Во Република Македонија вакцината БСЖ се аплицира, најчесто во првите 24 часа од раѓањето на детето или до навршени 12 месеци од животот.
Во Регистарот на лекови не се појавува (причината побарајте ја кај надлежните институции), но производител е BB-NCIPD ltd – Бугарија.
Како нерегистриран лек, вакцината BCG VACCINE, FREEZE-DRIED (Live), не подлежи на законските регулативи за набавка и дистрибуција на лекови. Покрај тоа беше забранета за употреба од СЗО, во периодот од 2011-2012, поради проблеми со квалитетот.
Општи информации за БСЖ вакцината
БСЖ е жива лиофилизирана (дехидрирани со длабоко замрзнување под висок притисок на живи бактерии) вакцина која содржи вирус Mycobacterium bovis, создаден во Институтот „Pasteur” од Albert Calmette и Camille Guerin, помеѓу 1906 и 1919 година, а за прв пат се аплицирала во 1921 година.
Се поставува на левото рамо, интрадермално (подкожно).
Mycobacterium bovis е аеробна бактерија која предизвикува туберкулоза кај говеда. И покрај разликите од Mycobacterium tuberculosis (причината за туберкулоза кај луѓето), M. bovis може да ја продре меѓу видовата бариерата, но само мал дел од случаите на туберкулоза се должат на него (CDC, 2012). Во 1882 г. от Robert Koch го открива причинителот на туберкулозата, за што му доделуваат Нобелова награда.
Во нашата земја БСЖ вакцината се аплицира во првите 24 часа од раѓање и најчесто БЕЗ ИНФОРМИРАНА СОГЛАСНОСТ на родителот.
Во 1948 г. воведено е задолжително вакцинирање со БСЖ вакцина кај сите деца и младинци до 18 години, а од 1950 г. вакцинирање на новороденчињата.
Бугарската вакцина е позната како вакцина BCG Sofia SL 222.
Имунитетот од вакцината е клеточен, главно на штета на сензибилизирани Th1 помагачи. Хуморалниот имунитет се манифестира послабо со зголемен титар на антитела од типот IgG и IgA. Имунолошки карактеристиките на туберкулозата се исклучително сложени и многу специфични.
Исто така, важни се и генетските карактеристики на рецепторот и осетливоста на макроорганизмот M. Tuberculosis (Минчев, 2012). Од овие причини, БСЖ (M. bovis) е претежно неефикасна.
Повеќе за ефикасноста на БСЖ вакцината, прочитајте овде.
Упатсвото за оваа вакцина можете да го видите подолу.