Ковакс, ГАВИ, СЗО, Гејтс – среќен крај или почеток на крајот?

„На денешата 76-та седница Владата ја разгледа и усвои Информација за можноста на Република Северна Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19.
Владата го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец, соопштија од владината прес-служба“ – пренесе Фокус.

Така преку медиуми нѐ известија дека „COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за КОВИД-19“, како проект на GAVI, ќе нѐ спаси нас зафрлените земји од корона вирусот.

COVAX е предводена од GAVI, Светската здравствена организација и Коалицијата за епидемиска подготвеност и иновации – CEPI (Coalition for Epidemic Preparedness Innovations). Неговата цел е да достави 2 милијарди дози вакцини за COVID-19 до крајот на 2021 година. Според GAVI : „Повеќе од 75 земји изразија интерес да се приклучат на шемата за финансирање COVAX, дизајнирана да гарантира брз и правичен пристап на глобално ниво до вакцините COVID-19. 75 земји, кои би ги финансирале вакцините од јавните буџети, ќе се здружат со 90 посиромашни земји, поддржани преку доброволни донации и преку системот Advance Market Commitment, односно систем на однапред договорени пазарни заложби (обврски) – COVAX на GAVI“.


Според Википедија:

„ГАВИ, официјално Gavi, the Vaccine Alliance (претходно Алијансата ГАВИ, а пред тоа Глобална алијанса за вакцини и имунизација) е јавно-приватно глобално здравствено партнерство со цел да се зголеми пристапот до имунизација во сиромашните земји.

ГАВИ ги здружи владите на земјите во развој и донаторите, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, Светска банка, индустријата за вакцини и во индустријализираните и во земјите во развој, истражувачките агенции, граѓанското општество, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и други приватни филантропи. Програмите на ГАВИ честопати можат да дадат квантифицирани, политички привлечни, лесни за објаснување на резултатите во рамките на изборен циклус, што е привлечно за партиите вклучени во процесот на избори.

https://www.gavi.org/our-alliance/about

ГАВИ беше критикувана дека на приватните донатори им дава повеќе унилатерална моќ да одлучуваат за глобалните здравствени цели, приоретизирање на нови, скапи вакцини додека вложуваат помалку пари и напор за проширување на опфатот на старите евтини вакцини, оштетувајќи ги локалните здравствени системи, дека премногу се троши на субвенции за големи, профитабилни фармацевтски компании без да се намалат цените на некои вакцини и за нејзините судири на интереси, односно имаат производители на вакцини во управниот одбор. ГАВИ презеде чекори за решавање на некои од овие проблеми.

Пристапот на GAVI кон јавното здравство е опишан како бизнис-ориентиран и фокусиран на технологија, користејќи мерки ориентирани кон пазарот и бара мерливи резултати. Овој модел е наречен „Гејтс пристап“ или пристап од типот на САД. Тој е во спротивност со пристапот наведен со Декларацијата од Алма Ата, која се фокусира на ефектите од политичкиот, социјалниот и културниот систем врз здравјето“.

Според официјалната страна на GAVI:

„Кога е доволно капитализиран, столбот COVAX веднаш ќе понуди договори за авансно купување на вакцини што ги исполнуваат праговите на техничките критериуми. Ова ќе биде направено за да се произведат вакцини со ризик пред да имаме резултати од испитувања за ефикасност(!). Нудењето меѓу пет до десет вакви договори ќе овозможи специјално креиран финансиски инструмент, COVAX Facility, кој се наоѓа во рамките на столбот, да:

● набави кумулативни 2 милијарди дози до крај на 2021 година, осигурувајќи се дека земјите учеснички добиваат распределба за вакцинирање што е можно побрзо, вклучително и тампон за итни случаи (10% од дозите);

● се набават најголем можен волумен на вакцини од секој производител, што ќе резултира со најголем број дози по најекономично ефикасна цена;

● да се обезбеди глобално фер и правична распределба на вакцините, заштеда на милиони животи и заштита на распределбата на средствата и доведување на акутната фаза на пандемијата до крај на најефикасен можен начин“.

THE ACT-ACCELERATOR VACCINES PILLAR

„ACT-Аccelerator столбот е глобална соработка за забрзување на развојот, производството и пристапот до нови дијагностики, лекови и вакцини за COVID-19. Тоа е партнерство на клучните засегнати страни: политички лидери, партнери во јавниот и приватниот сектор, граѓанско општество, академија – која ги зајакнува предностите на секој партнер за да ги придвижи кон забрзан и правичен пристап.

