„Овде сум да ве предупредам, во најсериозна смисла на зборот, дека родово-сензитивниот тренинг, како што е дизајниран од IPPF, е опасен за најголемиот дел од децата и семејставата.
Кога дипломирав на медициснкиот факултет, дадов заклетва. Застанав, ја кренав мојата десна рака и се заколнав дека ќе превенирам болести секогаш кога ќе имам можност за тоа. Во тоа време претпоставував дека моите големи битки во медицината ќе бидат против ракот, срцевите болести, шизофренијата. Но, после искуство во медицината од 30 години, сега сфаќам дека мојата најголема борба во мојата кариера, не е против опасни болести, туку против опасни идеи.
Една од таквите опасни идеи е дека полот е независен од биологијата. Нам ни е кажано и вашите деца ќе бидат образувани, во родово-сензитивно образование, дека полот (да се биде момче или девојче) не е определен од хромозомите или анатомијата, туку дека е определен од чувствата. Родовата сензитивност ќе ги учи децата дека тие се оној кој тие мислат дека се. И дека тоа е она што е важно, нивните мисли и чувства. А не нивната биологија. И не нивното физичко тело“
д-р Мириам Гросман
Вака д-р Мириам Гросман го започна првото предавање на тема: „Вистината за родот“ кое беше одржано на 24 јуни 2021 година, во 19:30h.
Слушнавме навистина шокантни информации за корените на родово-сензитивното образование, предизвиците со кои се соочуваат родителите, наставниците но и докторите после инсталирањето на родовите идеологии во образованието и многу повеќе. Информации кои секој родител, наставник и доктор е должен да ги слушне. А каков заклучок ќе донесе на основа на истите, е негово право!
ЗОШТО Е ОВА ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ ЗА СИТЕ НАС?
Кратенката IPPF, спомната во говорот на д-р Гросман се однесува на НВО организацијата во САД, Меѓународна Федерација за Планирано Родителство (International Planned Parenthood Federation).
ЗОШТО ОВА БИ НЕ ЗАСЕГАЛО НАМ ВО МАКЕДОНИЈА?
1. IPPF е најголемиот промотор на Сеопфатно Сексуално Образование кое го вклучува и Родово-Сензитивното Образование, ширум светот.
2. ХЕРА (невладина органозација од Македонија) е членка на IPPF.
3. ХЕРА е предлагач на Новата концепција за основно образование.
4. Министерот кој ги спроведува образовните реформи е поранешен активист на ХЕРА.
Следствено, а видно и од „Прирачникот за наставници во основните училишта за теми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права“ издаден од ХЕРА, програмата за ССО и Родово-Сензитивно Образование која ја промовира ХЕРА, во значителен дел ги вклучува контроверзните содржини промовирани од IPPF.
5. Согласно новата Концепција за основно образование, Родово-Сензитивното Образование се воведува „во сите предмети од наставната програма каде што е тоа можно“. Следствено, задолжително во сите одделенија во основното образование, почнувајќи од прво одделение.
Затоа, секој родител, наставник и доктор е должен да ја дознае вистината за родот – концепт промовиран од IPPF, а сега пристигнат и во Македонија.
Првото предавање на д-р Гросман можете да го проследите на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=kXvJRY9ZWpU&t=679s (дополнително ќе биде додаден поднаслов на македонски јазик).
Симултаниот превод на македонски јазик (со мали пречки на почетокот може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=FQNhD_aS7mU
КОЈА Е Д-Р ГРОСМАН?
Д-р Гросман дипломирала медицина на Универзитетот во Њу Јорк. Остварила стаж од областа на педијатрија во Болницата Бет Израел во Њу Јорк и завршила специјализантско стажирање по психијатрија, проследено со стипендија за детска и адолесцентна психијатрија во болницата North Shore- Cornell University Medical College. Во период од 12 години работела на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анѓелес (UCLA) во студентските советодавни служби, каде скоро сите нејзини пациенти биле студенти во доцните адолесцентски години (http://bit.ly/3jQ6osk). За нејзиното искуство од работата со студентите, д-р Гросман напишала книга, за потоа активно да пристапи кон систематско изучување на Сеопфатното Сексуалното Образование, како започнало и што тоа претставува денес.
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ?
Второто предавање ќе биде одржани на:
• 1 јули, 2021, 19:30 часот со наслов: „Вистината за родот – дел 2“
Предавањето ќе може да ги следите на еден од следните начини:
• преку Zoom платформата (линкот за пристап на настанот ќе биде објавен дополнително);
• преку YouTube канал, пренос во живо, на следниот линк.
Бројот на учесници кои ќе можат да го следат настанот преку Zoom платформата е ограничен на 100, поради што ќе биде применет принципот: прв пријавен – прв услужен. Останатите учесници настанот ќе можат да го следат на YouTube.
Јазик на настанот: aнглиски
Симултан превод: македонски
НАГРАДНА ИГРА?
Учесниците кои ќе го следат настанот преку Zoom платформата ќе имаат можност да учествуваат во наградната игра во која доделуваме 15 книги од д-р Гросман (книгите: Unprotected и You’re Teaching My Child WHAT?)!
ФИНАНСИРАЊЕ?
Овој настан е инициран од нас, родителите.
Здружението за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје е организација која нема финансиери, ниту од Влада, ниту од скриени играчи кои спроведуваат одредени агенди.
За целите на настанот обезбедивме преведувач на македонски јазик (симултан превод). За жал, желбата да го сториме истото и на албански јазик не вроди со плод, поради ограничениот буџет.
Исто така, нарачавме 15 книги од д-р Гросман, мала компензација за нејзиниот труд, а награда за петнаесетмина од вас кои ќе присуствувате на предавањата на д-р Гросман преку Зум платформата.
Доколку сакате да помогнете за негова успешна реализација, Ве молиме донирајте. Извештај за потрошените средства по типови на приливи и одливи ќе биде јавно објавен, како и секогаш.
Да научиме, па да одлучиме!