ЧПП

Секојдневно добиваме голем број на прашања, затоа решивме да сместиме дел од нив овде.

Со оглед на актуелните уписи на првачињата и проблемите кои произлегуваат, првиот дел ќе биде посветен на овој проблем.


  1. Прашање: Што правам доколку диспанзерот за вакцини или матичниот лекар не сака да ми издаде Потврда за вакцинален статус?

Одговор: Доколку надлежниот диспанзер или матичниот лекар од некоја причина одбива да издаде Потврда за вакцинален статус на вашето дете, а свесни сте за вашето право на увид и копија од медицинско досие на вашето дете за соодветен паричен надоместок, можете да го пополните и однесете во 2 примероци во Архива на диспанзерот или матичниот лекар Барањето за потврда за вакцинален статус . Еден примерок треба да ви биде вратен заверен со архивски печат.

Доколку одбијат да го примат, испратете го препорачано по пошта во 1 примерок со доказ за прием на пратката.


2. Прашање: Ги подготвив сите документи кои се бараат согласно Закон, но надлежните не ги примија со усно образложение дека потврдата за вакцинален статус не содржи една или повеќе вакцини. Што треба да направам?


Одговор: Во однос на оваа прашање, постојат 2 опции:


1) Да им ги испратите документите во 1 (еден) примерок по пошта како препорачана пратка со која имате доказ за доставени документи во законскиот рок кој е месец мај. Понатамошниот тек на настаните ќе се одвива зависно од реакцијата на училиштето. Доколку не бидат примени документите, мора да ве известат на писмено зошто е тоа така. Во тој случај контактирајте нѐ.

2) Кога ќе одбијат да ги примат документите и да го тестираат вашето дете, можете да појдете во Архива и да им доставите БАРАЊЕ ЗА УПИС во 2 (два) примероци. Еден архивиран примерок е за вас кој го чувате како доказ. Доколку евентуално не сакаат да го примат ова барање иако се должни да го сторат тоа, повторно можете и него да го испратите по пошта како препорачана пратка во 1 (еден) примерок заедно со потребните документи за упис на детето кои ќе ги наведете како прилог кон барањето.




3. Прашање: Добив потврда од диспанзер за (не)примени вакцини, но во неа исто така пишува дека родителите ОДБИВААТ да ги вакцинираат своите деца. Како да постапам?

Одговор: Доколку сте сигурни дека НИКОГАШ не сте потпишале изјава за одбивање на вакцинација (внимавајте, при породување ако сте кажале дека не сакате, можеби ви дале подготвена изјава, или подоцна во некој диспанзер), можете да барате да ви ја заменат таа Лекарска потврда како во училиштето при упис би однеле Потврда каде нема да стои дека ОДБИВАТЕ вакцинација. Овој момент можеби не ви изгледа важен во овој момент, но може да има идни последици. Затоа е добро никаде да не стои дека одбивате вакцинација, туку барате информации врз основа на кои ќе донесете информирана согласност, како што всушност го бара тоа од нас Законот за заштита на правата на пациентите.

Доколку сакате да ја замените Потврдата за вакцинален статус каде нема да стои дека одбивате вакцинација, испечатете го и пополнете го Барањето до диспанзер – одговор на потврда со ОДБИВА во два примероци и доставете го во диспанзерот од каде ви ја издале првата потврда каде е наведено дека одбивате. Со барањето барате да ви дадат копија од вашата изјава дека сте одбиле вакцинација, како и да ви издадат нова потврда каде нема да стои нивно неосновано, произволно мислење.


4. ПРАШАЊЕ: Сакам да дознаам повеќе за составот на вакцините и евентуалната корист/штета од нив. Каде и како да се обратам?

ОДГОВОР: Врз основа на член 2, член 7, член 8, член 25, член 32, член 33 став (1) т.7 и член 38 од Законот за заштита на правата на пациентите (Сл.Весник на РМ број бр.82/2008, 12/2009, 53/2011 и 150/2015, 190/2019 и 122/2021), пациентот има право на информирана согласност за која било медицинска интервенција.

Еден од начините да се информирате е да поднесете Барање за информирана согласност до надлежната здравствена установа која го повикува вашето дете на вакцинација. Може да се поднесе во повеќе случаи:


1) Сте добиле покана за вакцинација од диспанзер/матичен доктор.
2) Сте добиле лекарска потврда од надлежна здравствена установа за упис на дете во претшколска или школска установа на која пишува дека ОДБИВАТЕ вакцинација. Во тој случај заедно со ова Барање, го поднесувате и Барање до диспанзер одговор на потврда со ОДБИВА.
3) Едноставно сакате да се информирате за сето наведено во Барањето.

