9 факти за вакцините против грип

Лекари за информирана согласност (Physicians for Informed Consent) е непрофитна организација, коалиција на доктори од целиот свет, кои се фокусирани на медицина базирана на докази и информации во полето на вакцинацијата кај деца и возрасни. Нивната цел со овие информации е да помогнат при донесување на информирана одлука при вакцинацијата.

Во прилог нивната информативна брошура за вакцината против грип.


1. Вакцината против грип го зголемува ризикот од инфицирање со не-грипозни респираторни заболувања за 65%.

Иако некои студии сугерираат позитивни ефекти на вакцината против грип врз инциденцата на болести предизвикани од вируси на грип, таа придобивка е потенцијално помала од негативните ефекти на вакцината против грип врз инциденцата на респираторни заболувања од други причинители (1).

Да се справи со загриженоста кај пациентите дека вакцината против грип предизвикува болест (т.е. акутно респираторно заболување), Центарот за контрола и превенција на болести на САД (CDC), финансираа тригодишна студија (2), објавена во списанието Вакцина (Vaccine), со цел да се анализира ризикот од болест по вакцинацијата против грип во споредба со ризикот од болест кај невакцинирани лица.

Студијата откри дека постои 65% зголемен ризик да заболат од не-грипозно акутно респираторно заболување во рок од 14 дена по приемот на вакцината против грип. Авторите наведуваат: „Искуствата на пациентите со болест по вакцинацијата може да бидат потврдени со овие резултати“.

Ова е важно затоа што иако вакцините против грип се насочени кон три или четири соеви на вирус на грип (3), над 200 различни вируси предизвикуваат болести кои ги даваат истите симптоми – треска, главоболка, болки во телото, кашлица и течење на носот – исто како грипот (4) и повеќе од 85% од акутните респираторни заболувања не се предизвикани од грип (5).

2. Вакцината против грип не ја намалува стапката на хоспитализација.

Националниот институт за здравство на САД (NIH) финансираше студија (6) за да се измери ефектот на сезонска вакцинација против грип врз хоспитализацијата кај постарите лица. Студијата анализира 170 милиони случаи на медицинска нега и откри дека „нема докази дека вакцинацијата го намалила бројот на хоспитализациите“.

Покрај тоа, прегледот на Кохран во 2018 година на 52 клинички испитувања за проценка на ефективноста на вакцините против грип, не најде значителна разлика во хоспитализациите помеѓу возрасните вакцинирани и невакцинирани. Наместо тоа, истражувачите откриле „докази со ниска сигурност дека стапките на хоспитализација и отсуството од работа може да се спореди помеѓу возрасни вакцинирани и невакцинирани“.

Понатаму, Клиниката Мајо спроведе студија за контрола на случаи (8), со цел да се анализира ефективноста на три валентната инактивирана вакцина против грип (ТИВ) во спречување на хоспитализација од грип кај деца од 6 месеци до 18 години. Студијата го процени ризикот од хоспитализација и кај вакцинирани и кај невакцинирани деца во период од осум години. Авторите наведуваат: „ТИВ не е ефикасна во спречување на хоспитализација од лабораториски потврден грип кај деца“. Наместо тоа, „откривме тројно зголемен ризик од хоспитализација кај испитаници кои добиле три валентна инактивирана вакцина против грип“.

3. Вакцината против грип не спречува ширење на грип.

Се сметаше дека домаќинствата играат голема улога во ширењето на грипот во заедницата и постоеше долга историја на анализа на семејните домаќинства за да се проучи инциденцата и пренесувањето на респираторни заболувања од секој степен на сериозност. Поради ова, ЦКБ финансираше студија(9) од 1.441 учесник со вакцинирани и невакцинирани, во 328 домаќинства. Студијата ја процени способноста на вакцината против грип да спречи пренос на грип во заедницата (индекс на случаи во домаќинства) и стекнат грип кај луѓе со потврдена изложеност на грип во домаќинствата (секундарни случаи). Ризиците од преносот беа утврдени и карактеризирани.

Како заклучок, авторите наведуваат: „Нема докази дека вакцинацијата спречува пренесување во домаќинствата откако ќе бидат изложени на грип“(9,10).

Понатаму, во систематскиот преглед (5) од 50 студии за вакцини против грип, спроведени од Кохран (Cochrane Library), се вели: „Вакцините против грип имаат скромен ефект во намалувањето на симптомите на грип и изгубените работни денови. Нема докази дека тие влијаат на компликациите како што е пневмонијата или на пренесувањето“.

4. Вакцината против грип не успева да спречи грип кај околу 65% од случаите.

