Во студијата на бугарските научници ( Dimova et al., 2017) се разгледува темата за микобактериските L-форми (самореплицирачки бактериски форми со дефектен или целосно исчезнат клеточен ѕид). Особено за БСЖ (М. Bovis) способноста на L-формите, да поминат и да останат во новородените бебиња, од мајки вакцинирани во детството, како и можните негативни последици предизвикани од овие форми.
Авторите откриле дека има БСЖ L- форми во крвта на новороденчињата,чии мајки биле вакцинирани пред 31,2 години. Студијата покажува дека се случува пренесување на L-формите преку плацентата и папочната врвца, од мајката на бебето – вакцинирана со БСЖ. Значи дека вакцинацијата на мајката влијае на плацентарниот микробиом.
L-формите може да се „вратат“ назад во „класични“ микобактерии (М. Bovis) со клеточен ѕид (нестабилни и реверзибилни), а BCG бактериите можат да преминат во форма на која ѝ недостасува клеточен ѕид. Ова е прилагодлив механизам за опстанок, репродукција и упорност на патогени бактерии во неповолни услови, вклучувајќи ги и L- формите. Тие, парадоксално, успешно живеат во човечките имуни клетки (макрофаги), чија улога е да ги убијат бактериите.
Откако ќе влезат во макрофагите, L-формите на бактериите веќе не можат да бидат откриени од страна на имунолошкиот систем. L-формите не се имуногени (не предизвикуваат имунолошка реакција) и се способни да продолжуваат да постојат во телото многу долго време. На пример, претходните публикации покажаа дека микобактериски L-форми опстојува долго време во крвта на вакцинирани од БСЖ..
Исто така, откриено е дека M. Bovis од БСЖ, како вакцина со жива бактерија, било пронајдено кај пациенти со СИДА, кои биле вакцинирани пред многу години. Во БСЖ вакцината пронајдени се одржливи филтрабилни L-форми. L-формите може да бидат причина за латентни, хронични и повторливи инфекции, како и болести со непознати инфекции со алергено или автоимуно потекло.
Накратко, студијата пронајде нови податоци за микобактериските L-форми (особено форми на БСЖ). Односно за колонизација на гестациски ткива (плацентата, decidua – слузницата на матката за време на бременоста) и крв од папочна врвца на здрави новороденчиња, доставени од здрави бремени жени претходно вакцинирани со БСЖ. Студијата исто така го дава првиот официјален доказ дека вакцинацијата на мајките со БСЖ влијае на плацентата.
На семинар на Институтот за репродукција, биологија и имунологија на БАС, студијата ја презентираше доц. д-р Тања Димова:
„Способноста на бактериите да постојат како популации на само-реплицирачки форми со неисправен или целосно исчезнат клеточен ѕид (L-форми) се перцепира како адаптивен механизам за нивен опстанок во неповолни услови. Со присуството на филтрирани L-форми во БСЖ вакцината, откриена во претходната студија, се поставуваат навистина важни прашања и се покажува колку малку знаеме за механизмите што стојат зад долготрајната издржливост на бацилите на M.Bovis BCG in vivo.
Плацентата е колонизирана со непатогени бактерии (коменсали – паразитски бактерии и меѓубактериски симбиози), преку што се дефинира дека постои динамичен плацентарен микробиом, со специфични метаболички функции, чиј ефект врз фетусот во развој е сè уште непознат.
Бевме во можност да изолираме микобактериски L-форми од крвта на новороденчиња, чии мајки се вакцинирани со БСЖ. Добро е познато дека микобактериска инфекција и вакцинирањето со БСЖ предизвикува специфична експанзија на Vδ2 γδ T клетките in vivo и in vitro, при повторна стимулација со микобактериски лизати и БСЖ..
Нашата студија покажа дека вакцинирана со БСЖ мајка, е под влијание на плацентарниот микробиом. Во плацентата се откриваат филтрирани L-форми на БСЖ вакцината, коишто ја преминуваат трансплацентарната бариера и продираат во циркулацијата на фетусот.
Овие L-форми веројатно не се имуногени со оглед на недостатокот на селективно множење на плацентарните Vδ2 γδ Т клетки. “ – Димова, ИБИР, 2017 година.
Претходно истражување на доц. д-р Надија Маркова и др. автори, детално ја разгледуваат темата за микобактериски L-форми, вклучувајќи ги L-формите од БСЖ вакцината и можните ризици по организмот предизвикани од нив (Маркова и др., 2012; Славчев, 2014; Маркова и др., 2015; Маркова и др., 2016 година).
Многу бактерии се во можност да се претворат во L-форми (Dienes et al., 1939 година; Гутман и др., 1965; Алан и сор., 2009), сепак студијата од 2017 година од бугарските научници покажува дека изолатите на L – формите, на тестовите на гестациските ткива и крвта од папочна врвца, се претежно од микобактериски потекло.
L-формите се откриени во 1935 година од Еми Клиенбергер и се именувани во Институтот Листер во Лондон (Клиенбергер, 1935 година).
Овие форми се во хибернација кај домаќинот и при одредени услови можат да предизвикаат различни заболувања. (Domingue &Woody, 1997; Onwuamaegbu et al., 2005).
Покрај сето ова, дали всушност БСЖ вакцината е ефикасна и кои се несаканите реакции?