FDA признава дека се препорачуваат нетестирани, нелиценцирани вакцини за бремени жени

Како одговор на тужбата со помош на Законот за слобода на информации (Freedom of Information Act – FOIA), FDA призна за прв пат дека владините агенции, вклучително и CDC, препорачуваат вакцини за бремени жени кои ниту биле лиценцирани за бремени мајки од FDA, ниту тестирани за безбедност кај оваа популација, при клиничките испитувања.

Судската постапка, поднесена од адвокатот на Children’s Health Defense , Роберт Ф. Кенеди Јуниор во име на Informed Consent Action Network (ICAN), ги побара сите податоци од клиничките испитувања користени од FDA, за одобрување на вакцините против грип за бремени жени. Oдговорот на FDA беше: „Немаме записи што одговараат на вашите барања“.

Производителите на вакцини против грип и Tdap предупредуваат за нивната употреба кај бремени жени, бидејќи нивната безбедност никогаш не била утврдена. Во упатствата за употреба, наведуваат дека „не е познато“ дали вакцините „ќе му наштетат на нероденото бебе“ и дека има „недоволни податоци“ за употреба кај бремени жени, за да информираат за ризиците поврзани со вакцините.

Прописите на FDA строго забрануваат фармацевтските компании да рекламираат производи за употреба која не е пропишана. Компаниите кои не се придржуваат на прописите, рутински ги гонат кривично и граѓански, плаќаат милијарди во тужби и спогодби.

CDC, сепак, активно препорачува вакцинација против грип за време на кој било триместар од бременоста, од 2004 година и дава препорака бремените жени да примаат вакцина Tdap (за тетанус, дифтерија и пертусис), од 2011 година. FDA е одговорна за безбедноста и лиценцирањето на вакцините, но, во пракса – од издадените судските документи, признава дека нема податоци за безбедноста кои би ги поддржале препораките на ЦКБ за вакцинација за време на бременост.

На веб-страницата на FDA (Агенција за храна и лекови на САД) се вели дека никогаш официјално не одобрила вакцини, a „особено за употреба во време на бременоста, за заштита на новороденчето“.

Слепите препораки за вакцинација за време на бременоста се опасен предлог заради можноста вакцинацијата да го активира имунолошкиот одговор на мајката, што може да го оштети развојот на мозокот на фетусот – исто како што понекогаш се случува со инфекции за време на бременоста. Во 2008 година, неврологот Пол Патерсон предупреди: „Дури и ако се случи помалку од 1%, вакцинирањето на целата популација на бремени жени, може да влијае на илјадници деца“.

Долгорочните студии за безбедност не се дизајнирани за откривање на повреди поврзани со вакцините кај фетусот, но студијата на Каизер, од 2017 година, на над 45.000 жени (објавена во JAMA Pediatrics) покажа зголемен ризик од дефекти при раѓање и 20% поголем ризик за аутизам, кај деца чии мајки добиле вакцина против грип, во првиот триместар. Откако авторите применија статистичка корекција со која се намали значајната асоцијација, реномираниот статистичар на UCLA, Сандер Гренланд ја критикуваше методолошки „несоодветната“ одлука, истакнувајќи дека фармацевтските истражувачи ја користат техниката кога не им се допаѓа резултат и „сакаат да видат дали можат да се ослободат од него“.

Податоците на ЦКБ покажуваат дека жените кои добиле одредени вакцини за грип од 2010 до 2012 година, имаат 7,7 пати поголем ризик од спонтан абортус, од жените кои не ги примале тие вакцини. ЦКБ ја објави студијата во „Вакцина“, но ги изостави овие наоди од соопштението за печатот, оставајќи бремените жени да не бидат запознаени со вистинските ризици на вакцините. Претседателот на CHD, Роберт Ф. Кенеди Јуниор забележува дека повеќето вакцини против грип, дадени на бремени жени, сеуште содржат конзерванс тимеросал. Тимеросалот е прифатен од Предлогот 65 во Калифорнија, како репродуктивен токсин и изложеноста за време на бременоста може понатаму да предизвика проблеми со учењето и однесувањето на новороденчето. Tdap содржи алуминиум, кој FDA го регулира како токсин при парентерална исхрана но, не во вакцини.

Фактот дека ЦКБ препорачува вакцини што FDA не ги лиценцира за употреба кај бремени жени, излегува на видело со помош на друго откритие, присилно, со судска постапка од ICAN/CHD. Претходната тужба бараше документација од HHS, за усогласеност со законските барања за редовните прегледи за безбедност на вакцините за деца и извештаите што треба да се доставуваат до Конгресот.

(Со Законот за повреди од вакцини од 1986 година, на фармацевтските компании ѝм беше наложено на секои 2 години да доставуваат извештај до Конгресот за безбедноста на вакцините, бидејќи во истиот момент тие добија правен имунитет со кој оштетените од вакцини не можат да ги тужат производителите.)

Одговорот на HHS: „пребарувањата не најдоа евиденција што одговара на вашето барање“, укажува на тоа дека HHS ниту еднаш не ги исполнил, за повеќе од 30 години, барањата за редовни прегледи за безбедност на вакцините, ниту се доставени пријави до Конгресот, за мерки за подобрување на безбедноста на вакцините.

Законот за повреди од вакцини (National Childhood Vaccine Injury Act) ги утврди барањата, а во суштина ја елиминира само правната одговорност на производителите за повреди од вакцини.

Извор