ССО – Оркестриран напад на ОД НАС ЗА НАС

Науката за ССО не е единствена! Струката за ССО не е единствена! Но, тоа што е единствено во врска со ССО е цензурата на информациите кои се спротивни од мејнстрим пропагандата управувана од институциите и меѓународните организации.




„Демант“ на министерот Мила Царовска

Веднаш по објавувањето на новата Концепција на МОН, нашето Здружение за заштита на човековите права ОД НАС ЗА НАС, го идентификуваше родово-сензитивното образование (кое e замаскирано опфатено во Концепцијата) како дел од Сеопфатното Сексуално Образование и за истото покрај тоа што се обрати до МОН со допис, започна со интензивно информирање на јавноста за состојбата на ССО ширум светот, па и во соседството.

Веста која „прободе очи“ на нашите институции и организации, кои тивко и без знаење на народот сакаат да го протуркаат родово-сензитивното образование, беше онаа со кое нашето Здружение ја извести јавноста за искуството од Србија во врска со ССО, како што следува.

За очекување, сликите кои ја проследија објавата беа преземени од документот за кој Здружението ја информираше јавноста. Притоа, транспарентно обелоденувајќи дека:

После 4 дена од нашата објава, во недела 31.1.2021 година, пред 00:00h, на „ѕидот“ на министерот Мила Царовска осамна Демант!

Бевме шокирани од оваа лажна вест проширена од министерот. Од нашата објавата е јасно видливо дека истата се однесуваше на родово-сензитивно образование, а не на изборното сексуално образование. Исто така беше јасно и прецизно наведено дека примерот е преземен од „Образовните пакети“ од Србија!. Второ одделение?.. Содржини во учебници за второ одделение? Предметната изјава воопшто не е ниту оддалеку спомната во нашата објава!!

На прв поглед, можеби ненамерна грешка на Министерот.

Направивме мала истрага за тоа што навистина се случило. Дојдовме до сознанија дека во истиот ден кога Здружението ја објави оваа информација, во ТВ емисија и целосно независно од Здружението, Претседателот на комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Јаневска изјавила дека „Се воведува сексуално воспитување во второ одделение и хаос во образованието“.

Се прашавме каква врска има оваа изјава со нас, па видовме дека бројни портали и новинари, без никаква одговорност ги презеле сликите од нашата објава и го искомбинирале со насловот од изјавата на проф. д-р Јаневска, па во јавноста пренесоа информации како следната:

Министерот Царовска не ја проверила веста од изворот очигледно, туку прочитала наслов и објава од порталите кои ја направија целата брканица.

Неколку часа после „демантот“ на министерот, нашето Здружение објави демант на „демантот“, на фејсбук страницата на Здружението и во коментар „на ѕидот“ на министерот под нејзиниот демант.

Основано очекувавме јавно извинување кон Здружението (кое беше наречено „фејсбук група“ во нејзиниот речник) заради обид неосновано да се наруши изгледот, што е само уште едно покажување на ароганција и непочитување на заложбата и работата на една вистинска невладина организација, чиј интерес е единствено добробитта на децата.

Извинување не следуваше. Дали сепак можеби ова беше инструирано сценарио за напад на Здружението? Следниот ден на 1.2.2021 година, медиумите „бруеја“ за демантот на министерот. Иако Здружението демантот на „демантот“ го испрати до сите медиуми, сепак ниту една телевизија не го пренесе во ТВ дневниците кога единствено беше пренесуван само „демантот“ на министерот. Демантот од Здружението беше објавуван само на веб страниците и до него можеше да стигне само тој што го бара токму него.


Акција на ХЕРА

Но, тоа не е сè! Иако неоснован, за ширење на „демантот“ на министерот се погрижи и организацијата ХЕРА, која многу внимаваше во изјавите да ги затскрие намерите за родово-сензитивното образование позади изборното сексуално образование во 9-то одделение. Но, и оваа нечесна игра не беше доволна за ХЕРА. Тие на своите медиуми објавија реакција со барање јавно извинување од нашето Здружение, па дури и се заканија дека ќе преземат содветни правни дејствија и ќе бараат утврдување на одговорност и надоместување на штета „за да ги заштитиме честа и угледот на нашата организација“!!!

Што згрешивме пак сега? Следуваше детално прегледување на нашите објави и нивните обвинувања. Откако утврдивме дека ништо од наведеното не „држи вода“, одлучивме да „се извиниме“ во малку необичен стил.

Во продолжение го изнесуваме „јавното извинување“ во целост.


ЈАВНО ИМ СЕ ИЗВИНУВАМЕ НА ХЕРА!

