Со илјадниците статии од мејнстрим медиумите кои ги обвинуваат невакцинираните за предизвикување на епидемии на болести, оваа статија ќе обезбеди неопходна противтежа со приказ како вакцинираните можат и ги заразуваат невакцинираните…
Истражувачката студија објавена во 2013 година во списанието „Вакцина“ насловена: „Споредба на ширењето на вирусот по жива, атенуирана, петовалентна, генетски модифицирана ротавирусна вакцина“, се повика на фактот дека ротавирусните вакцини содржат живи вируси способни да предизвикаат инфекција, ширење на вирусот па дури и пренос на невакцинирани субјекти:
„Всушност, забележан е пренос на генетски модифицираните вакцинални соеви од овие две ротавирусни вакцини на невакцинирани субјекти [9-13] [1], дури и во отсуство на симптоми“.
Една од петте студии наведени во референците погоре потврдува дека вакцинираните може да ги инфицираат невакцинираните „Трансмисија на вакцинален сој на рота вирусот (RotaTeq) и врската со ротавирусен гастроентеритис“, објавена во 2009 година. Ова е прва студија во литературата, со која се идентификува преносот на вирусот од ротавирусната вакцина на невакцинирани контакти што резултира со симптоматски ротавирусен гастроентеритис, кој бара итна медицинска помош:
„Тука го документираме појавувањето на ротавирус (RotaTeq [Merck и Co, Whitehouse Station, NJ]) од вакцинирано новороденче на постар, невакциниран брат или сестра, што резултира со симптоматски ротавирусен гастроентеритис, кој бараше грижа во одделот за итни случаи”.
Студијата, исто така, посочи дека два од петте видови на ротавирус во составот на Rotateq вакцината, се модифицирани да предизвикаат генетска прегрупација и појавување на поопасен тип вирус, или на вакцинираното новороденче или на последователно инфицираното невакцинирано братче или сестра:
„Резултатите од нашата истрага сугерираат дека повторното ресортирање помеѓу вакциналните компонентни видови на генотипови P7 [5] G1 и P1A [8] G6, се случиле за време на репликација (како одговор) или во вакцинираното новороденче или кај постариот брат или сестра, со што се зголемила можноста дека оваа ресортирање може да ја зголеми вирулентноста (релативната способност на патогенот за надминување на одбраната на телото) од вирусот добиен од вакцината“.
Овој феномен на ресортирање (рекомбинација на геномски материјал кај сродни вируси) на вирусот од Ротатек вакцината и последователна инфекција со гастроентеритис кај примателите, беше забележан и во една студија од 2012 година кај 61 новороденче. [2]
Дополнително, студијата објавена во 2012 година во Никарагва покажа дека „широко распространетата употреба на вакцината RotaTeq доведе до присуство на гени од вакцината во циркулирачки човечки RVs“, откривајќи дека широко распространетото воведување на вакциналниот вирус го променило генетскиот состав на дивиот тип ротавирус, кој сега ги инфицира изложените популации. [3]
Се проценува дека помеѓу 80-100% од новороденчињата го рашириле/пренеле ротавирусот во одреден момент, во текот на 25-28 дена по вакцинацијата. [4] [5] Ова открива дека вакцинираните, спротивно на широко распространетите претпоставки за ризиците што ги претставуваат невакцинираните, претставуваат јасен ризик за инфицирање на невакцинираните и може да произведат идеални виролошки услови за рекомбинација на различни видови ротавируси во супер-вируси отпорни на вакцини.
Друга студија на случај, пријавена во документот на Националниот информативен центар за вакцини, за ширење на вируси од вакцини:
„Во 2010 година беше објавен извештај за педијатриски случај кој опишува 30-месечно здраво момче кое никогаш не добило вакцина против ротавирус и беше заразено со вакцинален ротавирус. Тој заврши во просториите за итни случаи со тежок гастроентеритис 10 дена откако неговиот здрав, два месеци, постар брат добил доза на вакцина од Merck – RotaTeq. Примерок од столицата бил земен во просторијата за итни случаи и се покажал позитивен за соеви на вакцината RotaTeq добиени по тестирањето со RT-PCR .
