– Во 2010 година, двајца поранешни вработени во Мерк, ја тужеа компанијата тврдејќи дека Мерк вештачки ја зголемува ефикасноста на делот за заушки од вакцината MMR II. До ден денес, случајот сè уште е во тек.
– Преку документите на FDA добиени преку барања за слободен пристап на информации од јавен карактер, поднесени од страна на невладината Informed Consent Action Network, откриваат дека вакцината MMR II е лиценцирана врз основа на клинички испитувања во кои биле вклучени 834 деца, од кои само 342 добиле МРП вакцина. Резултатите покажуваат шокантен број на несакани реакции од вакцината.
– Осумте студии спроведени за лиценцирање на вакцината, ги следат реакциите само 42 дена по вакцинирање! Не со години, како што се прави при тестирање на лекови. Сите испитувања користеле и други вакцини како контроли наместо плацебо, што не дава валидна индикација за безбедносниот профил на вакцината.
– Кај сите осум испитувања се присутни високи стапки на гастроинтестинални заболувања и заболувања на горниот респираторен тракт, кои се јавуваат во набљудуваниот поствакцинален период од 42 дена. Кај едно испитување, 64 од 102 деца (62,7%), во групата која примила МРП – развиле горно-респираторни заболувања, а 43 (42%) развиле гастроинтестинално заболување.
Тестовите за лиценцирање на МРП вакцината откриваат сериозни проблеми
Документите на Управата за храна и лекови на Соединетите држави (FDA), добиени преку Законот за слободен пристап до информации (FOIA), поднесени од Informed Consent Action Network (ICAN), откриваат вознемирувачки факти за лиценцирањето на МРП вакцината од 1978 година. Според, соопштението за печатот на ICAN од 2 мај 2019 година:
Вакцината против МРП е лиценцирана врз основа на клинички испитувања, кои вкупно имаа помалку од 1.000 учесници [поточно вкупно 834] и далеку повеќе несакани реакции од претходно признаените… Вакцината МРП е во срцето на дебатата за вакцините. Ова се некои од клучните факти пронајдени во извештаите за клиничките испитувања спроведени од FDA, на кои агенцијата се повикува при лиценцирањето на МРП:
-Биле спроведени осум клинички испитувања кои вкупно имале помалку од 1.000 лица, од кои само 342 деца ја примиле МРП вакцината;
-Периодот за набљудување на безбедноста, односно следењето на „несакани реакции“ е само 42 дена по инјектирањето;
-Повеќе од половина или значителен процент од сите учесници во секое од осумте испитувања, развиле гастроинтестинални симптоми и инфекции на горните дишни патишта;
-Сите несакани реакции биле генерички опишани како „други вируси“ и не се земени предвид во безбедносниот профил при лиценцирањето;
-Контролната група добила други вакцини (за рубела или морбили и рубела), односно никој од контролите не примил плацебо (инертна супстанција како што е солен раствор).
Како што е наведено од основачот на ICAN, Дел Бигтри, 342 деца се „неодговорно мала“ тест група за вакцина што ќе ја добијат стотици милиони деца, а далеку помала од многу други студии кои ја покажуваат штета на вакцините. Сепак, индустријата за вакцини, рутински ги отфрла ваквите студии со образложение дека тие биле премногу мали.
Четириесет и два дена поствакцинално, исто така, не е доволно долго за да се утврдат целосните ефекти, а тестирањето на безбедноста со други вакцини, наместо со плацебо, нема да ви даде валидна индикација за безбедносниот профил на вакцината. „Замислете што можеа да пронајдат ако ја следеле безбедноста три години во споредба со соодветна контрола, како што прават за лековите“ – вели Бигтри.
Секое испитување користело друга вакцина како контрола, или морбили-рубеола, само рубеола, или различни серии од самата МРП вакцина.
Студиите за лиценцирање откриваат значителни стапки на повреди од вакцината
Бигтри ги анализира документите во видеото погоре, по дискусијата за студиите што ја поврзуваат МРП вакцината со дисфункција на цревата, што пак може да предизвика симптоми на нарушување на спектарот на аутизмот.
Разгледува детали за клиничките испитувањата на вакцинaта MMR II, доставени до FDA од Мерк, според кои би добиле дозвола за пуштање во промет. Овие документи можете да ги видите на icandecide.org.
-Во едно од испитувањата, во кое биле опфатени 199 деца кои ја примиле МРП вакцината, 22 од нив развиле гастроинтестинално заболување (што е честа поплака кај децата со аутизам) во рок од 42 дена. Тоа се 11%. Дваесет и три деца (скоро 12%) развиле горно-респираторни заболувања. Сè на сè, 73 од 199 деца доживеале несакана реакција во набљудуваниот период.
