините, како и последните објави на ЦКБ.

Вкупни податоци за несакани реакции од КОВИД вакцините во САД, според ВАЕРС:

Податоците објавени на 30.7.2021 од Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦКБ) покажаа дека вкупните извештаи за сериозни повреди по вакцинација против КОВИД, кај сите возрасни групи, се зголемени од 14.717 на 63.000, во споредба со претходната седмица. Податоците доаѓаат директно од извештаите доставени до Системот за известување за несакани настани од вакцини (VAERS), систем примарно финансиран од владата на САД, со цел известување за несакани реакции од вакцини.

Секој петок, ВАЕРС ги објавува сите извештаи за повреди од вакцини добиени на одреден датум, обично околу една седмица пред датумот на објавување. Извештаите доставени до VAERS бараат дополнителна истрага пред да се потврди причинско -последичната врска.

Податоците објавени неодамна, покажуваат дека помеѓу 14 декември 2020 година и 23 јули 2021 година, вкупно 518.770 несакани настани биле пријавени во ВАЕРС, вклучувајќи 11.940 смртни случаи – зголемување од 535 во споредба со претходната недела. Во истиот временски период беа пријавени 63.102 сериозни повреди – 14,717 повеќе во споредба со претходната седмица.


Резултати од пребарувањето на ВАЕРС, поврзани со КОВИД вакцините

Со исклучок на „сомнителни извештаи“ поднесени во ВАЕРС, во САД се пријавени 435.007 несакани дејства, вклучувајќи 5.612 смртни случаи и 34.890 сериозни повреди.

Во Соединетите Американски Држави, 340,4 милиони дози на вакцина против КОВИД беа примени до 23 јули. Од нив: 137 милиони дози на вакцина Модерна, 189 милиони дози Фајзер и 13 милиони дози на вакцината Џонсон и Џонсон. Од 5.612 смртни случаи во САД пријавени до 23 јули, 14% се случиле во рок од 24 часа по вакцинацијата, 20% се случиле во рок од 48 часа по вакцинацијата и 34% се случиле кај луѓе кои веќе имале појава на симптоми во рок од 48 часа откако биле вакцинирани.

Податоците на САД оваа седмица за деца од 12 до 17 години покажуваат:

Вкупно 15.086 несакани настани, вклучувајќи 909 оценети како сериозни и 16 пријавени смртни случаи – еден помалку од она што го покажа VAERS минатата недела. Два од деветте смртни случаи беа самоубиства.

Најновите пријавени смртни случаи вклучуваат 13-годишно момче (VAERS ID 1463061) кое почина откако прими вакцина Модерна, 16-годишно момче ( VAERS ID 1466009) кое почина откако ја прими втора доза Фајзер и 16-годишно момче (VAERS ID 1475434) кое почина со зголемено срце шест дена откако ја прими својата прва доза Pfizer.

Други извештаи вклучуваат две 13-годишни момчиња (VAERS ID 1406840 и 1431289) кои починаа два дена по примањето на вакцина Pfizer, три 15-годишници (VAERS ID 1187918, 1382906 и 1242573), три 16-годишници ( VAERS ID 1420630, 1225942 и 1386841) и три 17-годишници (VAERS ID 1199455, 1388042 и 1420762).

2.223 пријави за анафилакса кај деца од 12 до 17 години со 99% од случаите се припишува на вакцината на Фајзер.

394 извештаи за миокардитис и перикардитис (воспаление на срцето) со 390 случаи кои се припишуваат на вакцината на Фајзер.

72 извештаи за нарушувања со згрутчување на крвта, при што сите случаи се припишуваат на Фајзер.

Вкупните податоци на американскиот VAERS, од 14 декември 2020 година до 23 јули 2021 година, за сите возрасни групи заедно, покажуваат:

21% од смртните случаи се поврзани со срцеви нарушувања. 54% од починатите се мажи, 43% се жени и останатите извештаи за смртта не го вклучуваат полот на починатиот. Просечната возраст на смртта беше 73,4 години.

До 23 јули, 2.572 бремени жени пријавиле несакани настани поврзани со вакцини против Ковид, вклучувајќи 885 пријави за спонтан абортус или предвремено породување.

Од пријавените 2.483 случаи на Белова парализа, 50% се припишуваат на вакцинации од Фајзер, 43% на Модерна и 6% на J&J.

467 извештаи за синдром Гилен-Баре, при што 39% од случаите се припишуваат на Pfizer, 36% на Moderna и 24% на J&J.

119.539 извештаи за анафилакса со 44% од случаите кои се припишуваат на вакцината на Фајзер, 48% на Модерна и 8% на J&J.

7.864 извештаи за нарушувања во згрутчувањето на крвта. Од нив, 3.336 извештаи се припишуваат на Pfizer, 2.846 извештаи на Moderna и 1.637 извештаи на J&J.

