ССО – Изјава под заклетва, д-р Мириам Гросман

Изјава под заклетва пред суд на Мириам Гросман дадена на 11 Јуни 2018 година

Јас, Миријам Гросман, од градот Аирмонт, во државата Њу Јорк, Соединетите Американски Држави, СЕ КОЛНАМ И ТВРДАМ ДЕКА:

1. Добив диплома по медицина од Универзитетот во Њу Јорк во 1979 година и сум доктор по медицина, специјалист по психијатрија и суб-специјалист по детска и адолесцентна психијатрија.

2. Во прилог кон ова мое сведоштво и обележано како „Прилог А“, е копија од мојата биографија, во која се наведени деталите за моето образование, стручност, истражување и публикации.

Цел на ова сведочењето

3. Се колнам со оваа Изјава, со цел да ја искажам мојата реакција/одговор во врска со изјавата на д-р Кевин Алдерсон, кој е исто така под заклетва за овој случај, и за да обезбедам студии што ќе му помогнат на Судот во привремената/продолжената постапка од наредбата.

4. Како лекар, можам да посведочам дека постојат неколку научно основани фундаменти кои се однесуваат на биологијата, полот, сексуалноста и родот во рамките на медицинската пракса.

Истите следат во продолжение:

i. Полот (машки и женски) е објективна, прудентна, фиксна состојба, утврдена при зачнувањето.

ii. Ова е факт потврден со извршени проучувања во науките како што се: ембриологија, хистологија, генетика, репродуктивна биологија, клеточна биологија и ендокринологија. Сите здрави јајце клетки носат еден X хромозом, сите здрави сперматозоиди носат еден Y хромозом. Кога јајцето и спермата се соединуваат, се формира нова клетка наречена зигот. Во зависност од тоа дали спермата носела X или Y хромозом, зиготот носи XX (женски) или XY (машки) хромозоми. Зиготот се дели, произведувајќи друга клетка со идентичен пар на хромозоми, XX или XY.

iii. Секој хромозом е направен од ДНК. ДНК е протеинска молекула која им дава инструкции на клетките што треба да прават. ДНК-та во зиготот му наложува на истиот да прерасне во женски или машки ембрион. Затоа, постојат различни машки и женски обележја создадени од моментот на зачнувањето.

iv. Y-хромозомот е преполн со нуклеотиди на ДНК, кои се карактеристични само за мажите.[i] Кога Y хромозомот е присутен, ембрионот развива тестиси кои околу осмата недела почнуваат да лачат машки хормон – тестостерон. Така, целиот растечки организам почнува да се маскулинизира на осум недели од зачнувањето. Овој процес го опфаќа и мозокот. [ii]

v. Кога Y хромозомот не е присутен, ембрионот не развива тестиси кои лачат тестостерон. Тој се развива во „стандардната“ женска насока. Неговиот мозок не е изложен на исто ниво на тестостерон како машкиот ембрион.

vi. Секоја клетка во ембрионот (подоцна наречена фетус) ги носи истите хромозоми како и оригиналниот зигот, односно XX или XY. Кога ќе се роди детето, секоја од неговите клетки носи XX или XY хромозоми. [iii] Ова е трајна состојба и не може да се промени со хормони или операција.

vii. Документираните разлики во однесувањето помеѓу машките и женските се гледаат во првата година од животот, некои дури и во првиот ден од животот, што е премногу рано за да било каква социјализација или социјална агенда би имала влијание врз детето. [iv]

viii. Биолошката вистина на вродени, трајни разлики помеѓу машките и женските е потврдена во бестселерите
„Машкиот мозок и женскиот мозок“ од истакнатиот невропсихијатар д-р Луан Бризендин. Во неа се објаснува дека машките и женските имаат „засебна биологија … нема унисекс мозок“.[v]

