Алуминиумски адјуванти во вакцините – информации кои недостасуваат

Д-р Кристофер Ексли е биолог, со докторат по еко-токсикологија на алуминиумот. Целата истражувачка кариера, од 1984 до денес, ја посвети на парадоксот: „како третиот најзастапен елемент во Земјината кора (Ал) е несуштински и во голема мерка, штетен за животот“. Решавањето на оваа мистерија бара истражување во огромен број полиња: од основната неорганска хемија на реакцијата на алуминиумот и силициумот, до потенцијално сложената биолошка достапност на алуминиум кај луѓето. Исто така, е фасциниран од елементот силициум, во однос на живите суштества, кој како втор најзастапен елемент во Земјината кора, исто така е скоро и лишен од биолошка функција. Според Ексли, една можна функција на силициумот е да го задржи алуминиумот надвор од биолошките процеси (биота) и ова претставува голем дел од истражувањето на неговата група.

Тој е редовен професор на универзитетот Keele, Велика Британија. Има напишано над 100 рецензирани трудови.

Подолу е презентирано неговото гледиште, поткрепено со научни докази, за улогата и функцијата на алуминумот во вакцините, како и неговото влијание на човековиот организам.


Ја истражувам човекова изложеност на алуминиум повеќе од триесет и пет години. Ме нарекуваат г-дин Алуминиум. Пред околу десет години, се заинтересирав за алуминиумските адјуванти, конкретно како тие помагаат да се зајакне имунолошкиот одговор при вакцинацијата. Истражувањето беше првично финансирано од Советот за медицински истражувања( Medical Research Council ). Почнавме со тестирањето на догмата поврзана со нивниот механизам на дејствување во вакцините (Нанокотичност на алуминиумските ајдуванти).

Неодамна ја разгледавме оваа тема, вклучително и наше сопствено истражување од областа. Секако, остануваат повеќе прашања од добиените одговори, но сега имаме ново разбирање за начинот на дејствување на алуминиумските адјуванти. Јасно е дека вакцината која вклучува алуминиумски адјувант, претставува акутна изложеност на алуминиум.

Алуминиумскиот адјувант иницира воспалителен одговор во непосредна близина на местото на инјектирање. Безброј инфилтрирачки клетки ја преплавуваат оштетената област и реагираат на воспалението, земајќи адјуванс и антиген во нивната цитоплазма, иако не мора како комплекс адјувант-антиген.

Адјувантот се транспортира во лимфните жлезди и може да се транспортита со помош на макрофагите и други хистиоцити (стационарни фагоцитни клетки присутни во сврзното ткиво) низ целото тело, вклучително и во мозокот. Вториот начин, иако е демонстриран во животински модел, останува да се докаже кај луѓето. Вакцините што содржат алуминиумски адјувант се извор на алуминиум за остатокот од телото и ова треба да биде во најмала рака – загрижувачко.

Оваа важна и ажурирана информација за алуминиумските адјуванти недостасува на веб-страницата на NHS, кадешто се содржат информациите за безбедноста на вакцините. Можеби од еднаква важност е што информациите дадени таму, во најдобар случај, се неточни.

Пример 1: „Адјувантите се додаваат на вакцините во многу мали количини, за кои се покажа дека се безбедни“.


Не се дизајнирани и спроведени клинички испитувања за да се тестира безбедноста на алуминиумските адитиви. Ниту едно клиничко испитување за безбедност за која било вакцина што вклучува алуминиум не е спроведено. Производителите на вакцини не се должни да ја демонстрираат безбедноста на алуминиумските адитиви. Всушност, секогаш производителите на вакцини употребуваат алуминиумски aдјуванти како плацебо во клиничките испитувања за ефикасност на одредена вакцина.

Пример 2: „Нема докази дека нивоата на алуминиум што ги среќаваме секој ден го зголемуваат ризикот од состојби како деменција или аутизам“.


Можеби не постои консензус дека алуминиумот го зголемува ризикот од деменција, но има голем број научни докази дека тоа е случај. Неодамнешните истражувања за алуминиум во мозочното ткиво кај оние со семејна историја на Алцхајмерова болест оставаат многу малку сомнеж дека алуминиумот, прифатен невротоксин, придонесува кон Алцхајмеровата болест. Советот даден од страна на NHS е во најдобар случај неточен, во најлош – дезинформација. Додека доказите што ги поврзуваат алуминиумот со аутизмот остануваат прелиминарни, како високата содржина на алуминиум во мозочното ткиво кај аутистични, не треба да бидат толку лесно, практично отфрлени.

Пример 3: „Количината на алуминиум што се користи во мртвите вакцини е многу, многу мала. Не се забележани штетни ефекти со вакцини кои содржат адјуванти базирани на алуминиум“.


Митот дека содржината на алуминиум во вакцината е минимална, сега сеопфатно се побива во рецензирана научна литература  и овие погрешни информации треба да се отстранат од сите совети дадени на педијатри и родители. Слично на тоа, упатствата со информациите за пациентот, дадени со секоја вакцина, ги наведува сите познати штетни ефекти пријавени за таа вакцина. Со закон одговорните за спроведување на вакцинацијата, треба да побараат од примателот или старателот на примателот да го прочита делот со информации за пациентот, така да тие се свесни за можните штетни ефекти. Срамота и погрешно е советите на NHS да бидат толку неточни, за оние кои се всушност одговорни за заштита.

Ја поминав целата моја академска кариера обидувајќи се да разберам како човековата изложеност на алуминиум влијае врз нашето здравје. Сè што научив за алуминиумот посочува кон тоа дека е главно здравствено прашање – денес и ако продолжиме да бидеме некритични и самозадоволни за нашата изложеност и во иднина. Треба да се осигураме дека достапните информации за можната токсичност на алуминиумот кај луѓето се базираат на наука и колку што е можно да се ажурирани.

Живееме во „ерата на алуминиумот“ и современиот свет не би бил ист без алуминиумот. Како и да е, време е да прифатиме дека алуминиумот е штетен за животните процеси и дека мора да продолжиме да го користиме само кога е докажано дека е ефикасно и безбедно. Ова посебно се однесува на погрешно разбраната улога на алуминиумот во вакцините.

Проф д-р Крстофер Ексли

Извор