1.944 случаи на миокардитис и перикардитис со 1.819 случаи кои се припишуваат на Pfizer, 639 случаи на Moderna и 68 случаи на вакцина против КОВИД на J & J.

20.595 МРТВИ, 2 милиони повредени (50% СЕРИОЗНО) пријавени во Базата на податоци на Европската унија за несакани реакции од лекови за вакцините против KОВИД-19

Базата на податоци на Европската унија за извештаи за сомнителни реакции на лекови е Еудравигиланс (EudraVigilance) и тие сега пријавуваат 20.595 жртви и 1.960.607 повреди, по инјекции против КОВИД-19. Оваа база на податоци што се одржува на EudraVigilance е само за земјите во Европа кои се дел од Европската унија (ЕУ) и опфаќа 27 земји. Вкупниот број на земји во Европа е многу поголем, речиси двојно повеќе, околу 50. Какви и да се овие бројки, тие НЕ ја одразуваат цела Европа. Вистинскиот број во Европа кои се пријавени за мртви или повредени поради вакцините против КОВИД-19 е сигурно многу поголем од она што е пријавено овде.

Базата на податоци EudraVigilance известува дека до 31 јули 2021 година има 20.595 смртни случаи и 1.960.607 повреди пријавени по инјекции на четирите експериментални вакцини против КОВИД-19:

Вакцината на МОДЕРНА за КОВИД-19 мРНА (CX-024414);
КОВИД-19 мРНА вакцината на Фајзер-БионТех;
Вакцината на АСТРАЗЕНЕКА (CHADOX1 NCOV-19) и
КОВИД-19 ВАКЦИНА на Џонсон и Џонсон (AD26.COV2.S) .

Од вкупно забележаните повреди, половина од нив (968.870) се сериозни повреди.

„Сериозноста дава информации за сомнителниот несакан ефект и може да се класифицира како ‘сериознa’ ако одговара на медицинска појава што резултира со смрт, е опасна по живот, бара хоспитализација во болница, резултира со друга медицински важна состојба или продолжување на постоечката хоспитализација, резултира со постојана или значителна попреченост или неспособност, или е вродена аномалија/дефект при раѓање“.


Пријавени несакани реакции по вакцини во ЕУ

Внатрешниот документ на ЦКБ открива дека вакцинираните, дури и ако не се болни, можат да го шират вирусот

ЦКБ сега вели дека дури и оние луѓе целосно вакцинирани за КОВИД можат да го добијат и шират вирусот.

Според внатрешните документи добиени од „Вашингтон пост“, ЦКБ рече дека е време „да се признае дека војната се промени“. Во документот се наведени необјавени податоци кои покажуваат дека целосно вакцинирани луѓе може да ја шират делта варијантата со иста стапка како и невакцинираните лица, објави Си -Ен -Ен. Се заклучува дека делта варијантата е „многу инфективна и најверојатно ќе биде потешка“ и дека „ инфекциите може да бидат преносливи како и кај невакцинираните случаи“.

Вашингтон пост објави:

„Мислам генралниот проблем е дека вакцинираните луѓе веројатно се вклучени во значителна мера во преносот на делта варијантата“, напиша Џефри Шаман, епидемиолог од Универзитетот Колумбија, во е -пошта по прегледот на слајдовите на ЦКБ. „Во извесна смисла, вакцинацијата сега се однесува на лична заштита – заштита од сериозна болест. Имунитетот на стадото не е релевантен бидејќи гледаме многу докази за повторливи и пробивни инфекции“.

Од јануари, луѓето што се инфицирале по вакцинацијата сочинуваат поголем дел од хоспитализациите и смртните случаи во болница кај пациенти со КОВИД, според документите на ЦКБ. Тој тренд се совпаѓа со ширењето на делта варијантата.

Исто така, „Пост“ неодамна објави за студија на ЦКБ, откривајќи дека три четвртини од луѓето заразени во последниот бран во Масачусетс – биле вакцинирани. Извештајот ја зајакнува хипотезата дека вакцинираните луѓе можат да шират повеќе пренослива варијанта и може да бидат фактор за летниот пораст на инфекции.

Податоците, детално наведени во Неделниот извештај на ЦКБ за морбидитет и морталитет, обезбедија клучни докази што ги убедија научниците од агенцијата да ги поништат препораките за носење маски и советуваат вакцинираните лица да носат маски во јавни затворени простории во одредени околности – објави „Пост“.

Досега, истражувачите се фокусираа на вирусното оптоварување – термин за тоа колку вирус е присутен во телата на заразените луѓе – што може да влијае на преносливоста и сериозноста на болеста. Инфекциите со делта варијантата доведуваат до повисоко ниво на вирус во телото, дури и во случаи кај целосно вакцинирани лица – се вели во документот.