…Со комбинирање на моќта и експертизата на CEPI и со функцијата за набавка и распределба на Гави, столбот COVAX е во состојба да обезбеди производство на дози сега, нешто што ниту една организација, влада или финансиер не можеше да го постигне целосно самостојно. Поддржано од Светската здравствена организација за обезбедување на ефикасно регулирање и оптимална распределба и CEPI и Гави ќе ги искористат нивните партнерства со владите, приватниот сектор, академијата, граѓанското општество и финансиерите за да го постигнат забрзаното влијание што му треба на светот од столбот COVAX“.

https://www.gavi.org/news/media-room/more-150-countries-engaged-covid-19-vaccine-global-access-facility

Како настана Advance Market Commitment системот?

Периодот од 2000-та до 2010-та година беше доста турбулентен за фармацевтската индустрија. Најавуваа прекини во работата и пренасочувања на нивните линии и производи.

Новартис објави во декември 2007 година дека планира да намали 2 500 работни места низ целиот свет до 2010 година, во обид да заштеди 1,6 милијарди долари. Наведувајќи ги истечените патенти, генеричката конкуренција и зголемените трошоци во индустријата, Новартис рече дека лошата продажба на фармацевтски производи во САД ја принудила оваа реорганизација.

Забележувајќи дека доживеал „силен раст“ во одделот за вакцини и дијагностика, Новартис изјави дека планира да го прошири своето присуство на пазарите во развој како Африка, Централна и Југоисточна Азија.

Мерк најави намалување на работните места во своите продажни сили во САД во 2010та, велејќи дека намалувањето е дел од неговото спојување со
Schering-Plough. Сè на сè, ново-мажената компанија планира да ја намали својата глобална работна сила за 15 проценти, за заштеда од скоро 3,5 милијарди американски долари.

Но, дури и пред Мерк и Schering-Plough да станат пар, Мерк веќе започна да отпушта, како дел од планот за реструктуирање во 2005-та година.

Главниот фокус на тој план според Мерк, како што најавил на акционерите, требало да биде влегувањето и станувањето лидер во пазарите во развој, кои „обезбедуваат огромна можност“ за лековите и вакцините на Мерк.

Но, Мерк и Новартис не беа единствените што ја презема оваа рута:

Џонсон&Џонсон во ноември 2009 година објавија дека кратат 8000 работни места; Фајзер рекле дека намалуваат 20 000 работни места или 20 проценти од својата работна сила, како дел од нејзиното спојување со Вајт; Ели Лили рече дека ќе има намалување од 13 проценти во вкупно 5 000 работни места; Астра Зенека намалила 7 000 работни места или околу 10 проценти од својата работна сила.

Но, истовремено со огласите за намалување на работните места, сите алудираа на новите пазари како нивниот нов фокус.

Се разбира, сè е за пари во крајна линија – што не е лошо, бидејќи овие компании се субјекти за профит. Но, што е ова нешто, „новите пазари“ и како желбите на фарма компаниите да ги следат пазарите во развој влијаат врз остатокот од светот?

Новите пазари во тој период, а и денес, се области во светот кои покажуваат ветување како профитабилен потфат за многу производи, вклучително и вакцини. И пазарите во развој, првенствено во земјите во развој во Југоисточна и Централна Азија и Африка – веќе подолго време биле на радарите на производителите на вакцини.

Една од причините што производителите на вакцини се заинтересирани за овие делови на светот е тоа што таму се случувааат, во најголем дел, смртните случаи во светот од заразни болести.

Светските здравствени лидери веќе долго време веруваат дека повеќето, ако не и сите, од овие болести можат да бидат спречени со вакцини.

Единствениот проблем е што, до неодамна, правењето вакцини за неразвиените земји без пари, т.е. без да платат за нив, не беше баш профитабилна цел за производителите на вакцини.

Во 2001 година, еден научен труд објавен во Tropical Medicine & International Health ја критикуваше фармацевтската индустрија затоа што премногу размислува за крајната цел и не инвестирала повеќе во „запуштените“ болести. Обвинувајќи ги дека се позаинтересирани за поврат на инвестициите, отколку за глобалните здравствени потреби, авторот на трудот ги повика компаниите да ги преиспитаат своите приоритети.


Во 2010 година, одеднаш, земјите од Третиот свет се токму таму каде што претходно сакаа да бидат обесхрабрените компании за лекови. Во една студија на пазарот објавена 2010та, овие компании тогаш изјавија дека вакцините се новата цел.

