Нови адјуванти за вакцините – најлошата состојка од сите?

Во 1986 година, Конгресот (САД) донесе закон со кој производителите на вакцини се ослободуваат од било каква одговорност за своите производи. Health and Human Services (HHS), преку FDA, добија налог да ги тестираат сите вакцини за безбедност пред одобрување и пуштање во употреба. Конгресoт знаеше дека фармацевтските компании нема да го контролираат сопственото производство. Затоа, законот вклучува клаузула според која се бара фармацевските компании на секои две години да доставуваат извештај до Конгресот, за развојот и безбедноста на вакцините.

Во ноември 2018 година, Роберт Кенеди Јуниор и  Дел Билгтри (ICAN) поднесоа тужба  и добија – со што открија дека не е доставен ниту еден извештај повеќе од 30 години.

Независни научници продолжуваат да ја изложуваат токсичноста на долгата листа на опасни материи во вакцините, вклучувајќи ги: тимеросал (конзерванс), полисорбат 80 (емулгатор), тритон Х-100 (детергент / сурфактант), ДНК на фетуси (MRC-5, WI-38)), говедски серум, пилешки протеини, антибиотици и додатоци / засилувачи (алуминиум, сквален, MF59). Сепак ова не допира до голем дел од јавноста.

Фармацевтските компании, не само што не презеле никакви чекори за да ги направат вакцините побезбедни, туку и новите адјуванти што ги развиваат – може да се најтоксичните состојки од сите до сега.


ШТО Е АДЈУВАНТ?

Вакцинските адјуванси за прв пат биле опишани пред повеќе од 90 години.

Адјуванс е производ или компонента, или асоцијација на компоненти, природни или синтетички, што го зајакнува имунолошкиот одговор против антигенот. Адјувантот е од суштинско значење за да се стимулира произвдство на антитела.

Адјувантите ја зголемуваат количината на произведени антитела, продолжувајќи го времетраењето на имунолошкиот одговор. Понатаму, адјувансите им овозможуваат на фармацевтските компании да го намалат количеството на антиген (вирус или бактерии) што се користи за вакцината, намалувајќи ги трошоците за производство.

По дефиниција, адјувансите се сметаат за фармаколошки активни лекови. Тие се дизајнирани да бидат инертни без својствена активност или токсичност, но сепак се бара од нив да ја зголемат реакцијата на имунолошкиот систем.

Тешко е да се објасни како една супстанција може да се дефинира како „фармаколошки активна“ и во исто време да биде дизајнирана да биде „инертна и да нема активност или токсичност“.

Алуминиумот за прв пат се користел како додаток / адјувант во вакцината против дифтерија во 1932 година. И покрај тоа што алуминиумот е многу токсичен, био-упорен и може да ја премине крвно-мозочната бариера со помош на макрофагите, тој во моментов е единствениот додаток/засилувач одобрен од FDA во САД. Алуминиумот е поврзан со многу хронични заболувања, вклучувајќи автоимунитет, аутизам и макрофагичен миофасцитис (ММФ).

Повеќето од вакцините во вакциналниот календар содржат алуминиум како засилувач. Тој со тек на време се акумулира во телото. Д-р Кристофер Ексли пронајде големи количини на алуминиум во мозочните клетки кај оние со аутизам. Педијатрите кои им кажуваат на родителите дека количината на алуминиум е минорна, очигледно не знаат дека целосно вакцинирано дете ќе се инјектира со 4925 микрограми алуминиум до 18 месеци.

Професорот Ексли од универзитетот Keele, Велика Британија објаснува во оваа неодамнешна студија:

„На 56 ден од животот, новороденчето кое прима единечна доза на Инфанрикс Хекса (ДТаП + детска парализа + хепатитис Б + ХИБ) прима 820 мг алуминиум. Една единствена доза на оваа вакцина е еквивалентна на изложеноста на алуминиум што новороденче би добило од 150 дена доење. Таа е 25 пати поголема од дневната доза на алуминиум примена од најзагадените вештачки млека за новороденчиња. Во истиот период се даваат и други две вакцини (во Велика Британија) – Превенар 13 со 125 мг и Мен Б со 500 мг алуминиум“.