Ако вакцинираните луѓе сепак се инфицираат, тие имаат исто толку вируси во нивните тела како и невакцинираните луѓе – тоа значи дека тие се со иста веројатност да заразат некој друг како и невакцинираните луѓе кои се инфицираат, објави Си -Ен -Ен.

„Во крајна линија беше дека, за разлика од другите варијанти, вакцинираните луѓе, дури и ако не се разболат, а се заразиле – го пренесуваат вирусот на слично ниво како и невакцинираните луѓе“, вели д -р Волтер Оренштајн од Центарот за вакцини Емори, кој ги прегледа документите и даде изјава за Си -Ен -Ен.

СЗО ги смени препораките за носење маска и кај вакцинирани лица, признавајќи дека истите можат да го пренесат вирусот



Кај нас препораките за носење маска се исти. Според неофицијални податоци, несакани реакции скоро и да не постојат. Во Согласноста за вакцинација која се потпишува кога дозволувате над Вас да се изврши експеримент, наведено е дека „Некои луѓе сè уште можат да добијат COVID-19 и покрај вакцинирањето, но со примање на вакцината се намалува сериозноста на болеста… Сè уште треба да ги следите упатствата за почитување на превентивните мерки за заштита од COVID-19 како: носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца, хигиена на рацете итн. Како и сите лекови, вакцините можат да предизвикаат несакани ефекти. Повеќето од нив се благи и краткотрајни, а не сите ги добиваат. Прочитајте информации и повеќе детали за вакцината и можните несакани ефекти на http://www.kovid19vakcinacija.mk.
Можете да пријавите сомнителни несакани ефекти на https://malmed.gov.mk/“.

Сепак, се прашуваме колку од луѓето ги прочитале инаформациите на предложената веб страна во Согласноста, која најчесто се потпишува во вакциналните пунктови и колку всушност се информирани за несаканите реакции од т.н. вакцини воопшто? Дали на жената која ја донесоа со трактор на 40 степени да ја вакцинраат ѝ беше објаснето што ѝ вбризгуваат? Кои се несаканите реакции? Дали повеќето се свесни дека со потпишувањето на согласноста, производителите, оние кои ги вакцинираат, доколку се случи нешто се ослободени од одговорност? Дали загарантираното човеково право за информирана согласност при медицинска интервенција, како и при вршење експеримент врз луѓето се почитува? Без присила? Поставете си ги овие прашања прво себеси, а потоа истражете!

Секако секојдневните закани за невакцинираните се сѐ поприсутни како од институциите така и од „мејнстрим“ медиумите… Невакцинираните лица претставуваат закана за вакцинираните? Но, нели беше тоа ширење на омраза? Нели беше тоа дискриминација според било каков статус, според закони, според меѓународни декларации, според Устав? А нели е тоа ширење на лажна вест, дека невакцинираните здрави лица се опасност за вакцинираните, кога и најголемите здравствени установи велат дека и вакцинираните можат исто толку да го шират вирусот?

Покрај сето ова, огромен број на несакани реакции, вакцинирани, па повторно заразени, вакцинирани кои не се разликуваат од невакцинираните со ширење на вирусот – очекуваме нов бран на притисок и присила за вакцинација на целото население. Но, ниту една вакцина, особено одобрена за употреба на овој начин, која што е сѐ уште во експериментална фаза – не може да биде присилна! Не заборавајте имате право на информирана согласност!

Доколку сепак сметате дека вакцината има поголема корист, отколку ризик за Вас и решите да примите било која вакцина, информирајте се за можните несакани реакции и како да се справите со нив!

Подетално за Вашите права наскоро – следете нѐ!

Извори:

https://www.medalerts.org/vaersdb/findfield.php?TABLE=ON&GROUP1=CAT&EVENTS=ON&VAX=COVID19

https://www.nbcnews.com/science/science-news/cdc-warns-internal-document-war-has-changed-coronavirus-n1275478

https://childrenshealthdefense.org/defender/vaers-cdc-vaccinated-spread-covid-serious-vaccines-injuries-surge/

https://www.washingtonpost.com/health/2021/07/29/cdc-mask-guidance/

https://dap.ema.europa.eu/analytics/saw.dll?PortalPages

https://dap.ema.europa.eu/analytics/saw.dll?PortalPages

https://dap.ema.europa.eu/analytics/saw.dll?PortalPages&PortalPath=%2Fshared%2FPHV%20DAP%2F_portal%2FDAP&Action=Navigate&P0=1&P1=eq&P2=%22Line%20Listing%20Objects%22.%22Substance%20High%20Level%20Code%22&P3=1+40995439

https://dap.ema.europa.eu/analytics/saw.dll?PortalPages&PortalPath=%2Fshared%2FPHV%20DAP%2F_portal%2FDAP&Action=Navigate&P0=1&P1=eq&P2=%22Line%20Listing%20Objects%22.%22Substance%20High%20Level%20Code%22&P3=1+42287887