„Развиениот свет беше првичен фокус на производителите на вакцини заради подобрата здравствена заштита и повисоки нивоа на цени“, се вели во извештајот. „Сепак, соочувајќи се со сè повеќе заситени пазари на Западот, компаниите бараат да се прошират во нови географски предели, како што се новите пазари во Азија“.

Мора да ја купите за да ја видите целосната студија за пазарите во развој, но ГСК го објави својот план за развој на пазарот во мај 2009 година, бесплатно, на Интернет. Наведувајќи ги првите 10 земји што се „големи пазари и рапидно растат“, ГСК рече дека овие земји претставуваат 85 проценти од потенцијалниот развој на пазарот.

„Новите пазари наскоро ќе ги надминат развиените пазари за стотици милијарди долари“ се велеше во извештајот на ГСК, што денес и се остварува, како што беше опишано во извештајот – преку пазарот за вакцини.

Начинот за успех, според нив бил преку зголемено внимание на владите кон агендата за јавно здравје, капитализирање на групите за детски вакцини и со концентрирање на нови производи за вакцинирање.

Па што се случи во 2001 година, кога светските здравствени лидери ги критикуваа производителите на лекови за тоа што не направија точно ваков вид инвестиции и наредните неколку години, кога производителите на вакцини одеднаш почнаа да трасираат пат кон земјите од Третиот свет?

Помеѓу 2001 и 2005 година, неколку истражувачи за вакцини и развивачи на пазарот реагираа на казната од 2001 година со пишување на бројни статии за тоа зошто фармацевтските компании излегуваат од бизнисот со вакцини. Паѓањето на пазарите, зголемените трошоци и регулаторните проблеми беа првите три причини.

„Поправете ги овие проблеми и сите би биле задоволни да се концентрираат на вакцините за земјите во развој“, се вели во одговорите.

Загрижени дека развиените земји ќе имаат малку или воопшто ресурси за решавање на сериозни заразни заболувања доколку производителите на вакцини продолжат со повлекувањето, Светската здравствена организација и Г8, најразвиени земји во светот – одговориле со план за поттикнување на производителите на вакцини да останат во бизнисот.

Компаниите не беа со сигурност засрамени од критиките, туку имаа доста добар скроен план. Се роди ветувањето за новата цел – продажба на вакцини преку специјализиран план.

Како што во 1986 година фармацевтските компании се заканија дека нема да произведуваат вакцини и за возврат добија тотален правен имунитет, така сега навидум жалејќи се за „презаситениот пазар“, големите трошоци и сл., си обезбедија нова позиција на нов пазар.

Тој план беше наречен „Advance Market Commitment“, односно систем на однапред договорени пазарни заложби (обврски). Според AMC, развиените земји склучуваат законски, обврзувачки договори за купување вакцини што се потребни во земјите со ниски приходи. Набавката гарантира во крајна линија за производителите. За возврат, производителите ветуваат дека ќе ги продадат тие вакцини по намалени цени во земјите каде што им се најпотребни.

COVAX е дел од овој систем, со кој сега GAVI и СЗО, спонзорирани од Бил Гејтс, „повторно ќе нѐ спасат од сигурна смрт“.

Гејтс, Гави и СЗО

ГАВИ беше организација „пред изумирање“ кога во 1999 година, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс донираше 750 милиони долари за формирање на GAVI, The Vaccine Alliance.

СЗО, како и GAVI, е финансирана во најголем дел од Бил Гејтс, откога САД ја повлече нивната поддршка. Но, колку всушност овие уценувачки организации успеаја да влијаат на јавното здравство? Колку животи спасија, а колку уништија?

https://www.who.int/about/finances-accountability/budget/en/

Вакцините за Бил Гејтс се стратешка филантропија која храни многу од неговите деловни активности поврзани со вакцините (вклучувајќи ја и амбицијата на Мајкрософт да контролира глобално претпријатие за идентификација на вакцинален статус) и му дава диктаторска контрола врз глобалната здравствена политика.

Ветувајќи го својот удел од 450 милиони американски долари, од 1,2 милијарди американски долари за искоренување на детската парализа, Гејтс ја презеде контролата врз Националната техничка советодавна група за имунизација на Индија (National Technical Advisory Group on Immunization -NTAGI), која наложи до 50 дози на полио вакцини преку преклопување на програми за имунизација на деца до пет годишна возраст.

