Извештајот од Советодавниот комитет за вакцини и поврзаните кон нив биолошки производи, направен за вакцината на Фајзер-БиоНтек против Ковид19, содржи вознемирувачки индиции кои се можеби безбедносен сигнал за предизвикувачи на патогенен прајминг особено кај постарата возрасна популација.
Во текот на развојот на вакцините против корона вирусите SARS-COV-1 и MERS во раните 2000-ти години, истражувачите пронајдоа докази за сериозен проблем. Екипи на научници од САД и од други земји, вакцинираа животни со четири најветувачки вакцини. Најпрво експериментот изгледаше успешен, бидејќи животните развија големи количини на антитела кон корона вирусот, но, кога потоа вакцинираните животни ги изложија на дивиот сој на вирусот, резултатите беа застрашувачки, вакцинираните животни претрпуваа хипер-имунолошки одговори вклучително и воспаленија низ нивните тела, особено во нивните бели дробови.
Ова прашање е добро познато. Порано во сценариото на Ковид 19, др. Петер Хотез од Бејлор колеџот за медицина, сведочеше пред Конгресот во врска со опасностите за забрзаниот развој на вакцина против ковид и притоа изјави „Дека уникатниот проблем со корона вирус вакцините бил откриен пред 50 години при развојот на вакцината за респираторен синцитален вирус ( Respiratory Syncytial Virus – RSV)”.
Тој подвлече дека овој „парадоксален феномен на имунолошко зголемување” значи дека вакцинираните луѓе сѐ уште можат да ја развијат болеста, да се разболат уште повеќе и да умрат.
Истражувачите веќе го имале видено овој „феномен на зголемен имунолошки одговор“ за време на човечки тестирања на сега веќе пропаднати тестови за RSV вакцина во текот на 1950-тите години. Овие вакцини не само што не успеале да превенираат инфекции, туку во 80% од децата кои биле инфицирани имало потреба од хоспитализација, додека кај две деца погодени од RSV настапила смрт (види Openshaw, 2005).
Во април 2020г., Хотез изјави за CNN, „доколку постои појава на зголемен имун одговор кај животните, тоа е знак за прекин во развој на вакцината сѐ додека не се отстрани проблемот”.
Постои сериозен проблем при терминологијата во врска со ова прашање, и тој проблем секако не е „имунолошкото засилување“ кое што звучи како нешто што му помага на имунолошкиот систем, всушност тоа е баш токму спротивното. Проблемот во реалноста е „зголемување на заболувањето“ и всушност така и беше наречен проблемот во оригиналните истражувања за RSV. Зголемувањето, засилувањето на заболувањето сега изгледа дека е причинето од почетното изложување кон протеините на патогените или на деловите од протеините кои го внесуваат организмот во автоимуна состојба. Тоа се нарекува „патогенен прајминг“. Кај случајот со Ковид 19 секој протеин од SARS-CoV-2 има најмалку еден епитоп кој одговора на човечки протеини, односно е соодветен на одредени протеини во човечкото тело. Околу една третина од епитопите кај вирусот на SARS-CoV-2 кои одговараат на човечките протеини исто така одговараат со протеините од човечкиот имун систем.
Извештајот од Советодавниот комитет за вакцини и поврзаните кон нив биолошки производи, направен за вакцината против Ковид-19 на Фајзер-БиоНтек, содржи вознемирувачки индиции кои се можеби безбедносен сигнал за предизвикувачи на патогенен прајминг, особено кај постарата возрасна популација. Пред тие истите да се ревидираат постојат фундаментални прашања со класификацијата на сериозните несакани ефекти, кои се последица на краткорочното размислување и пристап, како и постоењето на пристапот за екстернализацијата на трошоци во парадигмата на науката за безбедност на вакцините.