ix. Исто така, релевантни се коментарите дадени од друг научник, д-р Лари Кахил од Универзитетот во Калифорнија, од Ирвин невробиолошкиот центар за учење и меморија:
„Неверојатната количина и разновидност на влијанија поврзани со полот врз функцијата на мозокот укажуваат на тоа дека сè уште широко распространетата претпоставка дека влијанијата на полот се занемарливи, не може да биде оправдана и веројатно го забавува напредокот во нашата област“. [vi]

x. Тим невролози од Фондот-Исис, за истражување на полови разлики наведува:
„Истакнатите директни дејства на X и Y хромозомите врз воспоставувањето на разликите во половите, се повторно востановени. Најсовремените откритија ги револуционизираат нашите концепти за тоа што го прави машкиот и женскиот мозок.” [vii]

xi. Сето горенаведеното е точно, освен во неколку ретки медицински состојби наречени Нарушувања на половиот развој (DSD), чии имиња и фрекфенција на појавување се наведени подолу од страна на Intersex Society од Северна Америка, група која ги застапува „луѓето родени со анатомија за кои некој одлучил дека не е стандардна за машкиот или женскиот пол“ [Viii]


> Без XX или XY хромозоми – едно од 1.666 раѓања
> Клинефелтер (XXY) – едно од 1.000 раѓања
> Синдром на нечувствителност на андроген – едно од 13.000 раѓања
> Делумен синдром на нечувствителност на андрогенот – едно од 130.000 раѓања
> Класична вродена хиперплазија на надбубрежните жлезди – едно од 13.000 раѓања
> Доцна почеток на надбубрежна хиперплазија [ix] – една од 66 индивидуи
> Агенезија на вагината – едно од 6.000 раѓања
> Овотестис – едно од 83.000 раѓања
> Идиопатска (нема видлива медицинска причина) – едно од 110.000 раѓања
> Јатрогена (предизвикана од медицински третман, на пример) прогестерон администриран кај бремена мајка) – нема податоци
> Недостаток на 5 алфа редуктаза – нема податоци
> Мешана дисгенеза на гонадите – нема податоци
> Комплетна дисгенеза на гонадите – едно од 150.000 раѓања


xii. Тврдењето дека полот не е бинарен или фиксен е неточно за сите, освен за поединеци кои страдаат од овие и други многу ретки медицински состојби. Описот на мажот/жената како „интервал“, од многу нормални (т.е. немедицински) варијации помеѓу двете крајни точки, се заснова на идеологија, а не на цврста наука.

xiii. Аргументот дека меѓуполовите состојби се вообичаени, не се заснова на научно расудување. [x] Според д-р Леонард Сакс од Монтгомери Центарот за истражување на развојот кај деца и адолесценти:
„Достапните податоците го поддржуваат заклучокот дека поделбата на човечките полови е дихотомна, а не интервал од повеќе можни состојби”. Повеќе од 99,98% од луѓето се или машки или женски… Раѓањето на меѓуполово дете, далеку од „прилично вообичаена појава“ претставува редок феномен, кој се случува кај помалку од 2 на секои 10.000 раѓања.

xiv. Мажот не може да стане жена, а жената не може да стане маж. Како што е објаснето претходно, секоја клетка во телото носи или машка или женска ДНК која влијае врз функционирањето на телото (вклучувајќи го и мозокот). Додека телото може да биде изменето до некоја мера со егзогени (што значи, надворешни, вештачки, а не природни) хормони и/или операции, невозможно е да се создадат машки или женски органи и невозможно е да се променат основните вродени „врски” меѓу ќелиите. Тврдењата на д-р Алдерсон дека е можно да се транзитира помеѓу машки и женски пол или варијациите на истиот, немаат научна медицинска основа.

xv. Лице со XY хромозоми кое е феминизирано со егзоген естроген и операција, не може да има менструација, да забремени, или да дои на природен начин. За да се овозможат тие работи, потребни се јајници, матка, природни хормони, ткиво на дојка и мозочна физиологија која се јавува во постнаталниот период.

xvi. Лице со ХХ хормони кое е маскулинизирано со егзоген тестостерон и операција, не може да произведе сперма, бидејќи нема тестиси или жлезда простата.

