Повреди предизвикани од вакцини – една на секои 39 аплицирани вакцини?!

Во светот и кај нас педијатрите тврдат дека несакани реакции, повреди или смрт предизвикани од вакцини – речиси и да не постојат. Мантрата е секаде иста – „може да се случи на 1 во милион аплицирани дози“. И тоа го сметаат како „прифатлива загуба“, нели за општото добро.

Но, дали навистина нема скоро никаква шанса Вашето дете да заработи повреда, хронична болест или смрт? Дали би ризикувале доколку ги знаете точните бројки?

Роберт Ф. Кенеди Јуниор презентираше неколку студии, кои се изработени од самите владини агенции на САД. Да, од самите тие кои ги пласираат овие информации кои се дел од „вакциналните заповеди“, на кои треба религиски да веруваме.


Пилот студија од AHCR за HHS

Слајдот 1 ја покажува пилот студија на Министерството за здравство и човечки услуги (HHS) во 2010 година, од страна на федералната Агенција за истражување и квалитет на здравството (AHCR). Студијата е за тестирање на ефикасноста на најнапредниот електронски систем за евидентирање на податоци од Harvard Pilgrim HMO. Овие владини истражувачи откриле дека 2,6% од вакцинациите резултирале со повреда – сооднос еден на секои 39 аплицирани вакцини. Истата студија откри дека типичните лекари гледаат 1,3 повреди од вакцина месечно.

Слајд 1

Извор: https://healthit.ahrq.gov/ahrq-funded-projects/electronic-support-public-health-vaccine-adverse-event-reporting-system

Истражувањето на Неис и Кедес (HHS) објавено во ЈАМА, 2016 година

Слајд 2 е табела од истражувањето на Нес-Кадес во 2016 година, објавено во ЈАМА. Тие известуваат за зачудувачки 19,5% од децата под пет години, кои се примени во Брза помош за реакции на лекови – се повреди од вакцина.

Овој наод секако претставува недоволна проценка бидејќи детските болници, кои лекуваат најсериозни повреди, не беа доволно застапени во базата на податоци (само шест од 63 болници се набљудувани во истражувањето).

Слајд 2

Извор: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/27893129

Во текот на медицинското образование, докторите воопшто не учат како да препознаат реакција од вакцина, како да ја третираат, каде да ја пријават. Но, затоа по препорака на ЦКБ, учат дека ваквите реакции скоро и не постојат. Па така педијатрите чии пациенти претрпуваат повреди од вакцини како: напади, епилепсија, алергии, автоимуни и невролошки повреди или SIDS, веројатно ќе ги отфрлат овие инциденти како „тажни случајности“ кои не се поврзани со вакцините и никогаш не ги пријавуваат на VAERS.

AHCR ги потврди овие проценки, утврдувајќи дека „пријавени се помалку од 1% на повредени од вакцини“

Навистина, HHS ја нарача пилотската студија на AHCR како одговор на критиките дека повредите од вакцините биле недоволно пријавувани. AHCR ги потврди овие проценки, утврдувајќи дека „пријавени се помалку од 1% на повреди предизвикани од вакцини“.

Слајд 3

Извор: https://healthit.ahrq.gov/sites/default/files/docs/publication/r18hs017045-lazarus-final-report-2011.pdf

ЦКБ го прекина целосниот систем и престана да одговара на телефонските повици од нивната сестринска агенција

Слајд 4 покажува дека CDC официјално биле толку во паника од откритијата на AHCR, што го прекинале целиот систем и престанале да враќаат на телефонските повици од нивната сестринска агенција. Денес ЦКБ намерно продолжува да користи систем за набљудување, дизајниран да ги пропушти повредите од вакцините за над 99%!

Слајд 4

Извор: https://healthit.ahrq.gov/sites/default/files/docs/publication/r18hs017045-lazarus-final-report-2011.pdf


Самите владини агенции во САД признаваат дека несаканите реакции од вакциите не се пријавуваат доволно, се кријат докази, „местат“ студии, а ние сепак треба само да веруваме? Треба да веруваме и да се молиме дека баш тој 1 на 39 случаи, нема да биде нашето дете. Мислевме дека науката се базира на докази, а не на верба.

Извор