Првото прашање е категоризација на „сериозни и несериозни“ несакани ефекти во студијата и во извештајот. За личност која доживува невролошки несакан ефект односно реакција, како на пример Белова парализа на лицето, односно невро – воспалителни и тромболошки несакани реакции, истите не се „несериозни“ и можат во текот на времето да се претворат во живото-загрозувачки состојби кои побаруваат континуирана медицинска нега како и повторувачки трошоци за посети на институции за нега.
Краткотрајната студија исклучува било какви начини за детекција за тоа дали почетната изложеност кон вирусот може да одигра фундаметална причина за појава на долгорочни хронични болести кај пациентите. Несаканите реакции кои се забележани во студијата за вакцината на Фајзер, можеби се индикативни за патоген прајминг, особено заради тоа што многу посериозни несакани ефекти се забележани по давањето на втората доза од истата вакцина.
Второто прашање кое се поставува е дали дизајнот и поставките на студијата за вакцината се поставени за да не се најдат несаканите ефекти.
Извештајот вели дека:
„Меѓу несериозните несакани негативни ефекти имаше нумеричка нерамнотежа, односно појава на четири случаи Белова парализа кај лицата кои примија вакцина, споредено со лица од групата кои примија плацебо наместо вакцина, иако тие четири случаи во вакцинираната група не представуваат појава на несакани ефекти над очекувањата во општата популација“.
Споредбата со основните вредности на бројките е бесмислена заради тоа што други вакцини веќе се во употреба во општата популација. Така што било каков ризик заради вакцината за Ковид19 се додава или се мултиплицира на веќе постоечкиот ризик присутен во популацијата од останатите вакцини.
Десеткратно зголемување на сериозни несакани реакции по втората вакцинална доза кај постари возрасни лица, во споредба со 3.6 пати зголемување на несакани сериозни реакции кај популацијата под 55 години
Кај популацијата на учесници со старост од 18 до 55 години, беа забележани 370 очекувани сериозни несакани реакции (solicited serious adverse events – SSAE), во вакцинираната група и 73 во групата со плацебо (невакцинирани). Од вакцинираните 18% искусија SSAE, додека пак кај плацебо групата само 3% искусија SSAE, што имплицира дека SSAE ќе бидат очекувани со стапка од 5 пати повеќе кај вакцинираните, споредено со невакцинираните.
Овие ефекти вклучуваат тежок замор, главоболка, треска, повраќања, дијареа, болки во зглобовите и мускулите. Дали овие состојби представуваат основа за патоген прајминг е сѐ уште непознато но, идентификацијата на индивидуите кои се сега во повисок ризик од сериозен морбидитет и морталитет доколку се инфицираат со SARS-CoV-2, земајќи ги предвид минатите студии – за нив би било многу веројатно.
Во групата над 55 години старост, која што беше помала група, беа забележани 60 случаи на SSAE кај вакцинираните индивидуи, додека пак само 24 SSAE беа забележани кај невакцинираните. Од вакцинираните 6.5% искусиле сериозни несакани ефекти (SAE), споредено со 1.4% од невакцинираните, што имплицира 4.46 пати зголемен ризик севкупно од SSAE заради вакцинирањето.
Како и да е, кај повозрасната испитна група, вакцинираната група имаше 10 пати повеќе веројатност да има SSAE при примањето на втората доза отколку првата доза од вакцината споредено со односот од 1:1 кај невакцинираните учесници. Во помладата група, вакцинираните имаа 3.61 пати поголема веројатност да се здобијат со SSAE при втората доза од вакцината отколку нивните соучесници со иста генерација во плацебо групата, кои пак имаа скоро исто учество на SSAE при првата и втората доза плацебо.
Недоволни испитувања кај животни
Пациентите во разгледаната студија беа здрави и со тоа спектарот на несакани ефекти не е репрезентативен со оној спектар кој би можел да настане доколку вакцината излезе на пазарот. Во минатите проби со опитни животни, првата доза беше вакцината, но како второ беше природната инфекција, што водеше кон сериозни повреди и често завршуваше со смрт. Во овие човечки проби и двете дози беа дадени со вакцина, што исто така не е осигурување дека овие несакани ефекти не исклучуваат повеќе сериозни и смртоносни состојби од оние кај лабораториските животни.
