Д-р Желко Полјак,Имунолог

Секој лек е отров. Ние само треба да процениме дали е поголема користа или штетата. За придобивките од вакцинирањето многу се говори, а што е со несаканите реакции?

 

 – Треба да се биде критичен. Вакцинирањето во Хрватска е по  закон задолжително, под присила со казна од 2000 куни или затвор. Под претпоставка најверојатно дека народот е толку глуп да не знае да процени дали треба да се вакцинира или не. Нека се каже отворено народот е глуп! Зошто вакцинирањето не е задолжително во западните културни земји како што се Австрија, Германија, Скандинавските земји, Швајцарија? Таму е факултативно. Таму здравствената заштита е фер, а кај нас (Хрватска) не. Само еден аргумент ке изнесам.. Ве молам отворете ги годишните статистики на Републичкиот завод за заштита на природата, поглавјето за поствакцинални реакции. Ако во Хрватска се вакцинираат околу милион луѓе и во годишниот статистички извештај пишува дека биле само 277 поствакцинални реакции,  тоа е очигледна невистина. Ние знаеме дека најмалку секој 10-ти човек после вакцинирањето има некоја реакција, која е задолжителна да се пријави. Не мора да биде тешка , како што ја доживеа мојата ќерка која после вакцинирањето доби запаление на мозокот и заврши во болница. И ни тоа не е заведено во статистичкиот извештај бидејки постои 1% веројатност дека запалението го добила од нешто друго, а не од вакцината која била еден ден пред тоа.

Кај нас е диктатура на вакцинирање. Кај нас детето до полнолетство треба да биде 25 пати вакцинирано против сите можни болести. И доколку се направи нова вакцина, лобито на оние што ги прават вакцините и живеат од вакцините е толку јако, што ние кои сакаме тука да се створи ред – сме немоќни. Во Хрватска од една страна имате закон по кој вакцинирањето е задолжително 25 пати до полнолетство, под закана од казна, а од друга страна имаме контрадикција. Законот за заштита на пациентите вели вака „Лекарот не смее да го допре пациентот без негова писмена согласнот!“, а нашите новородени бебиња ги вакцинират без знаење на родителите. Тука треба да се направи некој ред. Луѓето викаат дека треба да се држи до законот. Не е вистина бидејки има лоши закони. Против лошите закони треба да се бори енергично. Дури ни лекарот не смее да каже – „ Јас вакцинирам бидејки законот ми налага, ризик е но што можам“.

Ги припремив, дозволете да ги прочитам, овие две реченици по мое барање, кои Комитет за медицинска етика –  Хрватски лекарски збор ги донесе едногласно на една од своите седници:

Присилното вакцинирање против заразни болести не е во склад со лекарската етика.

Лекарот има право да ја одбие присилната вакцинација, повикувајќи се на сопствената совест.

Колегите кои ја спроведуваат вакцинација,  ги прашувам дали некогаш на детето кое е тукушто вакцинирано, сте му рекле дека  следните две недели не смее да посетува градинка и  училиште? Зошто? Овие две недели, по вакцинирањето се формираат антитела во организмот и  ако тоа дете случајно добие инфекција од тоа што е вакцинирано, тоа е двоен удар за тој организам. Јас можам да изнесам и драстични примери за тоа, но немам време.

Приказната за вакцинирањето кажува една невозможна работа.

Ако ти не се вакцинираш, тогаш ти си опасен како носител на зараза за цел свет околу тебе. Тоа не е точно, бидејки со тоа самите се демантираат. Ако сите наоколу се вакцинирани т.е заштитени, тогаш зошто јас како „носител на зараза“ на нив би им наштетил? Невозможно.

 

– Господине Пољак ако дојде до несакани дејства од вакцинацијата кој е законски одговорен?

– Никој. Никој.

Секој лек е отров, само треба да се процени што е поголема корист или штета. Никој не е одговорен. Но, лекар кој се сомнева дека кај некој пациент може да настанат многу штетни последици,  има право на повик на совеста.

Дозволете да го дадам следниот заклучок. Во Хрватска би требало да се укине тој недемократски закон за присилна вакцинација под закана за казна, а истовремено треба научно да му се објаснува на народот, така што сам ќе реши дали ќе се вакцинира од нешто или не.

Сакам да кажам дека имаме лоши закони и дека многу лекари погрешно кажуваат – „Така законот кажува и јас така ке постапам“. Тоа е погрешно, тој мора да постапи етички. Етиката мора да биде над законот. А законот да се подреди на етиката.