Анализа на Прирачникот за Сеопфатно Сексуално Образование (ССО) на ХЕРА. Идентификувани 13 од 15-те штетни елементи детектирани од страна на FWI.
Родителите сè повеќе реагираат, надлежните сè повеќе игнорираат. Од септември, родово-сензитивното образование кое претставува една компонента од сеопфатното сексуално образование (ССО) ќе биде застапено „во сите предмети од наставната програма каде што е тоа можно“.
Предлагач на родово-сензитивното образование во новата Концепција за основно образование е НВО ХЕРА преку која во образованието се спроведува програмата за ССО на Меѓународната Федерација за Планирано Родителство (IPPF). ХЕРА е членка на IPPF.
Контроверзните елементи на програмите за ССО на IPPF се анализирани од Меѓународниот Надгледувач на Семејството (Family Watch International – FWI).
FWI е непрофитна интернационална образовна организација, која е дел од Обединетите Нации (со статус на консултант).
FWI има подготвено универзален образец за анализа на програмите за ССО на IPPF ширум светот.
Користејќи го овој образец согласно насоките дадени од FWI, направивме анализа на „Прирачникот за наставници во основното образование за сексуално и репродуктивно здравје и права“, издаден од ХЕРА која е членка на IPPF.
15-те штетни елементи, идентификувани од страна на FWI за програпите на IPPF во врска со ССО се како што следува:
1. Ги сексуализира децата
2. Ги учи децата да даваат согласност за секс
3. Промовира анален и орален секс
4. Промовира хомосексуално и бисексуално однесување
5. Го промовира сексуалното задоволство
6. Промовира соло и взаемна мастурбација
7. Промовира користење на кондоми на несоодветен начин
8. Промовира прерана сексуална автономија
9. Не успева да воспостави апстиненција како очекуван стандард
10. Ја промовира трансродовата идеологија
11. Промовира абортус кај децата
12. Промовира сексуална едукација од човек на човек или заложување за сексуални права
13. Ги обезвреднува традиционалните вредности и верувања
14 Ги обезвреднува родителите и родителските права
15. Ги упатува децата до штетни извори
Целата анализата, во pdf формат може да ја преземете на овој линк.
За секој од 15-те штетни елементи детектирани од страна на FWI (лева страна од слајдовите), на десната страна се извадени пример цитати од Прирачникот кои укажуваат на можно постоење на соодветниот штетен елемент, или пак има информација дека такви елементи не биле идентификувани од наша страна.
Во Програмата на ХЕРА, идентификувание се 13 од вкупно 15 штетни елементи предложени од страна на FWI.
Оваа презентација треба да послужи како информација за:
- Носителите на политики – да разберат зошто голем број родители ценат дека ССО е спротивно на нивните уверувања и морални и верски вредности,
- Родителите – да имаат јасна претстава и увид во содржините на ССО кои се промовираат кај нас со цел да донесат информирана одлука дали овие содржини се соодветни за образување на нивните деца.
Дали примерите од десната страна (извадени од Прирачникот) одговараат на штетниот елемент прикажан од левата страна (идентификуван од FWI), оставено е на оцена на читателот.
Препорака до сите родители, без разлика дали го бираат изборниот предмет Сексуално образование за своите деца, е да го разгледаат целиот прирачник, бидејќи една од компонентите во Прирачникот, односно родово-сензитивното образование е задолжително за сите!
#НЕзаССО
Родителите имаат првенствено право да го одберат образованието за своите деца согласно своите убедувања, согласно Меѓународната декларација за човекови права!
Кога науката НЕ е единствена, кога струката НЕ е единствена, мора да постои ПРАВО НА ИЗБОР!
Наметнувањето на нечии убедувања НЕ СМЕЕ да биде ЗАДОЛЖИТЕЛЕН дел од ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ.
Со новата Концепција за основно образование се КРШАТ ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА!
За целосно да биде разбран контекстот на нашите објави, ве молиме прочитајте го Соопштението на нашата Страница https://www.odnaszanas.com/?p=5022.