xvii. Медицинското досие на кое било трансродово лице кое е третирано со хормони и/или операција, ќе биде обележано со цел да го предупреди медицинскиот персонал на тој факт. Медицинската нега на овие лица е уникатна. [xi] Од оваа причина, постојат специфични упатства за медицински третман на трансродови лица. [xii] Ако лицето навистина „станaло“ или „транзитирало“ во вистински биолошки маж или жена, таквата претпазливост во третманот не би била потребна. Иако изгледот на трансродовите индивидуи може да биде многу убедлив, тој/таа навистина може да изгледа попривлечно од т.н. цисродови индивидуи, тоа не значи дека е променета објективната реалност на нивниот пол.

5. Исто така, бев замолена да го дадам моето професионално медицинско мислење за следново:

Штетни последици од информирањето на децата, дека можат или треба да го сменат полот

i. Штетно е да се изложуваат деца и адолесценти кои не страдаат од DSD на следниве ставови:
– машките/женските разлики немаат биолошка основа, но се должат само на социјализацијата;
– машко/женско не е бинарна состојба;
– упорното одбивање на нечиј биолошки пол не е нарушување, туку здрава опција;
– маж може да стане жена и жена може да стане маж.

ii. Причината зошто е штетно да се изложуваат децата и младите на овие идеи е затоа што тие не се вистинити.

iii. Веројатно е дека на состаноците на Gay Straight Alliance (GSA), погоре опишаното е претставено како неоспорен научен факт. Секако, научните факти во врска со бинарната природа на мажот и жената и нејзината непроменливост на хромозомско ниво, не е веројатно дека ќе ги слушнете од тие лица кои активно промовираат одреден наратив во овие клубови. Ова е неетички и ја загрозува психолошката благосостојба на децата.

iv. Една од задачите на детството и адолесценцијата е да развијат силен идентитет. Имањето силен идентитет е белег на психолошкото здравје. Конфузија на идентитетот, може да предизвика вознемиреност и да влијае врз односите и секојдневното функционирање.

v. Идејата дека е можно или препорачливо да се обиде да се „транзитира“, промовирана од активисти, предизвикува ставање под знак прашалник на најсуштинскиот аспект на идентитетот – дали некој е машко или женско. Збунувачки и застрашувачки е за огромното мнозинство на деца, особено малите деца, да дознаат дека луѓето не се нужно онакви како што изгледаат, дека лекарите понекогаш отстрануваат пенис и им даваат на луѓето лекови за да им порасне брада или гради. Оваа информација честопати е премногу тешка за апсорбирање за возрасен човек, а камоли за дете. Особено кај најранливите деца – оние кои веќе се борат со проблеми како: анксиозност, проблеми со учењето, помал коефициент на интелигенција или нестабилност во домот (напоменувам само неколку можни проблеми) – изложеноста на застрашувачки, несоодветни информации за возраста може да доведе до потешка симптоматологија.

Транзиција на полот: Штетни психолошки и физички ефекти врз децата

vii. Кај поголемиот број индивидуи, родовата дисфорија се решава со текот на времето. Ова е документирано во Американскиот колеџ на педијатри во 2017 година, во документот „Родова дисфорија кај деца“ [xiii] како и на други места. Со оглед на екстремните, живото-променувачки хормонални и хируршки третмани вклучени во „транзитирањето“ во друг пол, и многу сериозните (пр. неплодност), па дури и опасни по живот (пр. белодробна емболија, карцином) можни негативни последици од овие интервенции, во најдобар интерес на детето од пред пубертетска возраст е да му се помогне во усогласувањето на неговата само-перцепција со неговиот анатомски пол. Според неодамнешниот документарец на Би-Би-Си, ова беше и сè уште е [xiv] клиничко мислење на д-р Кенет Цукер, најголем авторитет и истражувач по прашањата за родовиот идентитет кај децата. За жал, поради приговорите и заканите на оние кои не се согласуваат со д-р Цукер, филмот не е доволно гледан во Канада или САД.