Индиските лекари ја обвинија кампањата на Гејтс за страшната епидемија на не-полио акутна флацидна парализа (NPAFP), која парализираше 490 000 деца меѓу 2000 и 2017 година. Во 2017 година, индиската влада го укина режимот на вакцини на Гејтс и им рече на Гејтс и неговата политика за вакцинирање да ја напуштат Индија. Стапките на NPAFP опаднаа значително.

Во 2017 година, Светската здравствена организација (СЗО) неволно прифати дека глобалната експлозија на детска парализа е претежно од вакцинален вирус. Најстрашните епидемии во Конго, Авганистан и Филипините се поврзани со вакцините. Всушност, до 2018 година, 70% од глобалните случаи на детска парализа биле од вакцинален сој.

Во 2009 година, фондацијата Гејтс финансираше испитувања на експериментални вакцини против ХПВ, развиени од Глаксо Смит Клајн (ГСК) и Мерк, на 23 000 млади девојки во рурални индиски провинции. Околу 1 200 се здобиле со сериозни несакани ефекти, вклучувајќи автоимуни болести и нарушувања на плодноста. Седум умреле. Истрагите на индиската влада обвинија дека истражувачите финансирани од Гејтс извршиле широк спектар на етички прекршоци: вршење притисок врз ранливите селски девојки во испитувањето, малтретирање на родители, фалсификување на формулари за согласност и одбивање на медицинска нега на повредените девојчиња. Случајот сега е во Врховниот суд на земјата.

Во 2010 година, Фондацијата Гејтс финансираше фаза 3 од испитувањето на експериментална вакцина против маларија на ГСК, убивајќи 151 африканско бебе и предизвикувајќи сериозни несакани реакции, вклучително парализа, напади и фебрилни конвулзии кај 1 048 од 5 949 деца.

За време на Гејтсова кампањата на МејАфиВак од 2002 година во Субсахарска Африка, оперативците на Гејтс насилно вакцинираа илјадници африкански деца против менингитис. Околу 50 од 500 деца вакцинирани развиле парализа. Јужноафриканските весници се пожалија: „Ние сме заморчиња за производителите на вакцини“. Поранешниот висок економист на Нелсон Мандела, професор Патрик Бонд, ги опиша филантропските практики на Гејтс како „немилосрдни и неморални“.

Во 2010 година, Гејтс донираше 10 милијарди американски долари на СЗО и рече: „Ова мора да ја направиме декада на вакцините“.

Четири години подоцна, во 2014 година, Католичката асоцијација на лекари на Кенија, го обвини СЗО за хемиско стерилизирање на милиони кениски жени со кампања за вакцинирање против „тетанус“. Независните лаборатории пронајдоа формула за стерилитет во секоја тестирана вакцина. Откако ги негираше обвиненијата, СЗО конечно призна дека повеќе од една деценија развива вакцини за стерилитет. Слични обвинувања стигнаа и од Танзанија, Никарагва, Мексико и Филипините.

Студијата од 2017-та година (Моргенсон и др. 2017) покажа дека популарната вакцина против ДТП на СЗО, убива повеќе африкански деца отколку заболувањата што ги спречува. Девојките вакцинирани со ДТП имале 10 пати поголема стапка на смртност, во однос на деца кои сè уште не ја примиле вакцината. СЗО одби да ја повлече смртоносната вакцина, која ја принудува на десетици милиони африкански деца годишно.

Глобалните застапници за јавно здравство ширум светот го обвинуваат Гејтс дека управува со агендата на СЗО, одвлекувајќи ја далеку од проектите за кои е докажано дека спречуваат ширење на заразни болести како: чиста вода, хигиена, исхрана и економски развој. Фондацијата Гејтс троши само околу 650 милиони американски долари од својот буџет од 5 милијарди долари за овие области. Тие велат дека тој ги пренасочил агенциите за да му служи на личната философија дека доброто здравје доаѓа само во шприц.

Покрај тоа што ја користи својата филантропија за контрола на СЗО, УНИЦЕФ, ГАВИ и PATH, Гејтс финансира приватна фармацевтска компанија која произведува вакцини и донира 50 милиони долари на 12 фармацевтски компании за да го забрза развојот на вакцина против корона вирус. Во неговите неодамнешни настапи во медиумите, Гејтс се чини уверен дека кризата „Ковид-19“ сега ќе му даде можност да ги оствари и насилно своите диктаторски програми за вакцинирање на сите деца, а сега и возрасни.

Отпорот кој се јави по големите неуспеси (иако добро скриени) и сѐ помасовното преиспитување на благодетот од вакцинацијата го натера Гејтс на порадикални чекори.

