Врска помеѓу вакцината за грип и смртноста од КОВИД-19?

Бројот на починати од пандемијата на корона вирус покажува зачудувачка варијација. Некои земји имаат стапка помала од десет на милион, додека Западна Европа и САД бројат стотици на милион. Меѓу најверојатните причини се еколошки (голема густина на население и урбанизација), демографски (старечки и мултикултурни општества) и клинички (дебелина и хронични заболувања, како што е дијабетес мелитус). Исто така, постојат значителни разлики во дијагностичката пракса и заведувањето на случаите.


Неодамна се актуелизираше можноста за зголемен број на смртни случаи кај претходно вакцинирана популација со вакцина против грип.

Постојат докази дека вакцините против грип посебно го зголемуваат ризикот од инфекција со корона вируси. Ова се случува поради феноменот познат како интерференција на вируси. Иако заштитата од грип со помош на вируси е дискутабилна поради мутацијата на грипните соеви, да претпоставиме дека постои одреден степен, процент на заштита (10-30% зависно од сезоната) – сепак тоа доаѓа по цена да се зголеми ризикот од инфекција со други респираторни инфекции.

Што се однесува за постарата популација, според Виторио Домичели и соработници: „Постарите возрасни лица кои примаат вакцина против грип може да имаат помал ризик од грип (од 6% до 2,4%), а веројатно имаат помал ризик од ИЛИ во споредба со оние кои не примаат вакцина во текот на една сезона на грип (од 6 % до 3,5%).

Значи постарата популација менува МОЖЕН намален ризик од грип од 2,4 до 6%, за зголемен ризик од други респираторни вируси.

Вирусната интерференција не е нов феномен, познат и поврзан е и со други инфекции и вакцини.

Вакцините може да предизвикаат развој на нови отпорни видови на вируси, преку природна селекција. На пример, наметнувањето и задолжителноста на вакцината против варичела во САД се чини дека го ослабна имунитетот стекнат од природно прележаната болест. Поради ова, како што покажува прегледот на Голдман и Кинг во списанието Вакцина, дојде до појава на зголемена инциденца на херпес зостер. Студиите (на пр. Сковронски и др., 2010) посочија дека кај луѓето кои примиле вакцина против грип во текот на една година, постои поголема веројатност тие да се заразат со вирусот Х1Н1 следната година.

Исто така, пријавено е дека вакцината против грип може да го намали имунитетот кон други инфекции на горниот респираторен тракт. Во угледното медицинско списание British Medical Journal (BMJ), педијатарот Алан Канингам напиша:

„Ваквото набудување може да изгледа контра-интуитивно, но можно е вакцините против грип неспецифично да ги менуваат нашите имуни системи, со што ја зголемуваат чувствителноста кон други инфекции; ова е забележано со ДТП и други вакцини“.

Рандомизирано, плацебо контролирано истражување кај деца, покажа дека вакцината против грип петкратно (пет пати) го зголемува ризикот од акутни респираторни инфекции предизвикани од група на вируси кои не се грип, вклучително и корона вируси.

Студија на американски воен персонал потврдува дека оние кои примиле вакцина против грип имале зголемена подложност на инфекција со корона вирус. Студијата заклучи дека „интерференцијата на вирусот добиен од вакцина е значително поврзан со корона вирусот“.

„Иситувајќи ги специфично вирусите неповрзани со грип, шансите за добивање и на корона вирус и на човечки метапневмовирус кај вакцинирани лица беа значително поголеми во споредба со невакцинирани лица (OR = 1.36 и 1.51, соодветно)“.

Ова значи за 36% и 51% соодветно, зголемен ризик од корона вируси и хуман метапневмовирус кај лица вакцинирани против грип.

Интересен е фактот, дека студијата од 2018 година објавена во PNAS откри дека примањето на вакцина против грип во тековната и претходната сезона може да го зголеми ширењето на аеросолни честички од грип за 6,3 пати повеќе во областите каде е вршена вакцинација во споредба со оние каде не е вршена вакцинација во тие две сезони. Значи покрај останатите негативни ефекти, се зголемува и ширењето на грипот со вакцинација.

Што велат бројките?

Бројките на Европската унија покажуваат корелација помеѓу вакцините против грип и смртните случаи од новиот корона вирус. Земјите со најголема стапка на смртност (Белгија, Шпанија, Италија, Велика Британија, Франција, Холандија, Шведска, Ирска и САД) имаат голем број на вакцинирани против грип (скоро половина од нивната постара популација).