-Во друго испитување, во кое биле опфатени само 102 деца, 64 од нив (62,7%) добиле горно-респираторни заболувања, а податоците сугерираат дека некои од овие деца останале болни во текот на целиот период на следење. Овде, 43 од 102 деца (42%) развиле гастроинтестинално заболување.
-Третото испитување, каде само 41 дете ја примило вакцината МРП – 28 (68%) се разболеле од горно – респираторни заболувања и 24 (58,5%) развиле гастроинтестинално заболување.
-Во испитувањето кога МРП вакцина од една серија беше тестирана наспроти МРП од друга серија, како контрола – 53 од 117 деца (45%) во тест групата развиле инфекција на горниот респираторен тракт, а 31 од 117 (26,5%) развиле гастроинтестинално заболување.
-Во испитувањето, кога една MMR од една серија беше тестирана против други две серии на MMR – 8 во 20 (40%) развиле заболувања на горните дишни патишта и 4 од 20 (20%) развиле гастроинтестинално заболување.
-Третото испитување со 53 деца во кое било тестирано една серија на МРП против две други серии – кај 25 (47%) се развиле горно-респираторни заболувања и 18 (34%) развиле гастроинтестинално заболување. Овде, тие исто така, вклучуваат осип сличен на морбили во нивниот список на несакани ефекти, а 6 од 53 деца го имале овој несакан ефект.
Со други зборови, 11% развиле морбили од вакцинален сој. Овој резултат е интересен поради тврдењата дека не може да се добие заразата од вакцините… Петнаесет деца, исто така, развиле „неспецифичен“ осип.
Профитот на Мерк се зголемува како хистеријата за морбилите
Врз основа на резултатите од овие испитувања, се чини дека постои оправдана причина за загриженост. Исто така, ги негираат тврдењата дека МРП вакцината е совршено безбедна и „никогаш“ не предизвикува штета. Денес, знаеме дека гастроинтестиналните проблеми можат да имаат прилично сериозни импликации врз здравјето, физичко и психичко и секое од испитувањата пред лиценцирање, покажа дека вакцината предизвикува гастроинтестинално оштетување во голем дел од оние кои се вакцинирани.
Во меѓувреме, Мерк добро профитира од произведената хистерија за малите сипаници и повикува на задолжително вакцинирање и ревакцинирање со МРП вакцина. Во извештајот на Associated Press од 30 април 2019 година, се вели дека „зголемената продажба на вакцини“ и новиот лек за рак – „доведоа до четирикратно зголемување на профитот на Мерк во текот на првиот квартал“.
Во Њујорк, МРП вакцината сега се препорачува и на 6 месечни бебиња, иако вакцината не се покажа како безбедна и ефикасна кај многу млади новороденчиња пред да биде лиценцирана и препорачана од здравствените работници. Во САД и кај нас на детето би му била дадена првата доза вакцина против МРП помеѓу 12 и 15 месеци со бустер даден на возраст меѓу 4 и 6 години.
Епидемија на морбили или реакции на МРП вакцината?
Епидемиите се доста добро покриени од медиумите.
Но, доста малку се објавува дека дел од малите сипаници пријавени кај неодамна вакцинирани лица, всушност, може да бидат сипаници од вакцини, кои се несакани реакции од истите и се често погрешно дијагностицирани како морбили од див сој. Според трудот објавен во Journal of Clinical Microbiology, 2017 година:
„За време на епидемијата на морбили во Калифорнија, 2015 година, кај неодамна вакцинираните – се случиле голем број на сомнителни случаи. Од 194 секвенци на морбили кои биле добиени од примероците, 73 беа идентификувани како вакцинални секвенци“.
Со други зборови, околу 38% од сомнителните случаи на морбили во епидемија од Дизниленд (2015 година во Калифорнија), всушност, биле случаи на вакцинален сој на морбили, кај неодамна вакцинирани лица и не биле предизвикани од пренесување на сипаниците од диви соеви. Тогаш, разумно прашање би било: Колку од 704 случаи пријавени досега во САД оваа година, се всушност морбили од вакцини против морбили – несакан ефект на вакцината МРП?
А колку се кај нас?
Мејнстрим медиумите фатени во објавување на монтирани слики
Главните медиуми и јавните здравствени власти ја форсираа веста за „епидемијата на морбили“ оваа година. Иронично, тие очигледно не биле во можност да фотографираат активен случај на сипаници, бидејќи еден по друг медиум се фатени како објавуваат ретуширани фотографии – за да предизвикаат страв од морбилите.