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека навистина сексуалното образование е изборен предмет во IX-то одделение, но исто така што информиравме и за поглавјето „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ од Концепцијата на МОН, за која МОН и сите други „релевантни“ институции и организации, организирано молчат! (http://bit.ly/3jjrNtE).

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што и покрај предочувањето на овие информации на јавноста, ниту тие, ниту МОН, не излегоа подетално да им објаснат на јавноста што значи ова поглавје, туку организирано пристапија кон дискредитација на Здружението! (http://bit.ly/3jku2gh, http://bit.ly/3rryv3C).

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека IPPF (чија членка е ХЕРА), дефинира дека Сексуалното Сензитивно Образование (ССО) е родово-сензитивно образование! (http://bit.ly/3jjrNtE).

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста за искуството во регионот од обидот да се воведе родово-сензитивно образование во училиштата и што во нивниот случај значело: „Ваквите содржини се застапени во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно…“ – цитат од поглавјето „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ од Концепцијата на МОН! (http://bit.ly/39PHmWG).

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста за тоа како државите од регионот се соочиле и се избориле против задолжителната „родова сензитивност“ во образованието и воопшто сексуалното образование! (http://bit.ly/39PHmWG, http://bit.ly/3oS52OG, http://bit.ly/3jjrNtE)

Јавно им се извинуваме на ХЕРА и за тоа што ја информиравме јавноста за искуството со ССО во Америка, Канада, повеќе држави во Европа! (http://bit.ly/36JSWke, https://bit.ly/3oPPzOV)

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека постои најнов Преглед од глобално истражување од декември 2019 година, со кој се прави „Преиспитување на доказите за сеопфатното сексуално образование во училиштата“, во кој преку анализа на повеќе од 100 програми за ССО е заклучено дека „доказите најдени во меѓународната база на податоци на УНЕСКО не го поддржуваат тврдењето дека сеопфатното сексуално образование или ССО во училиштата е ефективна стратегија за јавното здравје“. Исто се извинуваме што на овој преглед е потпишан и еден доктор на науки со титула Ph.D. – официјално призната титула за највисоко научно звање! (https://bit.ly/3oPPzOV, http://bit.ly/2O1EopA)

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста за препораките на СЗО, СЕИКУС, ОН, IFFP и други организации, а кои се косат со нашите морални убедувања и кај нас предизвикуваат чувство на згрозување! (https://bit.ly/3oPPzOV)

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека наставните програми на „сестринските“ организации на ХЕРА (членови на IPPF), а и самата ХЕРА, промовираат различна дефиниција за полот и родот која има за цел да ги научи децата од најмала возраст дека можат да бидат машко, женско, ниту едно или и двете, во зависност од тоа како се чувствуваат, што е спротивно на моралното и верско убедување на најголемиот дел граѓани на Република Македонија!

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што ја информиравме јавноста дека наставните програми на „сестринските“ организации на ХЕРА, Планирано Родителство и/или IPPF, исто така промовираат експлицитни сексуални содржини за деца од 10-годишна возраст и дека од една страна промовираат „право на абортус“, а од друга страна нудат услуги за абортус! (http://bit.ly/3jjrNtE, https://bit.ly/3cLeMI4).

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што на основа на сите претходно изложени и документирани информации, на основа на нашиот разум и расудување, не можевме, а да не резимираме дека сите овие информации водат кон тоа дека може да се заклучи дека организациите кои го промовираат ССО се залагаат за тоа што претходно е наведено дека се залагаат! (https://bit.ly/3cLeMI4)

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што сите информации и извадоци на документи кои ги објавуваме целосно ги документираме со изворите на истите затоа што ние сметаме дека нашите сограѓани не се глупави, туку дека се доволно зрели, разумни и паметни самите да расудат што е добра, а што лоша информација и да не креваат паника, доколку за тоа нема потреба!

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што не постои посебен регистар на „научни и релевантни организации“, затоа што согласно Уставот секој има право на свое верско и морално убедување кое ќе го формира на основа на сите достапни информации!

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што од нас бара извинување за информации кои не сме ги објавиле, односно информации кои ХЕРА ги извадила од контекст!

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што нашите деца ни се целото наше богатство, па не можеме да подлегнеме на насилничките методи и закани на замолчување!

Јавно им се извинуваме на ХЕРА што нејзиниот углед не можеме да го заштитиме со криење на сите овие информации, доколку цени дека овие информации и наштетуваат на нејзиниот углед!

ХЕРА и МОН во неколку наврати се обидоа преку ширење лажни информации и манипулација на јавноста да го нарушат угледот на Здружението, но ние нема да се заканиме со тужба, затоа што за угледот можеме да придонесеме единствено самите без разлика на тоа што зборуваат другите за нас. Вистината секогаш победува!



