„Универзалните“ препораки на ЦKБ за вакцинација против хепатит Б кај новороденчиња – засновани на претпоставки

Ова е последниот дел од серијалот за хепатит Б вакцината, што го испитува образложението на ЦКБ за неговата универзална препорака за вакцинација на новороденчиња против хепатитис Б. Првиот дел го истражува ризикот кај новороденчињата од инфекција со хепатитис Б (Огромното мнозинство на деца во развиените земји, денес не се изложени на значителен ризик од инфекција со хепатитис Б). Вториот дел открива како агенцијата започнала да препорачува вакцинација за бремени жени и доенчиња и покрај целосниот недостаток на рандомизирани, плацебо-контролирани испитувања кои покажуваат дека овие практики се безбедни. Делот 3 ја испитува промената на политиката на ЦКБ од 1991 година, во препорака новороденчињата да бидат „универзално“ вакцинирани, обично на првиот ден од нивниот живот, со што милиони деца се изложени на непотребен ризик од невроразвојна штета од вакцината.


Со оглед на нискиот ризик за повеќето новороденчиња од инфекција со хепатит Б, рутинскиот скрининг за време на бременоста за да се идентификуваат новороденчињата со ризик и достапноста на HBIg третман за изложени новороденчиња (што е 75% ефикасно во спречување на хронична инфекција), заедно со недостатокот на студии за да се утврди безбедноста при вакцинирање на бремени жени и доенчиња, кое е научното медицинско образложение на одлуката на ЦКБ од 1991 година, да препорача сите новородени бебиња да се вакцинираат?

Едноставниот одговор е дека нема ниту едно медицинско, научно образложение!

Препораката на ACIP (Советодавен комитет за практики на имунизација) не се засноваше на наука, туку на желбата на ЦКБ да ја постигне својата цел да го елиминира пренесувањето на хепатит Б вирусот, со постигнување високи стапки на вакцинација. Навистина, ЦКБ во тоа време беше доста експлицитен за ова.

„Образложението на ЦKБ за сеопфатна стратегија за елиминирање на преносот на вирусот на хепатит Б во САД“ беше објавено во неговото списание Неделен извештај за морбидитет и морталитет (Morbidity and Mortality Weekly Report -MMWR) на 22 ноември 1991 година. Новата стратегија вклучува „правење на вакцината против хепатит Б како дел од рутинскиот распоред за вакцинирање на сите доенчиња“. Наведената причина зошто ЦКБ сакаше да ги вакцинира сите новороденчиња не беше затоа што сите доенчиња беа изложени на ризик од инфекција, туку едноставно затоа што нејзината стратегија за вакцинирање на високо ризични популации пропаѓаше.

Со зборовите на ЦКБ: „Во Соединетите држави, повеќето инфекции се јавуваат кај возрасни и адолесценти. Препорачаната стратегија за спречување на овие инфекции е селективна вакцинација на лица со идентификувани фактори на ризик. Сепак, стратегијата не ја намали инциденцата на хепатитис Б, пред сè затоа што „вакцинирањето лица кои се поврзани со високо ризично однесување, животни стилови или занимања пред да се заразат, генерално не било изводливо“.

Како што повтори ЦКБ, „Напорите за вакцинирање лица во најголемите ризични групи имаа ограничен успех“. Понатаму, „Само едукативните напори веројатно нема целосно да ги елиминираат ризичните однесувања одговорни за преносот на ХБВ“.

Доенчињата, се разбира, не се вклучуваат во такво однесување со висок ризик. Образложението на ЦКБ едноставно беше дека, бидејќи возрасните имаат тенденција од различни причини да не се вакцинираат, тоа ќе го елиминира изборот, со вакцинирање на сите при раѓање, без оглед на индивидуалниот ризик.

ЦКБ тврди дека би било поевтино и полесно, да се вакцинираат сите при раѓање отколку да се продолжи со насочување кон високо ризични популации. „На долг рок“, оценува ЦКБ, „универзалната вакцинација за новороденчиња ќе ја елиминира потребата за вакцинирање на адолесценти и возрасни со висок ризик“.

Продолжувајќи, ЦКБ забележа дека постарата вакцина добиена од плазма веќе не се произведува во САД, заменета е со технологијата на рекомбинантна вакцина. Како и постарата вакцина и двата бренда на поновата HepB вакцина содржеа алуминиум и жива.

ЦКБ призна дека не се направени долгорочни студии за да се утврди ефикасноста на новата вакцина. Наместо тоа, нејзината ефикасност беше проценета врз основа на студиите направени за постарата вакцина добиена од плазма. Со постарата вакцина, нивоата на заштитни антитела првично беа испровоцирани кај повеќето испитаници, но со текот на времето опаѓаа, така што по девет години дури 60 проценти од испитаниците веќе немаа антитела што може да се детектираат. Сепак, се чинеше дека вакцината предизвикува имунолошка меморија, така што субјектите останаа имуни и покрај намалените титри на антитела. За деца вакцинирани при раѓање, заштитниот ефект на вакцината опстојуваше „најмалку 5 години“.

