Човечки И Животински Клетки

Дали вакцините содржат човечки и животински клетки?

Како тоа се одразува кај вацинираната личност?


ЧОВЕЧКИ КЛЕТКИ

Фетални Клеточни Линии

Самиот чин на абортирање е контрoверзна тема која подига низа религиозни, морални и етички прашања. Инјектирањето  на фетални клеточни линии во детските тела, за многу луѓе се коси со нивните верувања. Многу од вас кои го читате ова, сигурно не сте биле запознаени со тоа дека сте внеле туѓи ДНК фрагменти во сопствените и телата на Вашите деца.  Овде секако се наметнува и прашањето за информирана согласност, која кај нас како и во многу земји не е запазена.

Развивање на вакцините од абортирани фетуси.

Примери за фетални линии и нивно именување.

WI-38  е развиена од д-р Ленард Хајфлик во 1962година, со земање на ткиво од бели дробови на абортирано женско бебе.  WI – значи Вистар Институт (Wistar Institute), а додека бројот 38 е бројот на абортирани бебиња додека се дојде до „перфектната” клеточна линија за нивните потреби.

MRC- 5 е развиена за Medical Research Counsil, Англија во 1966 година, од ткиво од бели дробови на абортирано машко бебе.

Овие се најчестите фетални линии кои се користат во повеќето вакцини наменети за педијатриската популација.

Walvax-2 е најновата клеточната линија развиена од фетални клеточни линии од абортирано бебе. Во статијата од 2015 година насловена- Карактеристики и својства на вирусно размножување на новата човечка диплоидна клеточна линија, Walvax-2, се разгледува соодветноста за производство на вакцини.
Се смета дека клеточната линија Walvax-2 ќе го заземе местото на MRC-5 и WI-38 линиите, бидејќи ја губат способноста за само – репликација.

Но, како можат феталните клетки уште од 1962 година да бидат достапни за употреба денес?

Од страната на LifeCanada.org – „Се зема ткиво од белите дробови, бубрезите, кожата, мускулите, срцето, црниот дроб, тимусот и тироидната жлезда од 19 одбрани фетуси. Групација од клетките земени од овие ткива биле инкубирани во лабораториски услови. Откако групацијата на клетките се зголемила доволно за да формира маса за жетва, масата била поделена на помали серии и повторно била инкубирана. По околу 50 популации на инкубација, клетките почнаа да се делат побавно и се влошија. Иако клеточните соеви имаат ограничен животен век, со замрзнување на вишокот клетки при секоја суб-култивација, може да има клетки достапни во било кое време во скоро неограничени броеви. Замрзнатите клетки може да се одмрзнат, суб-култивираат постојано, а вишокот од секоја од овие суб-култивирања, пак, може да се замрзне и подоцна да се одмрзне за употреба. Овој модел може да се повтори додека не се достигне вкупниот потенцијален принос од околу 20 милиони метрички тони!“

ДНК

ДНК се екстрахира од абортираните клеточни линии на фетусите. Се користи како адјувант во вакцините. Во вакцините, на доза се дозволени 100.000.000 битови и низи на човечка ДНК. Повторно, се соочуваме со прашањето на етичката дилема. Не само тоа, но многу научници веруваат дека овие ДНК низи и генетскиот код што го носат, можат да бидат инкорпорирани во сопствената ДНК на лицето.

Загрижувачки е (покрај моралните, етичките и религиозните верувања) дека информациите за овие клетки се многу ограничени, што значи дали тие биле „тестирани“ за да бидат безбедни и здрави во 1960-тите години, дали тие се неопходно безбедни и здрави клетки во денешниот свет? Какво  е влијанието на ДНК фрагментите што се инјектираат во друг организам, посебно ако се од различен пол?  Дали е возможно телото на бебето да мисли дека е туѓо тело  и да ги нападне? Дали е можно телото на бебето да се збуни и да ги нападне сопствените клетки? Дали е можно ДНК-та на фетусот од овие клетки да се рекомбинира со клетките на бебето и да ја внесе својата ДНК?

Човечки Серумски Албумин

Човечкиот серум – албумин е стабилизирачки протеин направен од човечка крв дониран од одбрани донатори. Инјектирањето на протеин директно во телото е опасно!
Имаме човечка ДНК, човечки клеточни линии од абортирани доенчиња и протеини од човечка крв во нашите вакцини. Кога ни е потребна трансфузија на крв или некоја крводарителска донација, што е апсолутно неопходно? На пример, ако лицето со крв од тип О прима крв од тип А +, исходот е фатален. Постојат научни правила кои не можат да се преминат во врска со ДНК и крв. Неопходно е да се тестирате кога примате било каков вид на ткиво или крв за да се осигурате дека фаталниот тип на крв или ткиво не се става во вашето тело. Значи, колкумина од вас или вашите деца добија тест за крвта пред да добиваат вакцинација? Ние сите го знаеме одговорот на тоа. Тоа не се случи. Исходот за мешање и НЕ совпаѓање на човечката крв и ткиво со други луѓе може да биде буквално катастрофален. Запомнете дека секоја од овие 4 состојки има човечка ДНК во нив. Дури и откако протеинот се извлекува од човечката крв, ДНК-та останува.