Во јануари 2019 година, СЗО под влијание на Гејтс ја прогласи „недовербата во вакцините“ како врвна „глобална закана по здравјето“ (со ебола, ХИВ, војна и патогени кои се отпорни на лекови меѓу другите), сакајќи да ги наметне вакцините како единствен спас – за сите луѓе.

Гејтс, исто така, обезбеди финансиска поддршка на PAK на претседателот на Комитетот за разузнавање – Адам Шиф. Во февруари 2019 година, Шиф им пиша на Фејсбук, Гугл и Амазон, барајќи да ги цензурираат „дезинформациите за вакцините“, термин што ограничува секаков скептицизам кон изјавите на властите и индустријата за безбедност или ефикасност на вакцините – без разлика дали е вистина или не.

Фејсбук и Пинтерест рекоа дека ќе се потпираат на Гејтсовиот СЗО и ЦКБ за да кажат кои изјави на Интернет се „дезинформации или измама“.

Фејсбук и Гугл ангажираа „FactChecker” (Politifact) да ги цензурираат дезинформации за вакцините.

Politifact беше започнат со грант од фондацијата Гејтс.


Како што гледате, конфликти на интерес се проткаени длабоко во корените низ овие „филантропски“ организации. Истите луѓе одлучуваат што е добро за јавното здравје, а што не. Што е точна информации, а што не.

Не смееме да прашуваме, не смееме да споделуваме информации од рецензирана медицинска литература која не одговара на „официјалните ставови“, не смееме да одлучиме дали сме за „однапред договорена заложба“ – ништо што би ја поткопало „филантропската агенда“ за спасување од „страшните болести“.

По огромните неуспеси на овие „филантропски“ организации и неуспехот на самата вакцина како „безбеден и ефикасен“ начин на заштита, да точно, потребна е цензура. Огромните скандали на СЗО низ годините, нечовечните манипулативни игри, лажирање на резултати при клинички истражувања, кршење на етичките норми, справувањето со пандемијата на „птичји грип“, како и сегашната „пандемија“ се само дел од контраверзиите врзани со СЗО.

И сега потпишуваме „необврзувачка изјава“ со истиот инвеститор, која и не е баш толку наивна, а уште помалку необврзувачка, за КОВИД вакцини кои уште не се адекватно тестирани и кои дел од медицинската фела вели дека не е можно да се тестираат во краток временски рок. Од друга страна доста и се скептични дали воошто и може да се произведе ефикасна вакцина. Дали знаете дека со ваквиот модел, не добиваме само вакцини, туку имаме договор дека ќе ги платиме, ние граѓаните, а не тој што се потпишал. И да не е ефективна и да не е безбедна вакцината и воопшто да не се искористи, ние ќе имаме обврска да ја купиме!

И за крај, размислете кој добива, а кој губи!


Референци:

https://fokus.mk/makedonija-se-prikluchuva-kon-globalnata-nabavka-za-vaktsini-za-kovid-19/?fbclid=IwAR0tBWXkza6MAfYtCDIGfmqtCtei5S_66C0YQDksYZtm01Lk-bwpcdkMLaw

https://www.gavi.org/sites/default/files/document/2020/COVAX-Pillar-backgrounder_3.pdf

https://en.wikipedia.org/wiki/GAVI

https://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2010/02/16/drug-companies-shift-emphasis-to-vaccines.aspx

https://www.naturalnews.com/035777_gavi_immunization_children.html

https://www.moneycontrol.com/news/trends/health-trends/covid-19-vaccine-alliance-says-75-countries-keen-to-join-covax-access-facility-5552701.html

https://childrenshealthdefense.org/news/government-corruption/gates-globalist-vaccine-agenda-a-win-win-for-pharma-and-mandatory-vaccination/

https://childrenshealthdefense.org/news/how-bill-gates-controls-global-messaging-and-censorship/

https://vaccinescience.org/expert-report-effect-of-dtp-vaccines-on-mortality-in-children-in-low-income-countries/

https://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2020/05/21/bill-gates-foundation-global-health.aspx

https://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2020/06/13/bill-gates-agenda.aspx

https://www.greenmedinfo.com/blog/does-coronavirus-pandemic-serve-global-agenda

https://www.naturalnews.com/2020-07-06-protesters-south-africa-burn-masks-opposition-coronavirus-vaccine-experimentation.html

https://www.naturalnews.com/2020-04-29-bill-gates-paralyzed-children-polio-vaccines-coronavirus.html