Оттука, препораката на ЦКБ не се заснова на научни студии кои покажуваат дека рекомбинантната хепатит Б вакцина администрирана во раното детство, ќе даде имунитет во текот на целата зрелост. Наместо тоа, политиката на ЦКБ беше заснована на верба, потпирајќи се само на претпоставка дека вакцината ќе овозможи подолготраен имунитет.

Новата политика на ЦKБ беше уште повеќе базирана на верба, кога стануваше збор за безбедноста на новата вакцина. Не направија студии кои покажуваат дека изложувањето на фетуси и доенчиња на овие невротоксини е безбедно. Наместо тоа, цитирајќи ги своите необјавени податоци, ЦКБ, врз основа на „ограничено искуство“, процени дека нема „очигледен ризик“ за развојот на фетусите при вакцинирање на бремени жени. Се разбира, многу е лесно да се каже дека нема очигледен доказ за штета кога не се направени студии за утврдување на ризикот.

ЦКБ, исто така, уште еднаш ја употреби недоследната заблуда дека, бидејќи вирусните антигени честички во вакцината не биле инфективни, па вакцината „не треба да предизвика ризик за фетусот“ – што уште еднаш покажа дека е институционализиран неуспех да се разгледа потенцијалот за невроразвојните штети од жива и алуминиум.

Надвор од тоа, најдоброто што ЦКБ можеше да стори за да ја увери јавноста за безбедноста на вакцината е да додаде дека „Вакцините против хепатитис Б се покажаа безбедни кога се администрираат и кај возрасни и кај деца. Над 4 милиони возрасни лица се вакцинирани во Соединетите држави, а барем толку деца примиле вакцина против хепатит Б ширум светот“.

Се разбира, ова, исто така, беше заблуда без преседан, бидејќи заклучокот дека вакцината е безбедна не произлегува од премисата дека била инјектирана на четири милиони деца на глобално ниво(Размислете колку пушачи на цигари имало во светот, пред владата и тутунската индустрија конечно да признаат дека пушењето може да предизвика рак на белите дробови).

Според оценката на ЦКБ, заснована на верба, придобивката од евентуално спречување на околу 2.000 до 5.000 годишни смртни случаи од заболување на црниот дроб поврзано со ХБВ – ги надмина сите потенцијални штети, вклучувајќи ги и ризиците од непотребно изложување на милиони фетуси и новородени бебиња на невротоксичните ефекти на живата и алуминиум.

Во 1999 година, беше донесена одлука да се елиминира конзервансот тимеросал базиран на жива од повеќето вакцини кои рутински се препорачуваат за деца. Ова беше направено затоа што стана познато дека распоредот на ЦКБ ги изложуваше децата на кумулативни нивоа на жива што ги надминуваше безбедносните упатства на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA). Сепак, тимеросал сè уште се користи во шишиња со повеќе дози на вакцини против грип и обете вакцини против хепатитис Б, лиценцирани за употреба кај доенчиња – сè уште содржат алуминиум.

Докази за невролошка штета од вакцината против хепатит Б

И покрај широко распространетата загриженост за можноста од невроразвојна штета од вакцината против хепатит Б, (која се администрира на повеќе од 70 проценти од новороденчињата ширум светот), 25 години откако ЦКБ го спроведе својот универзален режим за вакцинација на новороденчиња, сѐ уште, како што забележаа тим кинески истражувачи во студија објавена во списанието Psychoneuroendocrinology„Дали оваа неонатална вакцинација влијае на развојот на мозокот е непознато“.

Претходната студија од истиот тим, објавена во Journal of Neuroimmunology една година претходно (2015 година), беше прва што го испита прашањето „дали неонаталната вакцинација може да влијае на развојот на мозокот на физиолошки начин“. Проучувајќи ги ефектите од вакцинацијата кај стаорци, меѓу нивните откритија беше дека тоа предизвикало зголемување на „про-воспалителни цитокини, како што се IL-1β, IL-6 и TNF-α“, за кои истражувањата се фокусирале на „штетни ефект врз невронската функција и синаптичката пластичност “. Зголемувањето на про-воспалителните цитокини беше дел од „невротоксичниот профил на експресија“ изложен од стаорци вакцинирани со хепатит Б. Нивните податоци потврдија „дека изменетиот имунолошки статус предизвикан од вакцинација ја модулира хипокампалната синаптичка пластичност за време на раниот живот“. Вакцината предизвика пристрасност кон одговорот на антителата или хуморалниот имунитет, во однос на клеточниот имунитет. Ова „искривување“ на имунолошкиот систем, заклучија тие, „предизвикало штетни ефекти“.