ЦКБ спроведува студии за проценка на ефектите од вакцинацијата против грип секоја сезона на грип, за да помогне да се утврди дали вакцините против грип функционираат според предвидениот план (11). Бидејќи вирусите на циркулирачки грип постојано се менуваат (пред сѐ поради антигенски мутации) (12), вакцините против грип редовно се формулираат врз основа на „најдобрата претпоставка“ за тоа кои вируси можат да циркулираат во текот на претстојната сезона на грип (3). ЦКБ наведува: „ЦКБ ја следи ефикасноста на вакцините годишно преку Influenza Vaccine Effectiveness Network – соработка со институции учеснички на пет географски локации… Годишните проценки за ефикасноста на вакцините, даваат реален поглед на тоа колку добро вакцината штити од грип предизвикан од циркулирачки вируси секоја сезона“ (13).

Податоците на ЦКБ од Influenza VE Network укажуваат на 65% стапка на неуспех на вакцините за периодот помеѓу 2014 и 2018 година (11) (Слика 1).

5. Повторни дози на вакцини против грип може да го зголемат ризикот од неуспех на идните вакцини против грип.

Студиите забележале дека вакцините против грип имаат мала ефикасност кај лица кои се вакцинираат во две последователни години (9). Во прегледот на 17 студии за вакцини против грип објавени во Expert Review of Vaccines се наведува: „Ефектите на повторената годишна вакцинација врз индивидуалната долгорочна заштита, имунитет кај населението и еволуцијата на вирусот – остануваат во голема мера непознати“ (14).

6. Смртта од грип е ретка кај децата.

Пред широко распространетата употреба на вакцина против грип кај деца, помеѓу 2000 и 2003 година, секоја година децата на возраст од 18 години и помлади имале околу 1 на 1,26 милиони или 0,00008% шанси да умрат од грип (15). Во извештајот од 2004 година, ЦКБ наведува: „Смртните случаи од грип се невообичаени кај деца со и без ризични состојби“ (16).

7. Вакцината против грип не ги намалува смртните случаи од пневмонија и грип.

Канцеларијата на Националната програма за вакцини, оддел на Министерството за здравство и хумани услуги на САД (HHS), финансираше студија (17) за испитување на смртноста од грип во период од 33 години (1968–2001). Студијата покажа дека нема намалување на смртноста од грип од раширената употреба на вакцината против грип. Авторите наведуваат: „Не можевме да ја поврземе зголемената покриеност на вакцинацијата по 1980 година со намалена стапка на смртност кај која било возрасна група… заклучивме дека набљудувачките студии значително ја преценуваат придобивката од вакцинација“.

Понатаму, Националниот институт за здравство (NIH) финансираше студија (6) за да се измери ефектот на сезонска вакцинација против грип врз смртноста кај постарите лица. Студијата анализирала 7,6 милиони смртни случаи и открила „нагло зголемување на стапките на вакцинација против грип на возраст од 65 години, без соодветно намалување на стапките на хоспитализација или смртност“.

8. Пациентите немаат корист од вакцинацијата на здравствените работници.

Во прегледот (18) на повеќе од 30 студии за вакцини против грип, спроведени за Кохран, се вели: „Наодите од прегледот не идентификуваа убедливи докази за придобивките од програмите за вакцинирање на здравствените работници со специфични исходи кај лабораториски докажана инфлуенца, компликации од вирусот (инфекција на долен респираторен тракт, хоспитализација или смрт поради болест на долниот респираторен тракт), или целокупната смртност кај луѓе постари од 60 години“. Авторите заклучуваат: „Овој преглед не дава разумни докази за поддршка на вакцинацијата на здравствените работници за спречување на грип“. Покрај тоа, „Постојат малку докази за да се оправдаат медицинските лица и јавните здравствени работници кои налагаат вакцинација против грип за здравствените работници“.

9. Наложување на задолжителност за вакцини против грип не се базира на наука.

Анализата (19) на The Cochrane Vaccines Field ги оцени студиите за мерење на придобивките од вакцинацијата против грип. Анализата, објавена во BMJ, заклучува: „Големиот јаз меѓу политиката и она што ни го кажуваат податоците (кога ригорозно се собрани и евалуирани) е изненадувачки… Доказите од систематските прегледи покажуваат дека инактивираните вакцини имаат мало или никакво влијание врз измерените ефекти… Причините за сегашниот јаз меѓу политиката и доказите се нејасни, но имајќи ги предвид огромните ресурси, треба итно да се изврши повторна проценка“.

