Цели На Здружението

Извадок од Актот за основање на здружението:


Здружение на граѓани за заштита на човекови права ОД НАС ЗА НАС Скопје ги има следните цели и задачи:

Основна цел на Здружението е застапување и лобирање за унапредување на легислативата, подигнување на јавната свест во врска со заштитата и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Меѓународните конвенции како што се:

  • Право на живот (право на физички интегритет и заштита од телесни повреди);
  • Слобода на совеста и религијата;
  • Право на здравствена заштита;
  • Право на заштита на мајката, детето и семејството;
  • Право на згрижување;
  • Право на образование.

Долгорочни цели на Здружението се:

  • Почитување, промовирање, продлабочување и зајакнување на заштитата на човековите права и слободи, особено почитување, промовирање, продлабочување и заштита на правата на пациентите, подигнување на свеста кај населението и медицинската фела за правта на пациентите и нивната заштита.
  • Промоција и заштита на човековото право за самоопределување за личното здравје и здравјето на семејството;
  • Зајакнување на капацитетот на организациите кои се занимаваат со заштитата на човековите права и слободи и развивање на свеста на граѓаните за важноста на граѓанското општество, хуманитарната работа и владеењето на правото;Воспоставување дијалог помеѓу пациентите, лекарите, здравствените институции и фармацевтските компании;
  • Постојано следење на меѓународното законодавство и пракса во доменот на заштита на правата на пациентите, иницирање и учество во процесот на приближување и хармонизација на домашната легислатива со европското законодавство;
  • Развивање на квалитетна и креативна програма за едукации и консултантски услуги во областите на делување на Здруженито;
  • Помош во овозможување еднаков пристап до правдата;
  • Унапредување на здравата животна средина, запознавање на граѓаните со нивните права за здрава животна средина и слично.
  • Зачувување и афирмација на традиционалните културни вредности, морални принципи и негување на традиционалното семејство како исклучително важна вредност во македонското општество.

Други цели на Здружението се:

  • Да организира манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето на заштитата и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Меѓународните конвенции во главните општествени текови;
  • Да организира и учествува на семинари и советувања на кои се разгледува прашањето на заштитата и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Меѓународните конвенции;
  • Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на заштитта и промовирање на човековите права и слободи во согласност со Уставот на Република Северна Македонија и Интернационалните конвенции, како и да учествува во следење на нејзината имплементација;
  • Да организира и спроведува обуки за развој на капацитетите;
  • Да соработува, да се поврзува и да се зачленува во други домашни и меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика;
  • Да обезбедува материјални, финансиски и правни услови за работа на Здружението и неговите членови.
  • Да предлага и спроведува научни и стручни истражувања во областа на човековите права и слободи во областа на здравството, образованието и образованието на семејства.