Испитувањата врз луѓе во никој случај не го исклучуваат патогениот прајминг. Во двете студии врз животни кај Модерна и кај Фајзер, кои употребија нечовечки примати, беше потфрлено да се испитаат деловите од други органи освен од белите дробови и додека тие ги испитуваа потенцијалните маркери за патоген прајминг испуштија да измерат еден тип маркер: interleukin-5 (IL-5), кои пак биле пронајдени во предходните студии за корона вирусот дека биле покачени во сооднос со индуцираното зголемување на заболувањето заради патогениот прајминг.
Доколку се потсетиме дека кај студиите со животни вршени пред вакцините за КОВИД, патогениот прајминг водеше до зголемување на заболувањето кај постарите животни повеќе одколку кај младите животни, постарите животни можеби се на повисок ризик од сериозни хронични заболувања заради автоимуни состојби предизвикани од патоген прајминг од вакцината. Др. Ентони Фаучи ја информираше јавноста дека овие вакцини не ја запираат трансмисијата. Затоа нивната следна доза од вирусни протеини во форма на природна инфекција кај испитаниците од студијата за SARS-CoV-2 инфекцијата која води во Ковид 19, би можела да е и нивна последна (да настапи смрт). Студијата би требало да се продолжи со долгорочно следење, вклучувајќи било која понатамошна вакцинација или изложување на SARS-CoV-2 вирусни протеини при инфекции.
Тогаш зошто светски познатите промотери на вакцините како Пол Офит и Петер Хотез френетично соопштуваа предупредувања за единствените и стравични опасности наследени при развојот на корона вирусната вакцина?
Во ова видео, Офит, Хотез па дури и Фаучи (во текот на еден невнимателен момент), предупредуваат дека било која нова корона вирусна вакцина може да предизвика смртоносна имуна реакција, односно „засилување со вакцината“, во случај вакцинираните луѓе да дојдат во контакт со див сој на вирусот. Наместо да продолжи внимателно, Фаучи направи невнимателен избор и да ги стави вакцините на брза лента, делумно спонзорирани од Гејтс и тоа без критични студии со животни пред да се навлезе во клинички испитувања врз луѓето, кои би можеле да откријат и дадат рано предупредување за ненадејни имунолошки засилени реакции.
Бил Гејтс (во ова видео) е толку многу загрижен заради опасноста од несакани настани, што тој изјавува дека вакцините не треба да бидат дистрибуирани сѐ додека владата не се согласи да ги ослободи од вина производителите на вакцините од понатамошни легални тужби.
На 4 ти Февруари, според CDC, Центарот за контрола и превенција на заразни заболувања, имало само 11 активни случаи на корона вирусот во целата САД, а сепак, САД тивко го протна имунитетот на производителите на вакцините низ федералните регулативи давајќи им целосно ослободување од одговорноста.
Дали сте расположени да го прифатите ризикот? Одлучете сами за себе, врз основа на доказите.
Прочитајте ги овие поврзани студии:
2005 study: Openshaw PJ, Tregoning JS. Immune responses and disease enhancement during respiratory syncytial virus infection. Clin Microbiol Rev. 2005 Jul;18(3):541-55. doi: 10.1128/CMR.18.3.541-555.2005. PMID: 16020689; PMCID: PMC1195968.
Прочитајте за законската декларација за итни состојби овде:
Federal Register giving liability protection, The PREP Act
Прочитајте ги овие поврзани написи:
Gates Pushes Experimental Technology on Seven Billion Human
Susceptibility of People to Pathogenic Priming is a Prime Reason to Eschew COVID19 Vaccine Mandates
Автори: д-р Џејмс Лајонс Вилер и Роберт Ф. Кенеди Јуниор