Документот се доставува во Архива на надлежната здравствена установа во два примероци од кои еден примерок со архивски печат останува за вас. Доколку од некои причини, установата одбие да го прими Барањето, иако не смеат тоа да го сторат, можете да го пуштите како препорачана пратка (на опачината на обвивка (писмото) треба да ја напишете својата адреса и да барате во пошта да обезбедат доказ за извршена достава). Повратницата – доказот чувајте го заедно со барањето.

Без разлика дали ќе добиете или не одговор, архивираниот или испратениот како препорачана пратка поднесок пожелно е добро да се чува бидејќи може да послужи за евентуални идни потреби.

Доколку сакате, Барањето можете да го поднесете и/или во Институтот за јавно здравје.



5. Прашање: Ми ги примија документите во училиште, но инсистираат да им однесам Изјава дека детето ќе го однесам на вакцинација. Како да постапам?

Одговор: Училиштето нема основ за вакво барање ниту има законски одредби според кои може да се повикува за да ви бара таква изјава, вклучувајќи го и Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, според кој училиштата само ги собираат потврдите за вакциналниот статус, а не преземаат никакви активности во врска со тоа.

Според нашите сознанија, во некои училишта им велат и да ги заверат на нотар, во други дури им кажуваат да наведат и краен датум до кога би вакцинирале, односно до 31 август.

Од пракса: Доколку ви бараат ваква изјава, прашајте да ве поучат според кој член и Закон да се повикате кога би ја пишувале таа Изјава бидејќи во Законот за основно образование не наоѓате такво нешто. Ако вака постапите, најчесто се повлекуваат и велат дека не мора да ја однесете, но да бидете контактирани ако тоа го побара инспектор.

Доколку сепак службите од училиштето инсистираат да однесете таков документ, ние подготвивме Изјава за вакцинација при упис која можете да ја симнете подолу.

Имајте на ум дека вакцинацијата е пропишана во повеќе закони од здравствената заштита, помеѓу кои и Законот за заштита на правата на пациентите. Според последниот секој има право на информирана согласност откако ќе биде известен за сите користи и ризици од вакцината.

ПРЕПОРАЧЛИВО Е ДОКОЛКУ НОСИТЕ ИЗЈАВА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО УЧИЛИШТЕ, ВЕДНАШ ДА ПОДНЕСЕТЕ И БАРАЊЕ ЗА ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ ДО ДИСПАНЗЕР КОЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ НА ИСТАВА ОВАА СТРАНИЦА.


6. Прашање: На објавениот список за запишани првачиња го нема името на моето дете. Како треба да постапам?


Прашање: Добив писмено известување дека моето прваче нема да биде запишано во училиште. Како треба да постапам?


Одговор:


Најпрво, доколку до 15 јуни не бидат истакнати списоци за запишани првачиња или не добиете писмено известување (зависно од праксата на училиштето), родител би требало да пријави до Државниот Просветен Инспекторат за истото. Тоа не е ништо сложено, може како било да составите претставка. Само наведувате име на училиште и кажувате дека до законскиот рок, 15 јуни не се објавени списоци за запишани првачиња.


Доколку вашето прваче го нема на список на запишани првачиња или пак на писмено сте добиле известување за незапишување, можете да поднесете Приговор до градоначалник, односно Комисија формирана од него. Рокот за ова е 8 календарски дена од објавување на списоци или 8 календарски дена од прием на известување од училиштето до родителот, доколку се добие вакво известување. Но, сепак, не чекајте краен рок, реагирајте бргу.
Одберете кој документ е погоден за вас (зависно на кој начин сте известени), пополнете го и однесете го во Архива на општината во 2 примероци. Едниот заверен примерок е за вас и го чувате.


Доколку имате проблем или поради специфичностите од случај до случај, контактирајте нѐ на страницава или пишете на е-пошта: info@odnaszanas.com.


7. Прашање: Добив покана за вакцинација од диспанзер, како да постапам?

Одговор: Врз основа на член 2, член 3, член 7, член 8, член 25, член 32, член 33 став (1) т. 3 и т.7 и член 38 од Законот за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник на РМ број бр.82/2008, 12/2009, 53/2011 и 150/2015, 190/2019 и 122/2021), на одредбите од и согласно Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, секој пациент или во случајов родител/старател на малолетно дете – пациент има право на информирана согласност.