Кулминација во претставата – „Вистините“ на Вистинометар

Ако мислевте дека со ова претставата за која НЕ плативме, заврши, почекајте! Не сите глумци ја одиграа својата улога! Кој недостасува? Секако, факт-чекерите!

И замислете! Се „закачија“ на истата објава за која претходно утврдивме и со факти демантиравме дека сите обвинувања кон Здружението не се основани!

Денес, нашата објава за искуство од Србија изгледа вака:

Нема да навлегуваме во детали за тоа како „вистинометарот“ Вистинометар ја испревртува вистината. Тоа можете самите да го проверите. Во продолжение единствено го објавуваме нашето обраќање до Вистинометар и препораките кои им ги упативме:



ПРАШАЊА ЗА ВИСТИНОМЕТАР:

1. Зошто искуство споделено од друга држава, а кое секако е транспарентно обелоденето од која држава доаѓа и е поврзано со изворот на информацијата, е означено како „missing context“, особено кога во образложението на вистинометарот јасно е наведено дека „ЗЕМЈАТА ИМА МЕЃУНАРОДНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТОТ“ и „НЕДВОСМИСЛЕНИ МЕЃУНАРОДНИ ОБВРСКИ“?

2. Зошто во образложението ВИСТИНОМЕТАР зборува за сексуалното образование кое е изборен предмет во 9-то одделение, кога објавата која ја означува започнува со „Според новата Концепција за основно образование на МОН, во делот на родово-сензитивното образование…“. Зошто Вистинометар не побара детално објаснување за поглавјето во новата концепција на МОН „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“?


ИНФОРМАЦИИ КОИ МОЖЕБИ МОЖАТ ДА МУ ПОМОГНАТ НА ВИСТИНОМЕТАР

1. Родовата-сензитивност е карактеристика на Сеопфатното Сексуално Образование (ССО), според IPPF, чија членка е ХЕРА – на чиј предлог ССО е дел од концептот на МОН.

2. „Обезбедување родова сензитивност/рамноправност“ е цело едно поглавје во новата Концепција на МОН во кое е наведено дека овие содржини ќе бидат застапени „во наставните програми на сите предмети каде што тоа е можно“.

3. ХЕРА И IPPF го застапуваат ставот дека „Родовиот идентитет се однесува на личното чувство, на сопственото доживување како маж, жена, ниту едното или и двете. Кај повеќето луѓе личното чувство за родот се совпаѓа со полот назначен при раѓањето, т.е. повеќето биолошки мажи се чувствуваат како мажи.“

4. Здружението ОД НАС ЗА НАС, НИКАДЕ нема изјавено дека „ССО било дел од програмата на сите влади после 2011 година како предмет „Животни вистини“, односно дека не се работи за некаква педагошка иновација на оваа Влада“, како што е „објаснето“ во објавата на Вистинометарот! Но, ако Вистинометар навистина проверуваше информации и факти, секако дека ќе видеше и ќе знаеше кој ги вади информациите од контекст.

5. Министерот за образование и наука Мила Царовска објави свој демант, но Здружението објави и демант на демантот со кој министерката шири невистини за здружението ОД НАС ЗА НАС со цел да ја дефокусира јавноста, а кој Вистинометар не го објави. Смеат ли?

6. И повторно, ако Вистиниметар навистина проверува факти, тогаш ќе видеше дека ОД НАС ЗА НАС исто така ги има информирано своите поддржувачи и читатели дека учебникот, кој МОН, ХЕРА, и Вистинометар целосно го извадија од контекст за да ја дефокусираат јавноста, не е на сила во Србија затоа што родителите се избориле да не биде!


ПОРАКА ЗА ВИСТИНОМЕТАР:

Да биде внимателен со „означувањата“ затоа што со вакви „означувања“ и „образложенија“ самиот си го нарушува угледот – доколку воопшто го има.



Ова се само мал дел од институциите и луѓето кои ќе ги образуваат нашите деца! Ова се институциите на кои им ги доверуваме! Лажговци без срам и достоинство со мотото „Целта ги оправдува средствата“!


Во Србија, Бугарија и Хрватска родителите покажаа дека никој не смее да се „приближи“ до нивните деца и дека силата е во заедништвото! Крајот на нашата, македонска претстава зависи само од НАС, РОДИТЕЛИТЕ! Ќе се гордееме дека сме спречиле нашите деца да бидат индоктринирани со „родовата идеологија“ или утре ќе наведнеме глави дека не сме сториле ништо кога сме имале шанса?