Д-р Заjчек: Ако постои ризик, мора да имате избор!

Боб Заjчек е лекар, овластен педијатар и сопственик на New Kingdom Healthcare, во Минесота. Како член на националната организација Лекари за информирана согласност, д-р Боб верува дека родителите треба да бидат информирани за ризиците и придобивките од сите опции за здравствена заштита – традиционална западна медицина и интегративни / холистички алтернативи.

Доктор Боб Зајчек зборуваше на конференцијата Empowered to Action 2019, организиран од Информиран Избор од Ајова.

Ви пренесуваме дел од одржаниот говор.


Говорот го почна за лекарите, како тие завршуваат медицински факултет со мислата дека наследиле богатство од знаење и дека се безгрешни, признавајќи дека порано бил буквално силеџија кога станувало збор за вакцините.

„Дел од таа битка е да сфатите дека, ако сум јас доктор, ако сум ги инвестирал последните 7 години во медицината, како може да не направите нешто што јас ќе ви кажам да го направите?“ – праша тој. „Уште полошо од тоа, имате 30 минутен тренинг во сѐ. Вие не сте добар во ништо се додека не почнете да специјализирате. Мене всушност не ме бива скоро за ништо, но се истакнувам во областа на вакцините”.

Лекарите, вели тој, се тренирани да веруваат дека вакцините се безбедни и дека се најголемата придобивка на медицината. На докторите во медицинските факултети им се кажува дека ќе станат бесмртни доколку вакцинираат, а ако не, сите бебиња на светот ќе умрат – најдобрата работа некогаш измислена.

Лекарите не учат за потенцијалните ризици. Им кажуваат за железните бели дробови кај детска парализа, детето свиткано наназад со тетанус, слики од вариола вера.

„Сето тоа е вистина. Сето тоа се случило во историјата, но ништо не сме научиле како да бидеме доктори според мене. Во 2003 година, она што требаше да го знам во врска со вакцините, тие не ме научија, а секако не нѐ учеа за ризиците”.

Всушност, дури кога почнал да се подготвува за својата магистерска тема, сфатил дека постои закон кој ја штити индустријата за вакцините.

„Јас не студирав медицина кога го сфатив тоа, јас бев запрепастен дека тоа никогаш не нѝ го имаа кажано“.

Со вакцини за 16 болести, Зајчек забележа дека постојат други 2984 инфекции за кои немаме вакцини.

 „Што и да правите за останатите 2984 работи за кои нема вакцини, направете го за 16-те за кои имаме вакцини и веројатно ќе бидете во ред” – рече тој.

Зборуваше за процентот на пријавени болести во САД, според информациите на Центарот за контрола на болести од 2015/2016 година. Некои случаи не се пријавени едноставно поради тоа што лекарите нема да ја земат во предвид болеста за дијагностицирање – ако некој е вакциниран против истата.

„Ако не сте вакцинирани, тогаш било која болест што ја имате веројатно е чума, се додека не го потсетите докториот дека чумата не е во вакциналниот календар”.

Зајчек рече дека често пати му кажуваат да не го споменува полиото бидејќи луѓето ќе му кажат дека нивните мајка или татко – сигурно нивните баба и дедо, го преживеале тоа и било многу, многу страшно.

„Исто како денес постои страв кој го движи бизнисот, а јавното здравје, фала му на Бога за Одделот за јавното здравје. Тие не штитат да сме здрави. Ги миеме рацете. Повеќе не пливаме во сопствениот измет, што е феноменално достигнување. Имаме лекови кога нѝ се потребни. Едно од најголемите достигнувања во грижата за здравјето е што престанавме да препорачуваме жива за бебињата на кои им растат забите. Не пушиме во ординациите, а да ви кажеме дека цигарите се потполно безбедни. Науката е јасна. Верувајте ми, јас сум доктор”.

Зборуваше и за вакцината против хепатит Б.