Блокатори на пубертет: Трајно физичко оштетување на децата

viii. Многу лекари и терапевти од целиот политички естаблишмент се критични кон афирмирањето на децата како трансродови лица и кон употребата на блокатори во пубертетот – моќни хормони кои го спречуваат нормалниот развој на момчињата во целосно развиени мажи и на девојчињата во целосно развиени жени. Дури и левичарската, слободоумна и про-геј група“, youthtranscriticalprofessionals.org, ја доведува во прашање идејата за прекинување на нормалниот развој.

„Родова дисфорија кај децата“ (Американскиот колеџ на педијатри – АKП)


ix. Иако членството на (Американска асоцијација на психолози – АПА) е со значително поголемо членство споредено со АKП, не би било добро да се прифати позицијата на АПА во врска со родовата дисфорија како повалидна или повистинита од онаа на АKП. Како прво, добро е да се има предвид мудроста на философот Мајмонид:
“Вистината не станува повистинита поради фактот дека целиот свет се согласува со неа, ниту помалку вистинита ако целиот свет не се согласува со неа.”
Второ, притисокот, да бидам политички коректна, не смее да се занемари. Во менталното здравје на заедницата владее атмосфера на страв. Не сите членови на АПА се согласуваат со секоја изјава на таа организација, но ставовите на неистомислениците се пригушуваат. Малкумина се подготвени јавно да зборуваат за контроверзни теми, како што се родот или абортусот; многу специјалисти од клиничката пракса се замолчени од страв да не ги изгубат своите позиции, финансии и сл. Ова е нашироко познато и документирано во книгата “Деструктивни трендови во менталното здравје: Патот поплочен со добри намери кој води кон зло” [xv], чиј ко-автор е поранешниот претседател на АПА, Ник Камингс- доктор на науки и Роџерс Рајт, исто така истакнат лидер во областа на менталното здравје. Друг поранешен претседател на АПА, Џек Вигинс, доктор на науки, напиша:
„… во круговите на менталното здравје денес погрешниот идеализам и социјалната софистика гарантираат дека добрата наука и пракса нема да останат неказнети.“ [xvi]
Моето професионално мислење е дека позицијата на АKП во однос на родовата дисфорија претставува добра наука и добра пракса.

Психолошките последици кај децата кои се советувани да не им веруваат на своите родители и семејствата

x. Се подразбира дека искреноста и довербата се клучни елементи за постоење на здрава релација помеѓу родителите и децата. Ова е аксиоматски. Со малку исклучоци, децата треба да бидат охрабрени да ги споделуваат своите чувства и искуства, вклучително и тоа како го поминале денот, со своите родители или старатели особено ако се соочуваат со конфузија или вознемиреност по некое важно прашање како што се полот или сексуалноста. (Постарите тинејџери кои се развиваат кон здрава независност може да изберат да споделуваат помалку во врска со својот внатрешен живот со членовите на семејството.)

xi. Да се охрабри или дури да им се сугерира на млади личности, особено на мали деца и деца во пред-тинејџерска возраст, дека е во ред да ги држат своите родители во незнаење за нешто што им делува конфузно, е неетички и влијае на детето и неговото семејство на деструктивен начин. Едноставно, така се уништува довербата. Општо земено, родителите чувствуваат кога нивното дете е мисловно окупирано и крие важни информации од нив. Кога вакво нешто се случува, тоа ја уништува довербата што родителот ја има кон детето [xvii]. Ова веројатно ќе предизвика вознемиреност и грижа кај родителот и може да влијае на неговата способност ефективно да се занимава со родителство. Кога детето сфаќа дека родителот не го одобрува таквото однесување, тоа предизвикува вознемиреност кај него, а резултатот е циклус на губење на доверба, конфликт и дистанцирање помеѓу родителот и детето – спротивно на силната врска која е толку неопходна за здравиот развој на детето. За детето е исто така тежок психолошки товар да чува важна тајна од неговите родители. Мое професионално мислење е дека учеството во еден GSA клуб, во коj детето е изложено на луѓе и идеи кои можат да бидат во спротивност со сè што научилo, за некои деца, тајната што треба да ја чуваат ќе претставува тежок товар која ќе го земе данокот врз него и неговото семејство.
Мислењето дека поединци кои немаат високо ниво на професионална обука во развојот и менталното здравје кај децата и адолесцентите и кои не извршиле длабока формална индивидуална проценка, обезбедувајќи специфични познавања за детето како индивидуа и неговото семејство, знаат подобро од родителите што е најдобро за нивното дете, е спротивно на сè што ме научија на медицинскиот факултет, во мојата специјализација по педијатрија и детска и адолесцентна психијатрија. Исто така, му противречи на моето искуство од скоро триесетгодишна психијатриска пракса.