Во нивната студија следната година, истражувачите елаборираа: „Докажано е дека активирањето на перинаталниот имунитет влијае на развојот и однесувањето на мозокот. Мозокот сè уште се развива во раниот постнатален временски период и со тоа имунолошката активација може да влијае на развојното програмирање на мозокот. . . Затоа, постои сомнеж дека раната вакцинација [со вакцина против хепатитис Б], што предизвикува силно активирање на имуниот систем – влијае на развојот и однесувањето на мозокот“.

Понатаму, рамнотежата помеѓу клеточно посредуваниот (Th1) и хуморалниот имунитет (Th2) „служи како важен медијатор за ефектите на имунолошката активација врз централниот нервен систем (ЦНС)“. Вакцината против хепатит Б, како што претходно беше објавено, предизвика пристрасност кон Th2, што „се смета за невро-штетно“ и „беше објавено дека е поврзано со когнитивни дефицити“. Нивната нова студија покажа дека раната вакцинација против хепатит Б го наруши однесувањето, синаптичката пластичност на хипокампалниот дел од мозокот и растот на нервното ткиво на глувците во раната зрелост. Овие штетни исходи беа сите можни ефекти на „промените во мозочното невроимуно опкружување по системската Th2 пристрасност“.

Истражувачите заклучиле дека раната вакцинација против хепатит Б „предизвикува нарушувања во однесувањето и хипокампалната неврогенеза“, со нивните податоци „кои го поддржуваат долгото сомневање за потенцијално поврзување на вакцината против хепатит Б, со одредени невропсихијатриски нарушувања како што се аутизам и мултиплекс склероза“.

Во третата студија со глодари објавена во списанието Цитокин (Cytokine) во октомври 2018 година, истражувачите потенцираа како вакцинирањето против хепатит Б „предизвика моментална антиинфламаторна цитокинска реакција и последователен проинфламаторен цитокински одговор во хипокампусот“.

Забележително, нарушување во однесувањето кај глувците вакцинирани на денот на нивното раѓање, се појави на возраст од осум недели, што се совпаѓа со „одложената хипокампусна невроинфламација“. Драматично зголемување на нивото на про-воспалителни цитокини (IL-1β, IL-6 и TNF-α) во споредба со контролите е забележано помеѓу 35 до 42 дена по вакцинацијата.

Нормално, ваквите докази за одложено невролошко оштетување не можеа да бидат откриени во неконтролираните клинички испитувања со само четири или пет дена следење што ги користеа Мерк и ГлаксоСмитКлајн за да добијат одобрување од FDA за пласирање на нивните производи на пазарот.

Како што писателот Ј.Б. Хендли, забележа во однос на оваа серија студии, „Разумно е да се каже дека според начинот на кој беше тестирана вакцината против хепатит Б и начинот на кој предизвикува оштетување на мозокот (со одложено дејство), значи дека нашите здравствени власти немаат идеја колку оштетување на мозокот вакцината против хепатит Б предизвикува на нашите деца. Никаква“.

Заклучок

Додека јавните здравствени службеници и корпоративните новински медиуми се потсмеваат и се потсмеваат на секој што ќе се осмели да ја доведе во прашање мудроста за вакцинирање на деца строго според препорачаниот детски распоред на ЦКБ, вклучително и вакцинирање на новородени бебиња на првиот ден од нивниот живот – сепак науката ни вели дека постојат многу легитимни причини за загриженост. Во најмала рака, треба да има отворена дискусија и дебата за практиката на вакцинација, но наместо тоа, ние сме сведоци на заеднички напор да се замолчат критичарите и построго да се спроведат мандатите за вакцини, потребни за влез во училиште.

Додека ни се кажува дека вакцината против хепатитис Б е „клучна вакцина“ за доенчиња, реалноста е дека огромното мнозинство на деца не се изложени на значителен ризик од инфекција. Препораката на ЦКБ за универзално вакцинирање на новороденчиња не се засноваше на наука, туку на претпоставки дека вакцината ефикасно ќе ја намали смртноста од заболување на црниот дроб поврзана со ХБВ и да ги парафразирам зборовите на микробиологот на FDA, Ричард Дамер – ќе биде неспособна да предизвика штета врз развојот на фетусите кај бремените жени или новородени бебиња.

Наместо тоа, она што науката ни го кажува е дека препораката на ЦКБ за универзално вакцинирање на новороденчиња при раѓање, ги става мнозинството деца на целосно непотребен ризик од невроразвојна штета од вакцината против хепатитис Б, со непресметливи трошоци за општеството.

Автор: Џереми Р. Хамонд за Childrens Health Defence