Доколку во диспанзерот ви понудат да потпишете веќе подготвена изјава каде пишува дека одбивате вакцина, НИКАКО не потпишувате ваква изјава бидејќи вие не одбивате вакцинација, туку го користите законското право да бидете информирани, односно барате информации пред да се изврши медицинска интервенција. Наместо тоа, појдете во диспанзер со подготвени два документа, Изјава за вакцинација – диспанзер и Барање за информирана согласност(Видете под реден број 4).

Двата документи треба да бидат пополнети во два примероци. Ги доставувате во архивата на диспанзерот и по еден примерок ви враќаат. Архивираните примероци чувајте ги добро.

Доколку од некои причини, установата одбие да ги прими Барањето и Изјавата, иако не смеат тоа да го сторат, можете да го пуштите како препрачана пратка во еден примерок (на опачината на обвивка (писмото) треба да ја напишете својата адреса и да барате во пошта да обезбедат доказ за извршена достава). Повратницата – доказот чувајте го заедно со копии од Изјавата и Барањето.


8. Прашање: Од градинката усно ми кажуваат дека нема да го запишат детето во градинка доколку не однесам потврда за примени сите вакцини (или само МРП, варира од градинка до градинка)

Прашање: Детето оди во градинка, запишано е, но ми прават притисоци да го вакцинирам со пропуштените вакцини (или само МРП, варира од градинка до градинка)

Одговор: Предучилишната установа нема основ за вакво барање ниту има законски одредби според кои може да се повикува за да ви бара таква изјава, вклучувајќи го и Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, според кој градинките само ги собираат потврдите за вакциналниот статус, а не преземаат никакви активности во врска со тоа.

Имајте на ум дека вакцинацијата е пропишана во повеќе закони од здравствената заштита, помеѓу кои и Законот за заштита на правата на пациентите. Според последниот секој има право на информирана согласност откако ќе биде известен за сите користи и ризици од вакцината.

Подготвивме Изјава за вакцинација и ослободување од одговорност која можете да ја однесете во архивата на градинката. Симнете ја, пополнете ја и архивирајте ја кај нив во два примероци. Едниот архивиран примерок ви го враќаат и го чувате на сигурно место.

ПРЕПОРАЧЛИВО Е ДОКОЛКУ НОСИТЕ ИЗЈАВА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ГРАДИНКА, ВЕДНАШ ДА ПОДНЕСЕТЕ И БАРАЊЕ ЗА ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ и ИЗЈАВА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ДО ДИСПАНЗЕР КОЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ НА ОВАА СТРАНИЦА (ДОКУМЕНТИ БРОЈ 4 И 7).

Доколку од некои причини, установата одбие да ја прими Изјавата, иако не смеат тоа да го сторат, можете да го пуштите како препорачана пратка во еден примерок (на опачината на обвивката (писмото) треба да ја напишете својата адреса и да барате во пошта да обезбедат доказ за извршена достава). Повратницата – доказот чувајте го заедно со копија од Изјавата.


9. Прашање: Добив покана за ХПВ вакцинација од диспанзер, како да постапам?

Одговор: Врз основа на член 2, член 3, член 7, член 8, член 25, член 32, член 33 став (1) т. 3 и т.7 и член 38 од Законот за заштита на правата на пациентите (Сл. Весник на РМ број бр.82/2008, 12/2009, 53/2011 и 150/2015, 190/2019 и 122/2021), на одредбите од и согласно Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација, секој пациент или во случајов родител/старател на малолетно дете – пациент има право на информирана согласност.

Доколку во диспанзерот ви понудат да потпишете веќе подготвена изјава каде пишува дека одбивате вакцина, НИКАКО не потпишувате ваква изјава бидејќи вие не одбивате вакцинација, туку го користите законското право да бидете информирани, односно барате информации пред да се изврши медицинска интервенција. Наместо тоа, појдете во диспанзер со подготвени два документа, Изјава за вакцинација – диспанзер (Видете под реден број 7) и Барање за информирана согласност за ХПВ вакцина.

Двата документи треба да бидат пополнети во два примероци. Ги доставувате во архивата на диспанзерот и по еден примерок ви враќаат. Архивираните примероци чувајте ги добро.

Доколку од некои причини, установата одбие да ги прими Барањето и Изјавата, иако не смеат тоа да го сторат, можете да го пуштите како препрачана пратка во еден примерок (на опачината на обвивка (писмото) треба да ја напишете својата адреса и да барате во пошта да обезбедат доказ за извршена достава). Повратницата – доказот чувајте го заедно со копии од Изјавата и Барањето.