Споредете ја фреквенцијата на вакцини против грип кај постари лица со смртност од Ковид-19, користејќи бројки од Vaccines Today EU и Worldometer (13 мај 2020 година):

Може ли новата вакцина против грип во Италија, да биде делумно одговорна за стапката на смртност од КОВИД-19?

Статистичките податоци од годините 2014-2017 година покажуваат дека секогаш има голема стапка на смртност од грип во Италија. Во тој период имало повеќе од 68 000 смртни случаи што се припишуваат на грип, бројки многу повисоки од другите европски земји.

Истото се случи со стапката на морталитет од инфекцијата со КОВИД-19 во Италија, која е драматично поголема. Зошто? Стандардните одговори за постара популација и неуспехот да се спроведе социјално растојание доволно брзо, не е објаснување за тоа што се случува. Во септември 2019 година, Италија почна да користи целосно нов вид вакцина против грип. Оваа вакцина наречена VIQCC или QIVc е различна од другите. Повеќето достапни вакцини против грип се произведуваат во ембрионирани пилешки јајца. Сепак, VIQCC се произведува на култивирани животински клетки и има повеќе „засилување“ на имунолошкиот систем како резултат на тоа. VIQCC, исто така, содржи четири типа вируси – два вируси од типот А (H1N1 и H3N2) и 2 вируси од тип Б. Во оваа вакцина се користи адјувант на база на сквален, наречен MF59. Се смета дека е „појак засилувач“ во однос на алуминиумовите соли (Ал –адјуванси).

Се чини дека оваа „супер“ вакцина влијаела на имунолошкиот систем на таков начин што ја зголеми подложноста на инфекцијата со корона вирус преку вирусна интерференција, што ја постави сцената за тоа што се случи во Италија.

Заклучок

Сведоци сме на агресивните кампањи за вакцинација против грип секоја година. Како тоа да е магично решение за сите, особено за постарите.

Во многу земји, давателите на здравствени услуги во установите за повозрасни лица се должни да ја примат вакцината против грип годишно, а приемот на вакцината од страна на стари лица во тие домови е многу висок, па дури и задолжителен. Во Канада, на пример, 82% од смртните случаи кои му се припишуваат на КОВИД-19 се случиле во старските домови.

Би било интересно да се знае колку од смртните случаи кои се припишуваат на КОВИД-19 се случиле кај лица вакцинирани со вакцината против грип во последните години. Но, исто така, доколку постои слободна научна дебата, би требало да се испита и подложноста кон КОВИД 19, доколку е примена било која грипна вакцина.

Едноставен тест покажува статистички значајна корелација од 0,7 (максимумот е 1). Се разбира, корелацијата не е мора да е причинско-последична, а непропорционално високата бројка на смртни случаи од Ковид-19 може да се објасни и со други фактори. Како и да е, варијацијата на бројките најверојатно ќе биде мултифакторска, а вакцината против грип треба да се разгледа во поширока пост-смртна истрага за оваа пандемија.

Референци:

https://www.independentpharmacist.co.uk/qivc-vaccine-available-for-2019-20-flu-service
https://www.seqirus.com/news/first-cell-based-quadrivalent-influenza-vaccine-approved-in-europe
https://www.fda.gov/media/94583/download
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3123757/
https://www.bmj.com/content/368/bmj.m810/rr-0
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3404712/
https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0264410X19313647
https://doctormurray.com/does-the-flu-shot-increase-covid-19-risk/
https://www.thegatewaypundit.com/2020/05/niall-mccrae-david-kurten-eu-numbers-show-correlation-flu-vaccine-coronavirus-deaths/
https://www.greenmedinfo.com/blog/prestigious-vaccine-journal-flu-vaccine-increases-coronavirus-infection-risk-36-3
https://korenwellness.com/blog/corona-fiasco-can-we-all-go-out-and-play-now/
https://petersmanjak.com/flu-shot-increase-covid-19-risk/
https://www.cdc.gov/flu/prevent/cell-based.htm
https://www.euro.who.int/en/health-topics/communicable-diseases/influenza/vaccination/seasonal-vaccination-policies-and-coverage-in-the-european-region
https://www.statista.com/statistics/699028/individuals-over-65-years-old-who-got-the-flu-vaccinations-within-the-last-12-month-by-egion-italy/
https://www.seqirus.com/news/first-cell-based-quadrivalent-influenza-vaccine-approved-in-europe
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3404712/#!po=31.2500
https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/31607599/