xii. Се колнам во оваа изјава, дека ќе обезбедам стручни докази за целите на сослушувањето во рамките на наредбата, а не за било каква несоодветна цел.



Footnotes:

i Helen Skaletsky et al, “The male-specific region of the human Y chromosome is a mosaic of discrete sequence classes,” Nature 423, no 6942 (2003): 825-38.

ii Differences in fetal hormone levels can sometimes be discerned as early as day 16 post-fertilization,

iii Aside from mature red cells which have no nucleus or chromosomes.

iv Jennifer Connellan, Simon Baron-Cohen, Sally Wheelwright, Anna Batki, and Jag Ahluwalia, “Sex differences in human neonatal social perception,” Infant Behavior and Development 23 (2000): 113-18; Svetlana Lutchmaya and Simon Baron-Cohen, “Human Sex Differences in social and non-social looking preferences, at 12 months of age,” Infant Behavior and Development 25 (2002): 319-25; Svetlana Lutchmaya,Simon Baron-Cohen, and Peter Raggatt, (2002) “Fetal testosterone and eye contact in 12-month-old human infants,” Infant Behaviour & Development 25 (2000): 327-35,

v Louann Brizendine, 2006 The Female Brain, Broadway Books

vi Larry Cahill, “Why Sex Matters for Neuroscience,” Nature Reviews Neuroscience 7 (June 2006): 477-84.

vii Jill B. Becker et al, eds., Sex Differences in the Brain: From Genes to Behavior (Oxford University Press, 2006), xviii; see also aniel D. Federman, “The Biology of Human Sex Differences,” The New England Journal of Medicine 354 (2006); 1507-14. viii http://www.isnia.org/

ix This condition should not be included, as it is not uniformly accepted as a DSD (see endnote 4)

x http://wwwleonardsax.com/how-common-is intersex-a-response-to-anne-fausto-sterling/

xi For biological males to take female hormones, such as estrogen, or biological females to take a male hormone, such as testosterone, is not without considerable health risk, particularly at the doses suggested. Males taking female hormones are at high risk for blood clots which may be fatal if lodged in the lungs. They are also at increased risk for breast cancer, coronary artery disease, cerebrovascular disease, galls Ines, and high levels of the lactation hormone prolactin. Females taking male hormones are at high risk for erythrocytosis (having a higher than n o anal number of red blood cells). They are also at increased risk for severe liver dysfunction, coronary artery disease, cerebrovascular disease, hypertension and breast or uterine cancer. Furthermore, the use of puberty-blocking drugs in adolescents has been associated with incomplete mineralization of bone, mean in these children may be at future risk for osteoporosis. There is very little information on the use of these blockers on brain development, but the studies we do have show potential for cognitive impairment.

xii http://transhealth.ucsf.edu/protocols

xiii www,ACPeds.org

xiv http://www.youtube.com/watch?v=Xmbk33TM-kc

xv Wright and Cummings (2005) Destructive Trends in Mental Health: The Well-Intentioned Path to Harm, Routledge

xvi Op. cit.

xvii Kerr MI, Stattin H, Trost K,(1999) To know you is to trust you; parents’ trust is rooted in child disclosure of information. J. Adolesc. 1999 Dec;22(6):737-52.