Направете пресметка: Тоа е најмалку 1.332 mcg алуминиум инјектирани за време на круцијалното развивање на мозокот. Infanrix Hexa, кој се користи на глобално ниво, неодамна беше одобрен за употреба во САД под ново име –  Vaxelis.

ПОТРЕБАТА ЗА НОВИ АДJУВАНТИ

Фармацевтската индустрија се жали дека развојот на нови вакцини е спречен поради потребата од нови, различни адјуванси.

Неколку од многуте инфекции кои сеуште немаат вакцина вклучуваат ХИВ, хепатитис Ц, стрептокок од групата А и Б. Ова е затоа што алуминиумот не е силен додаток за стимулирање на одговор на антитела за овие антигени.

Како што е објаснето со трудот на Дерек Т. О’Хаган од Novartis Vaccine and Diagnostic Inc., во Италија:

„Преферираната стратегија за развој на вакцини од новата генерација е да се додадат високо прочистени синтетички адјуванси, кои ќе ги активираат само елементите на имунолошкиот одговор потребни за заштита и нема да предизвикаат генерализирано активирање на имунолошкиот одговор“.

Алуминиумските адитиви остануваат златен стандард против кој се споредуваат сите нови адјуванти. Рецензијата на Николај Петровски, од универзитетот Флиндерс во Австралија, ова го опишува на следниот начин:

„Идеалниот адјуванс треба да ја зголеми имуногеноста на вакцините без да ја загрози толеранцијата или безбедноста и да не предизвикува непотребен ризик. За жал, дополнителните истражувања заостануваат зад другите области во вакцинацијата, како што е откривањето на антигенот, со последица на тоа дека само многу ограничен број на адјуванси засновани на соли на алуминиум, монофосфорил липид А и емулзии на масла во моментов се одобрени за човечка употреба… Додека постојните додатоци врз основа на алуминиум солите имаат силен безбедносен запис, постои постојана потреба за нови адјуванси и за поинтензивно истражување на истите и нивните ефекти“.

Разгледувајќи ги двата адјуванси кои веќе се користат за вакцини кај човекот, се покажува дека овие „нови“ адјуванси можат да предизвикаат значителна штета и покрај реториката за безбедноста од фармацијата.

МФ – 59

Научниците ги класифицираат адјувансите на вакцините во две широки групи. Тие се или дел од системот за испорака на антиген или се додадени како имуно засилувачи.

Адјувантите во првата група ја зголемуваат количината на антиген што се приближува или влегува во клетките, што доведува до имунолошка реакција. Адјувантите кои се класифицирани како имуно засилувачи ги стимулираат Б-клетките директно да генерираат одговор на антитела. Затоа, адутите на новата генерација оптимално ќе бидат и имуни засилувачи и системи за испорака.

MF-59, масло-водена емулзија на сквален, е класифицирана како адјуванс на системот за испорака. Скваленот во вакцините обично се добива од масло од црн дроб од ајкула или од одредени растенија, како што е амарант. Во човечкото тело, скваленот е прекурсор на синтезата на холестерол. Покрај сквален, МФ-59 содржи и полисорбат 80, сорбитан триолат 85, дехидрат на натриум цитрат и монохидрат на лимонска киселина. Додека механизмот на дејствување за тоа како работи МФ-59 останува нејасен, познато е дека активираат најмалку 891 гени. (реф. стр. 115)

МФ-59 беше одобрен за употреба во 2015 година, Fluad Pediatric е првата вакцина против грип што користеше МФ-59 кај деца на возраст од шест месеци до 2 години. Како што е наведено во овој извештај од Vaccine Choice Canada:

„Ова е прв пат адјувантот МФ-59 да биде одобрен за употреба кај бебиња. Канада ја одобри оваа вакцина врз основа на единствена студија на 6.100 деца. Исклучено од студијата беше вистинска група за контрола со плацебо, која не прима вакцини. Извештајот за клиничко испитување ги детализира несаканите ефекти и укажува дека само здрави деца биле вклучени во студијата. Новартис признава во својата монографија на производи дека ‘не постои искуство по пуштање во употреба на Fluad Pediatric кај новороденчиња и деца’, што значи дека вистинската слика за несакани ефекти и повреди нема да биде откриена се додека вакцината не се инјектира кај деца под 2 годишна возраст“.