ЖИВОТИНСКИ КЛЕТКИ

Фетален Говедски Серум

Еден од повеќе гротескните методи кои се вклучени во производството на вакцини е собирањето на феталниот говедски серум. Целта за серумот е обезбедување на супа од хранливи материи за вируси кои растат во клетките.

Како се собира крвта?

Според веб-страницата на Humane Research Australia – „По колењето и крварењето на кравата во кланица, матката на мајката која го содржи фетусот, се отстранува за време на процесот на евицепција (отстранување на внатрешните органи на мајката) и се пренесува во просторијата за собирање крв. Потоа се вметнува игла помеѓу ребрата на фетусот директно во неговото срце и крвта се вакумира во стерилна колекција за да се минимизира ризикот од контаминација на серумот со микроорганизми од фетусот и неговата околина. Се користат само фетуси на возраст од три месеци, бидејќи ако е гестациски помало, срцето се смета за премало за да се пробие. Откако ќе се собере, крвта може да се згрутчи на собна температура, затоа серумот се дели преку процес познат како центрифугирање и се складира во фрижидер“.Подетално овде.

За отстранување на повеќето загадувачи, секоја серија од говедски серум мора да биде екстензивно тестирана и да биде подложена на листа на третмани пред да биде спакувана за продажба. Целокупниот процес на тестирање е трудоинтензивен и може да потрае неколку недели до месеци. Еден чекор што често се користи за елиминирање на загадувачите е зрачење на серумот, но процесот не е 100% комплетен ниту е 100% ефикасен. Кога процесот заврши, серумот е означен со различни оценки, од различни добавувачи и од различни земји од каде потекнуваат. Крајните производи содржат различни амино киселини, шеќери, липиди и хормони. Ако ендотоксините не се целосно отстранети, тие можат да предизвикаат треска и воспалителни реакции кај оние кои се инјектираат со серумот.

Уште поголем проблем претставува контаминацијата на серумот со вируси кои веќе биле присутни кај говедата. Детектирани се 5 типа од групата на пестивируси (BVDV-1, BVDV-2, CSFV, BDV HoBi-like virus), во различни клеточни култури и серуми. Студијата спроведена во Италија (2015) покажа дека сите 26 парчиња тестирани од FBS биле контаминирани со најмалку еден вид говедски Pestivirus.

USDA (Министерство за земјоделство на САД) тврди дека луѓето не се подложни на овие вируси, кога се изложени на заразени говеда. Но, дали овие вируси можат да предизвикат инфекција кај луѓето кога тие се инјектираат при вакцинација? Дали би можеле овие  вируси да предизвикаат болест? Иако не е направена јасна поврзаност, BVDV-антигените биле пронајдени во столицата на 30 од 128 деца со инфантилен гастроентеритис, а  микроцефалија е пријавена кај доенчиња родени од мајки кои биле серопозитивни за BVDV.

Вакцини што содржат серум од телешка крв: вакцина против аденовирус, MMR вакцина, вакцина против ротавирус, вакцина против варичела (сипаници). Повеќе за говедскиот материјал користен при производство на вакцините тука.

Бубрежни Клетки Од Мајмун (Vero cell culture)

Ткивото од мајмунските бубрези  се користи за поддршка на растот на одредени вируси кои се користат во производството на вакцини. Останува огромна контроверзност во користењето на овие клетки и нивната улога во контаминирање на полио вакцината во 1950-тите преку СВ-40 вирусот, со кој користеното ткиво било природно заразено. Контаминацијата на вакцините со овој вирус се поврзува со појавувањето на низа специфични видови на тумори, како што се тумори на мозокот и коските, мезотелиоми и лимфоми.

Вакцини што ги содржат овие веро клеточни линии се: DTaP, за јапонски енцефалитис, вакцина против полио, вакцина против ротавирус.

Пилешки Ембриони

Кокошките и нивните ембриони долго време се користат во производството на вакцини.Вирусите за вакцини мора да се одгледуваат на живо ткиво. Пилешките ембриони се широко користени, бидејќи тие се лесно достапни, се со големина што е погодна да се работи и се премногу незрели за да создадат антитела против вирусниот инокулум. Целиот процес на обработка на ембрионите е прикажан тука.

Овие методи беа популаризирани во 1920-тите и 1930-тите од страна на Томас Риверс и други во Рокфелер Институтот за медицински истражувања.

Јајцата се користат за производство на вакцини повеќе од 70 години. Тоа е бавен, незгоден процес. До осум месеци, повеќе од 500.000 оплодени пилешки јајца дневно се користат како „мини инкубатори“ за култивиранње на  вируси. Користејќи трудоинтензивна метода, секое јајце се испитува рачно со специјализирано светло за да се осигура дека пилешкиот ембрион расте и школката нема пукнатини.
Три типа пилешко ткиво се користат за производство на вакцини базирани на јајца:

Јајце – амнионска течност: вакцина против грип (флузон, флуад) и вакцина против жолта треска.

Јајце – овалбумин: вакцини против инфлуенца (Afluria, Fluarix, Flulavel, Fluvirin, FluMist) .

Фибробласти на пилешки ембриони: беснило, мали сипаници и заушки.

Повеќе на линкот.


Дали инјектирањето на овие животински протеини, во комбинација со имуностимулатори како алуминиумот, се во директна врска со зголемената преваленца на алергии на лактоза,  казеин и јајце?

Што вели науката?