Полисорбат 80 (Tween 80)

Студијата од Annals of Allergy, Asthma & Immunology со наслов „Полисорбат 80 во медицински производи и неимунолошките анафилактоидни реакции“, покажува  дека полисорбат 80, кој е една од најчестите состојки во вакцините, може да предизвика анафилактички реакции.


Извадок од статијата:    

 „Полисорбат 80 беше идентификуван како предизвикувачки агенс за анафилактоидна реакција од  неимунолошко потекло“. Заклучок – „ Полисорбат 80 има широка распростраета употреба како растворувач, кој може да предизвика серенонимунолошки анафилактоидни реакции”. Иронично е дека полисорбатот 80 се изучува и се користи во последниве години за да помогне при транспортот на наночестички и лекови кои вообичаено би биле спречени да влезат во мозокот од крвно – мозочната бариера (КМБ) во мозокот. „Таа е посебна особина, активното преминување од крвотокот во мозокот,  го направи нов механизам за транспорт на лекови, кои како соединенија вообичаено не би можеле да ја преминат крвно – мозочната бариера“. Всушност, многу од студиите покажаа дека полисорбатот транспортира невротоксични супстанции во мозокот.

Тековното пребарување на PubMed со користење на клучните зборови Polisorbate 80 AND Blood Brain Barrier резултираше со 77 студии. Ова е само еден пример. Една од овие  студии објавена во The Journal of the American Society for Experimental NeuroTherapeutics  е насловена – „Крвно-мозочната бариера – Тесно грло во развојот на лекови за мозокот“.

Од студијата „Нарушување на  крвно – мозочната бариера  со помош на растворувач / адјувант“:

Крвно-мозочната бариера, како и кај  клеточните мембрани воопшто, е подложна на нарушување (протекување), со посредство на хемикалии како што се етанол, диметилсулфоксид или детергенти како што се SDS, или Tween 80 исто така познат како полисорбат- 80“. Ова е навистина лоша вест, особено затоа што фетусот, бебињата и малите деца веќе имаат незрели / нецелосни КМБ. Овие растворувачи дополнително ќе ја нарушат таа веќе „напукната“  мембрана, овозможувајќи поголеми честички да влезат директно во  мозокот!

Tween 80, исто така познат како полисорбат 80, често се администрира во лекови кои се користат за  ЦНС. Доза на полисорбат 80 од 3-30 mg / kg предизвика нарушување на КМБ кај глувците. Аналгезијата со киотофин, олигопептид кој вообичаено не ја преминува КМБ, е можно со ко-администрирање на Tween 80“.

Што значи тоа со фактот дека се наоѓа во вакцините? Tween 80 и Tween 20 транспортираат наночестички и поголеми соединенија во мозокот. Алуминиумот, живата и други компоненти во вакцините се во различни големини, вклучувајќи и со големина на наночестици. Тековното пребарување на PubMed со клучните зборови алуминиум хидроксид и наночестички открива 216 статии.

Така, во суштина, невротоксичните метали во вакцините имаат погоден систем за доставување во самата вакцина (полисорбат или Tween 80), кои им помагаат на овие тешки метали да навлезат во мозокот, каде што нивната токсичност, доведува до огромна штета. Се прашуваме колку лекари или научници дури го сфаќаат ова? Дали има студии кои специфично го објаснуваат транспортот во мозокот на алуминиум и жива посебно? Не, но се покажа дека железо оксидот, со помош на полисорбат 80, ја преминува КМБ.

Значи, својствата на Tween 80 и 20 за лесен транспорт на бројни супстанции во мозокот, создаваат голема веројатност дека истото  ќе се случи со металите и  многу други хемиски средства во вакцините.

Интересно е тоа што Polysorbate 80 исто така се изучува за да овозможи пренос на природни супстанции во мозокот. Со студијата од 2016 година во Journal of Microencapsulation, насловена „Наночестички од куркума, обложени со обвивка од полисорбат 80, за in vivo антидепресивна активност преку КМБ  и предвиден биомолекуларен механизам на дејство преку предложениот модел на фармакофор“. – успешно го тестира транспортот на куркумините во мозокот,  за да има анти – воспалително  дејство на истиот.