„ Луѓето кои се изложени на ризик од хепатитис Б претежно не бараат здравствена услуга што ќе им помогне. Како и многу други болести почнуваме да ги вакцинираме луѓето што се барем во ординација со цел да се намали стапката на болеста за оние што не сакаат да дојдат. Тоа е во ред. Ако е придобивка за вас да примите вакцина, што реално може да нема директна придобивка за вашето бебе, поради опшествено добро за некој што не сака да дојде во ординацијата, тогаш тоа е во ред. Но, да престанеме да се преправаме дека бебето при неговиот четврти или петти здив во животот бара интравенозни дроги или сексуална активност. Хепатитот е проблем на популацијата”.

Зајчек изјави дека не е убеден во бројот на пријавени случаи со морбили:

 „Не сум сигурен дека секој што добива морбили знае дека има морбили.  Докторите не се повеќе обучени да ги препознаат морбилите. Типично велиме: ‘Имате воспалени очи, носот ви тече, имате температура и сега имате и осип – мислам дека имате вирус’. И наплаќаме 200$ за тоа, нели е тоа чудесно”.

Зајчек зборуваше и за пациенти што добиваат морбили од вакцината. Постојат случаи на морбили кои беа од вакцинален тип, што значи дека некој примил вакцина против морбили и ја пренел болеста на некој друг! „Не зборуваме многу за тоа, сепак тоа е само реакција.” – иронично додаде д-р Зајчек.

За ефектите од вакцината против варичела:

„Вакцината за варичела функционира. Компромисот за луѓето е тоа што сите ќе добијат херпес зостер – 10, 20 или 30 години покасно. Ако се разболете од варичела или ја примите вакцината, вирусот е во вашето тело и останува засекогаш во вашето тело. Кога вашиот имунолошки систем слабее, повторната манифестацијата на варичелата всушност е херпес зостер. Сите ќе го добиете ако сте прележале варичела по природен пат и сите ќе го добиете ако сте ја примиле вакцината. Единствените луѓе кои нема да добијат херпес зостер се оние кои ниту ја примиле вакцината ниту ја прележале болеста.

Мислам дека во моментов  имаме највисока или втора по големина стапка на херпес зостер во светот. Имаме и вакцина против херпес зостер, тоа е одлично, направена од истите луѓе кои ја направија и вакцината против варичела“.

Зборуваше и за ризиците и бенефитите на вакцините. Бенефитот кој се дискутира е најчесто создавањето на имун одговор, намалување на сериозноста / траењето, намалување на преносот, намалување на тежината на болеста и заштита на ранливите категории луѓе.

„Би требало да кажеме дека бенефитите се огромни“ – рече тој. „Запомнете, за време на медицинската обука, нѐ учеа дека сите во светот би умреле без вакцините.“

Ризиците се минимизираат.

Еден во милион. Можеби во суштина имате само страв од игли. Болка во раката, добро е да има реакција. Нормално е. Само земете парацетамол.

„Ризикот е веројатно поголем. Како знаеме дека ризикот е поголем? Поради сите ваши деца повредени од вакцини. Оние за кои знаеме, оние за кои не знаеме. Ризикот е веројатно поголем.“ А бенефитите, иако валидни, веројатно не се толку големи како што мислиме.

Зборуваше и за состојките на вакцините – алуминиум, формалдехид, абортирано фетално ткиво, клетки од мајмунски бубрег, полисорбат 80, неомицин, MSG, жива…

„Порано можев да набројам 85 состојки.“ – рече тој. „Повеќето луѓе престануваа по 15 или 20“.

Укажа на фактот дека вакцините се примаат на два, четири и шест месеци бидејќи не функционираат на два, четири и шест месеци. Имунолошкиот систем главно се формира по првата година.

Зајчек станал лично засегнат со овој проблем, додека неговата сопруга била бремена со нивната ќерка. Посветувал еден час на ден во период од една година за проучување на вакцините. Бидејќи не ги знаел сите ризици, се опседнал со тоа прашање.