Како на пример, на 22 април 2019 г., The Clover Chronicle објави дека „ NBC News се фатени како лажно претставуваат фотографија на бебе заразено со морбили“, фотографија што се купува на страните лиценцирни за продажба на интернет – на којашто лекарот држи совршено здраво новороденче. Црвените точки (осипот) беа грубо додадени во Photoshop.
Си-Ен-Ен исто така користеше фалсификувана фотографија на морбили. Во овој случај, тие користеле слика на дете од 1968 година со розеола вакцинија (состојба на кожата предизвикана од вакцината за вариола вера).
CBS News исто така беше фатен со злоупотреба на слика на дете повредено од вакцина.
Мајката Дон Њуфилд, сопруга на поранешниот играч на NFL – Рајан Њуфилд, го објави следниов коментар на Твитер, откако ја прочита репортажата на CBS во која беше користена фотографијата на нејзиниот син:
„… Тоа е моето дете што го користевте во вашата приказна без моја дозвола. Тој нема морбили. Ова беше неговата реакција на МРП вакцината“.
CBS News не се извини за измама и користење на приватната фотографија од профил на социјалните мрежи на Њуфилд. Како што е наведено во Проектот за слободна мисла:
„Дури и да беше чесна грешка, случајот е направен да го покаже недостигот на кредибилитет што го имаат овие институции, кога повикуваат на замолчување на оние што не прават ништо друго туку прашуваат за безбедноста на вакцините“.
Зошто мора да продолжиме да се бориме за медицинска слобода и право на избор
Впрочем, како што е наведено од коосновачот на Националниот информативен центар за вакцини – Барбара Ло Фишер, во „Не земајте затвореници во војната за вакциналната култура“ – Индустријата за вакцини се обидува да го запре јавниот разговор за здравството и вакцинацијата и лобира за владините мандати. Да ги присилат сите деца и возрасни да ја користат секоја вакцина препорачана од владините здравствени службеници.
Присилната употреба на вакцина против МРП е само една вакцина од долгиот список на тековни и идни вакцини што Вие и Вашите деца ќе бидете приморани да ги примите, доколку работите продолжат по начинот на кој одат.
Фармацевтските компании работат на повеќе од десетина нови „приоритетни“ вакцини за деца, бремени жени и возрасни. Вклучително и респираторно синсицијален вирус, стрептокок А и Б, ХИВ, вирус на херпес симплекс, гонореја, Е-коли, шигела, салмонела, туберкулоза, маларија и многу други, а индустријата најверојатно ќе лобира кај владите истите да ги направат задолжителни.
Ова е причината зошто не можеме да бидеме мирни и да ги игнорираме повиците за казнување на оние што донесуваат информирана одлука да не користат вакцина против МРП, заради здравствени или лични верувања. Откако ќе го изгубиме законското право да се откажеме од употреба на една вакцина, брзо ќе го изгубиме правото да се откажеме од која било од нив.
И на крај, важно е да се сфати дека повеќето родители кои зборуваат за ризици од вакцини не се „антиваксери“. Напротив! Тие честопати се нарекуваат себеси „ексваксери“ затоа што ги следеле препораките за вакцинирање на CDC и нивните здрави деца биле повредени во процесот – станале хронично болни или станале инвалиди.
Секое рационално лице, откако ќе дознае повеќе за ризиците од вакцините за кои не им било кажано, се бори да спречи да се случи истото уништување кај другите и сите треба да бидеме благодарни за ваквиот јавен сервис.
Одбивањето на вакцината не е резултат на изложеност на информации кои се од клучно значење за вакцините (во повеќето случаи), тоа е поттикнато од лично искуство со повреди од вакцина.
Со целата неизвесност околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, клучно е да го заштитите вашето право да направите независни здравствени избори и да имате доброволна, информирана согласност за вакцинирање. Итно е секој во светот да застане и да се бори за да го заштити правото на информирана согласност при медицинските интервенции. Најдобар начин да го направите ова е да се вклучите лично со вашите државни законодавци и да ги едуцирате лидерите во вашата заедница.
Би помогнало и доколку ја споделите Вашата приказна за несакани ефекти од вакцинацијата.
Можете да ни пишете на info@odnaszanas.com или придружете ни се во фб групата – Сведоштва за последиците од вакцини.
Видеото од Барбара Ло Фишер е едно од најмоќните. Се надеваме дека гледањето на ова видео ќе ве инспирира да ги земете работите во свои раце и да се приклучите на борбата за слободен, информиран избор.
Автор д-р Џозеф Меркола