Истражувачкиот новинар, Гери Мацумото, автор на книгата Vaccine A: The Covert Government Experiment That’s Killing Our Soldiers–and Why GI’s Are Only the First Victims, го објаснува механизмот преку кој скваленот предизвикува автоимуни нарушувања:

„Скваленот не е само молекула која се наоѓа во коленото или лактот – таа се наоѓа низ целиот нервен систем и мозокот. Кога се вбризгува во организмот, имунолошкиот систем го гледа како непријател кој треба да биде нападнат и елиминиран… Маслено базираните адјуванти предизвикуваат екстремно воспаление и животните што се инјектираат со нив секогаш развиваат болни, неизлечливи автоимуни заболувања како мултиплекс склероза, ревматоиден артритис или системски лупус “.

Инјектираноит сквален од МФ-59, е вмешан како виновник за Gulf War синдромот – состојба која го уништи здравјето и животот на толку многу војници вакцинирани со вакцината против антракс. Симптомите на овој синдром вклучуваат, меѓу многу други: артритис, фибромијалгија, лимфаденопатија, осип, хроничен замор, хронични главоболки, абнормално опаѓање на влакна на телото, незаздравувачки лезии на кожата, губење на меморијата, напади, невропсихијатриски проблеми, нарушувања на тироидната жлезда, анемија, системски лупус еритематозус (СЛЕ), мултиплекс склероза, феномен на Рејнауд и Сјоргенов синдром.

ЛИПИД А (MPL)


Втор токсичен адјуванс што е одобрен за вакцини кај човекот се нарекува монофосфорил липид А или МПЛ. Добиен е  од клеточниот сид на бактеријата салмонела. Тоа е многу моќен стимулатор на имунолошкиот систем. GSK го користи за производство на серија засилувачи што се наведени како Адјувантен систем (АС), кој во моментов се состои од четири одделни антигени: AS01, AS02, AS03 и AS04.

MPL е класифициран како имун засилувач. Стимулира голем, про-инфламаторен одговор. MPL е изведен од липополисахарид на површината на одредени бактерии познат како LPS. MPL за прв пат се користеше во 2005 година во вакцината против хепатитис Б – Fendrix, како додаток AS04. AS04 се состои од 50 mcg MLP адсорбиран на 500 mcg алуминиум хидроксид или алуминиум фосфат.

Мацумото исто така го обработи MPL во својата книга:

MPL беше идентификувана во декласифицираните документи, како една од двете емулзии на сквален користена од Армијата, во новата рекомбинантна антракс вакцина (rPA) , која FDA, Националниот институт за здравство (NHS) и Министерството за одбрана бргу ги подметнаа како клинички испитувања, во 1998. Другиот адјуванс на сквален што го користеа беше MF-59 на Chiron“.

AS04 се користи и во Cervarix, вакцината на Glaxo Smith Kline (GSK) против човечки папиломавирус (ХПВ). Иако механизмот на повреда е со различна патека на делување за алуминиумски адитиви и маслените адитиви, двете категории имаат силен потенцијал за предизвикување на автоимуни нарушувања. Научниците предупредуваат за опасностите што ги придружуваат веќе многу години. Всушност, има една цела книга напишана на оваа тема наречена „Вакцини и автоимунитет“. Се чини дека е очигледно дека фармацевтската индустрија дава само усмена сигурност за безбедноста. Повеќе реакции и несакани ефекти всушност доведуваат до зголемена продажба на лекови и поголем профит во целина.

Вакцините предизвикуваат болест. Трик е дека тие се потребни за вашето здравје или да спречат да се разболите. Време е луѓето, да застанат и да одбијат да бидат дел од лудилото кое ќе го предизвика штетата од задолжителното, масовно вакцинирање на нашите деца и ќе влијае на иднината на човештвото.

Извор