Повторно, призна тој, има придобивки. Можеби има лична корист или корист за дете или за семејство. Некои сметаат дека бенефитот е можноста да се користат одредени ресурси. Можноста за посета на дневното згрижување или пред училишните установи, ја сметаат како доволен бенефит за вакцинирање на своите деца.

Значи, можеби луѓето сакаат да придонесат за поголемо добро во општеството. Можеби тие сакаат да се вакцинираат иако нема директна корист за нив, но за некое друго дете што не може да се вакцинира.

„Би додал дека другото дете е подложно на ризик од другите 2.999 нешта, за коишто нема вакцина. Но, вие треба да одлучите“.

Она за што не се зборува и не се информираат луѓето се ризиците од вакцините. CDC работи на ограничување на исклучоците.

Ако претходно дете починало поради алергиска реакција, следното дете нема да се квалификува за медицинско ослободување од вакцинација. Имунодифициенција, автоимунитет – нема да се смета за причина за CDC.

„CDC  одлучува, дури и ако не се лекари, тие одлучуваат какви ќе бидат ослободувањата“ – рече Зајчек. „Може да ја видам страната на придобивките … но не мислам дека тие се добри колку што луѓето велат дека се. Не мислам дека тие ви го спасуваат животот. Не мислам дека вашите вакцини ќе спасат некој друг “.

Истакна дека има 200 случаи на лепра секоја година во Америка. Но, нема вакцина. Нема колективен имунитет.

„Само ви кажуваме – еј, има лепра, останете дома. Еве антибиотик.“ – рече Зајчек. „Можеби, можеби, можеби, не ни треба колективен имунитет и вакцини за сè“.

Разговарот за ризиците и придобивките треба да биде индивидуална одлука помеѓу поединецот и неговиот лекар, од кого треба да се бара да има непристрасно образование (за кое рече дека не постои) и кое не е спонзорирано или манипулирано од индустријата.

Законот од 1986 година (National Childhood Vaccine Injury Act) ги штити производителите на вакцини од тужби.

„Единствените луѓе што не можете да ги тужите се оние кои едноставно ги повредуваат вашите деца – индустријата за вакцини … Нѝ треба јавно мислење и мислам дека нѝ треба правниот систем за целосно обелоденување.“ – рече тој. „Зошто Monsanto и Roundup конечно се во вестите, затоа што конечно се наоѓаат во судовите и ние конечно можеме да ги разгледаме двете страни од приказната“.

Зајчек зборуваше за потребата да се даваат двострани (ризик-бенефит) информациони изјави за согласност  (Vaccine Information Statements-VISs), пред да се аплицира вакцината.

„Тие ќе ви кажат за придобивките од вакцината – вакцините ви го спасуваат животот, пред вакцината да биде присутна, во 1920 луѓе умирале од тоа нешто. Благодарение на вакцината, сега нема смртни случаи.“ – иронично рече Зајчек.

Потпишаната изјавата и вакцината резултира со 38 долари за лекарот. Но, некој што добива изјава и сака да седи и да разговара за тоа, а потоа одлучи да не ја прими вакцината – не резултира во ништо.

„Има огромен финансиски мотив да не се поставуваат прашања и само да прават тоа  што велам, затоа што сум доктор.“

Зајчек рече дека верува оти вакцината  против хемофилус инфлуенца Б е „најчиста“ од сите вакцини.

„Веројатно е ‘најчиста’ вакцина. Ако сите вакцини би можело да бидат толку ‘чисти’, се обложувам дека не би се чувствувале толку лошо во врска со вакцините. Може да има реакција на ХИБ, но мислам дека тоа е ‘најчистата’ верзија на вакцина”.

Спротивно на тоа, вакцината против ХПВ  ја нарече како вакцина со највисок ризик.

„Повлечена од пазарот во секоја земја освен нашата. Зошто? Бидејќи можете да ги тужите во други земји, не можете да ги тужите тука“.

„…ХПВ е опасна вакцина. Едноставно не се чувствувам добро што ја имаме дури и во нашата клиника. Ние нудиме вакцини за семејства кои ги избираат. Не ми е дозволено да ги разубедам луѓето, но секогаш ги прашувам дали имаат какви било прашања”. – рече Зајчек .