Референци:

  1. Dierig A, Heron LG, Lambert SB, Yin JK, Leask J, Chow MY, Sloots TP, Nissen MD, Ridda I, Booy R. Epidemiology of respiratory viral infections in children enrolled in a study of influenza vaccine effectiveness. Influenza Other Respir Viruses. 2014 May;8(3):293-301. Epub 2014 Jan 31.
  2. Rikin S, Jia H, Vargas CY, Castellanos de Belliard Y, Reed C, LaRussa P, Larson EL, Saiman L, Stockwell MS. Assessment of temporally related acute respiratory illness following influenza vaccination. Vaccine. 2018 Apr 5;36(15):1958-64.
  3. Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. Selecting viruses for the seasonal influenza vaccine; [cited 2020 Aug 17]. https://www.cdc.gov/flu/prevent/vaccine-selection.htm.
  4. Demicheli V, Jefferson T, Al-Ansary LA, Ferroni E, Rivetti A, Di Pietrantonj C. Vaccines for preventing influenza in healthy adults. Cochrane Database of Syst Rev. 2014 Mar 13;(3):CD001269.
  5. Jefferson T, Di Pietrantonj C, Rivetti A, Bawazeer GA, Al-Ansary LA, Ferroni E. Vaccines for preventing influenza in healthy adults. Cochrane Database Sys Rev. 2010 Jul 7;(7):CD001269.
  6. Anderson ML, Dobkin C, Gorry D. The effect of influenza vaccination for the elderly on hospitalization and mortality: an observational study with a regression discontinuity design. Ann Intern Med. 2020 Apr 7;172(7):445-52.
  7. Demicheli V, Jefferson T, Ferroni E, Rivetti A, Di Pietrantonj C. Vaccines for preventing influenza in healthy adults. Cochrane Database Syst Rev. 2018 Feb 1;2(2):CD001269.
  8. Joshi AY, Iyer VN, Hartz MF, Patel AM, Li JT. Effectiveness of trivalent inactivated influenza vaccine in influenza-related hospitalization in children: a case-control study. Allergy Asthma Proc. 2012 Mar-Apr;33(2):e23-7.
  9. Ohmit SE, Petrie JG, Malosh RE, Cowling BJ, Thompson MG, Shay DK, Monto AS. Influenza vaccine effectiveness in the community and the household. Clin Infect Dis. 2013 May;56(10):1363.
  10. Physicians for Informed Consent. Newport Beach (CA): Physicians for Informed Consent. Vaccines: what about immunocompromised schoolchildren? Dec 2019. https://physiciansforinformedconsent.org/immunocompromised-schoolchildren/rgis/.
  11. Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. CDC seasonal flu vaccine effectiveness studies; [cited 2020 Apr 17]. https://www.cdc.gov/flu/vaccines-work/effectiveness-studies.htm.
  12. Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. How the flu virus can change: ‘drift’ and ‘shift’; [cited 2020 Aug 17]. https://www.cdc.gov/flu/about/viruses/change.htm.
  13. Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. How flu vaccine effectiveness and efficacy are measured; [cited 2020 May 14]. https://www.cdc.gov/flu/vaccines-work/effectivenessqa.htm.
  14. Belongia EA, Skowronski DM, McLean HQ, Chambers C, Sundaram ME, De Serres G. Repeated annual influenza vaccination and vaccine effectiveness: review of evidence. Expert Rev Vaccines. 2017 Jul;16(7):723,733.
  15. Centers for Disease Control and Prevention. Washington, D.C.: U.S. Department of Health and Human Services. CDC wonder: about underlying cause of death, 1999-2018; [cited 2020 May 2]. https://wonder.cdc.gov/ucd-icd10.html; query for death from influenza, 2000-2003. Between 2000 and 2003, there were 61 annual deaths from influenza out of 77 million children age 18 and younger, about 1 death in 1.26 million.
  16. Harper SA, Fukuda K, Uyeki TM, Cox NJ, Bridges CB; Centers for Disease Control and Prevention (CDC) Advisory Committee on Immunization Practices (ACIP). Prevention and control of influenza: recommendations of the Advisory Committee on Immunization Practices (ACIP). MMWR Recomm Rep. 2004 May 28;53(RR-6):1-40.
  17. Simonsen L, Reichert TA, Viboud C, Blackwelder WC, Taylor RJ, Miller MA. Impact of influenza vaccination on seasonal mortality in the US elderly population. Arch Intern Med. 2005 Feb 14;165(3):265-72.
  18. Thomas RE, Jefferson T, Lasserson TJ. Influenza vaccination for healthcare workers who care for people aged 60 or older living in long-term care institutions. Cochrane Database Syst Rev. 2016 Jun 2;(6):CD005187.
  19. Jefferson T. Influenza vaccination: policy versus evidence. BMJ. 2006 Oct 28;333(7574):912-5.

Брошурата е превземена од непрофитната организација Лекари за информирана согласност. Изворен линк.