Од апстрактот –  „Депресијата е модерна светска епидемија. Нејзиниот главен предизвикувачки фактор е оксидативниот стрес, како што е пријавено кај испитуваните субјекти“.

Уште една студија од Билтенот на експерименталната биологија и медицина, насловена како „Антипаркинсонов ефект на факторот на раст на нервите, адсорбиран на наночестички од полибутилканоакрилат обложен со полисорбат 80“, опишува голем успех со користење на лекот обложен со полисорбат 80.

Од апстрактот – „Овие податоци ја потврдуваат можноста за користење на наночестички, подготвени од амфифилни полимери и обложени со полисорбат 80, за доставување на факторот  за раст на нервите во мозокот,  при системски третман“.Како што ќе видите на страница 477, Полисорбат 80 се користи заедно со алуминиум како „плацебо“ во клиничките испитувања за ХПВ вакцината Гардасил! Тоа го крши секој научен преседан за тоа што е вистински плацебо (обично физиолошки раствор, како нормалните телесни течности кои нема да предизвикаат реакција од било кој вид)!

Полисорбатот  80, заради погоре наведените својства,  се користи како емулгатор од фармацевтската индустрија за да се зголеми испораката на хемикалиите / лековите од крвта во мозокот низ крвната мозочна бариера.

Бидејќи вакцините содржат полисорбат 80, може да ги поставиме следните прашања:


     – Кои материјали од вакцината се пренесуваат преку КМБ, со помош на полисорбат 80, во мозокот на децата?
      –  Кој ефект го имаат откако ќе влезат во мозокот? Дали тие придонесуваат за воспаление, токсичност, енцефалитис? Бидејќи полисорбатот 80 работи како емулгатор, исто така ќе ја зголеми испораката на материјалите од вакцината во остатокот од клетките на телото.
    – Какви материјали од вакцините влегуваат во клетките на нашите тела?
    – Дали тие остануваат во ќелиите откако ќе влезат таму?
    – Дали ги оштетуваат сите делови од клетките, односно, митохондријалната ДНК, нуклеарната ДНК или други клеточни апарати – ендоплазматичен ретикулум, голги-апарат?
    – Дали тие стануваат дел од ДНК на клетките, бидејќи постојат ДНК фрагменти  од живи вируси во вакцините, заедно со туѓа  ДНК на животните и бактериски / вирусни / габични протеински антигени?
     – Ако тие станат дел од ДНК, како тоа ја менува функцијата и / или регулаторните системи во клетките?
    –  Дали материјалите од вакцините (на пр. алуминиум, жива, формалдехид) кои влегуваат преку клеточните мембрани преку рацете на полисорбат 80, прават нешто за да го нарушат електричното полнење на клеточната мембрана или да го нарушат / променат начинот на внесување или излегување на материјалите во клетката преку клеточна мембрана (хранливи материи, клеточен отпад, произведени протеини или ензими)?

Ние не ги знаеме одговорите на повеќето / сите овие прашања, бидејќи студии никогаш не биле направени за да се испита заедничкиот ефект на  полисорбатот  80 и останатите соединенија во вакцините.

Сите ние ги користиме вакцините заради производство на антитела на бактерии и вируси кои не можат да ни обезбедат  100 % заштита од болести. Помеѓу другото ние сме заштитени од болести предизвикани од трилиони бактерии и вируси со кои коегзистирме, а немаме оформено специфични антитела. Значи антителата не се мерило за имунитет на одредено заболување. Дури и учебниците, литературата и CDC го признаваат тоа.

Со постојано зголемување на случаите на значителни невро-воспалителни состојби и фактот дека стапките на  хронични воспалителни состојби во светот нагло растат, не треба да ги знаеме одговорите на овие прашања?

Но, што уште вели науката?