Упатствата често содржат информации за несаканите реакции, но не даваат долгорочни информации:

„Постои можност дека она што го откривме во четири дневната студија, може реално да не претставува она што се случува откако ќе започнете да им го давате на 4 милиони деца. Мислите? Мислите дека четири дена со 2.000 луѓе можеби нема да ни ги дадат сите реакции?“ – праша тој. „Така, четири дена, 60% беа поспани или збунети. Но, како најдобра особина, само 2-4 % имаа сериозна поспаност или збунетост, знаете онака како што се случува – кога не можете да го разбудите вашето дете или кога не престанува да плаче по вакцинација “.

„… Исто е и со вакцината ХПВ. 2,3 проценти од вакцинираните имале сериозни нус појави.  Периодот на наљудување е продолжен на 48 месеци по последната доза. Се случиле десет смртни случаи“.

Сè е напишано во упатството.“ – истакна Зајчек.

„Ова е голем список на работи што се медицински проблеми со кои секој лекар би можел да се ‘замисли’, ако знае дека тоа се потенцијални ризици од оваа вакцина. Дозволете да сумирам, сѐ е лошо. Ништо не е добро на тој список“.

Системот за пријавување на несакани реакции од вакцини (VAERS), создаден како дел од легислативата од 1986 година, додели повеќе од 4 милијарди американски долари. И се верува дека само 1% од реакциите се пријавени.

Според VAERS, сите вакцини резултирале со 819.264 пријави од кои 7.556 смртни случаи. Поднесени се 21.303 барања за надомест за повреди од вакцини (NVICP). Од нив, обештетени се 6.947.

Забележете дека овие бројки се засноваат на само еден процент од пријавени несакани дејства. Зајчек праша што ќе се случи ако бидат пријавени 100 проценти од настаните.

Овие  4 милијарди американски долари се претвораат во 400 милијарди долари. Сите овие бројки исто така доживуваат значителен скок. „За безбеден, ефикасен производ за кој не треба да зборуваме воопшто.“ – додаде Зајчек.

Честопати, тој слуша дека луѓето се вакцинираат и излегува дека се добро.

„Ако бевте дете од 70-тите години, дете од 80-тите или можеби 90-тите, сте примиле седум дози“. – рече тој. „Знам кој беше вашиот ризик. Не 73 дози што ќе му ги дадат на вашето бебе денес. Некои од нив се задолжителни без друг избор“.

„… Можеби не се толку безбедени како што ве уверуваат дека се. Соодветно, ако не се толку безбедни како што ве уверуват, можеби треба да има право на избор.?! Дел од групата наречена ‘Лекари за информирана согласност’, сме против задолжителни вакцини затоа што кога ризикувате, треба да имате избор“.

Ако донесете закон што им штети на децата, треба да бидете одговорни. Но, што ако тие дури и не знаат. Па, можеби, ќе започнеме со тоа што ќе ги запознаеме“.

„...сеуште не сум запознал ниту еден родител чиешто дете имало реакција од вакцина, да смета дека бенефитот од вакцината вреди за реакцијата што ја имало.“ – напомена Зајчек.

Истакна дека е многу важно информациите поврзани со ризикот од вакцините, да стигне до родителите. Затоа е потребно докторите јавно да зборуваат за нив, како што зборува и тој.

Понатаму ги спомна и своите пациенти кои добиле разни несакани ефекти од вакцинацијата – од регресивен аутизам до тикови, промени во однесувањето, егземи, алергии и напади. Им се заблагодари на сите родители што му пружиле доверба да биде дел од тимот кој ќе го лечи нивното, оштетено од вакцини, дете. За крај повторно додаде:

„Бев арогантен и неук и не знаев што правам… ми требаше извесно време да верувам во тоа што всушност го гледав.“ – апелирајќи повторно докторите да се запознаат со ризиците од вакцинацијата и јавно да говорат за нив.

Извор