Авторите на извештајот за случајот забележале дека „преносот на вакцинални вируси (од RotaTeq) кон невакцинирани лица не е евалуиран во клучните (пред лиценцирање) клинички испитувања“ . Тие додадоа дека и двете вакцини RotaTeq и Rotarix [GlaxoSmithKline Biologicals] имаат „потенцијал за пренос на вакциналниот вирус при контакт“.
Ротатек вакцина – преплетена со конфликт на интереси
Ротавирус вакцината Rotateq беше ко-креирана од д-р Пол Офит, широко познат како водечки промотор во вакциналната индустрија. Тој е косопственик на патент, на една од двете живи ротавирусни вакцини кои FDA ги одобри и кои CDC препорачува дека треба да се даваат на доенчиња во 3 дози на возраст од 2 месеци, 4 месеци и 6 месеци.
Историски неспособен за самоодрекување и покрај неговите очигледни конфликти на интереси, Офит редовно се позиционира како експерт за вакцини, иако тој лично има придобивки да го претстави својот производ (и распоредот за вакцинирање на CDC како целина) како безбеден и ефикасен.
Таков случај е интервјуто во списанието Parenting, каде тој тврди дека едно дете може да прими 10.000 вакцини истовремено без штета (коригирани од 100.000 што ги предложил во претходното интервју).
Вакцината против ротавирус беше валкана од почетокот
Првата ротавирусна вакцина – Rotashield, која се состоеше од четири реасортирани резус-човечки ротавируси, беше одобрена во 1999 година, за да после само девет месеци, биде повлечена од пазарот од страна на FDA, кога беше утврдено дека го зголемува ризикот за смртоносна форма на опструкција на цревата позната како интусусцепција (преплет на цревата) во мала подгрупа на високо ранливи деца. [6]
Rotateq вакцината на Офит, која се состои од 5 човечко-говедски ретровируси (да, тоа значи ГМО), се сметаше за побезбедна алтернатива кога беше одобрена од страна на FDA во 2006 година, но ново објавеното истражување открива дека неговата вакцина ги предизвикува истите смртоносни проблеми.
Објавено е во „Вакцина“ и насловено како „Ризик за интуискуција после вакцинацијата со Ротатек: Евалуација на податоците од спонтано пријавување во светот, користејќи само-контролиран пристап на серија случаи”. Студијата ги оцени извештаите од светот до производителот на Ротатек, до мај 2014 година, прилагодувајќи се на феноменот – недоволно пријавување.
Студијата покажала дека релативниот ризик од интусусцепција поврзан со администрацијата на вакцината Rotateq се зголемува „3-7 дена по вакцинацијата, главно по првата доза и маргинално по втората и третата доза“. Достигнато е зголемување на релативниот ризик 3,45 пати во период од 3 до 7 дена по првата доза, во однос на контролниот период од 15-30 дена.
Друга студија која ги поврзува Rotateq со интусусцепција беше објавена во New England Journal of Medicine која открила околу 1,5 пати (95% CI, 0,2 до 3,2) повеќе случаи на интусусцепција на 100.000 приматели на првата доза. [7]
Живи вакцини – Пандорина кутија на адвентистички вируси
Смрт или дебилација со опструкција на дебелото црево кое следи брзо по вакцинацијата со Ротатек е акутен негативен ефект што е малку веројатно да се превиди или да се игнорира. Ова е причината зошто Системот за известување на несакани ефекти од вакцини (VAERS), покажа дека е значаен несакан ефект. Сепак, се верува дека VAERS опфаќа помалку од 1% од реалната штета што се прави со вакцини, што укажува на тоа дека степенот на штета од Ротатек е неколку пати поголема отколку што во моментов е индицирана со овој извештај.
Изложеноста на Ротатек затоа има, како и многу живи вакцини – темна страна, што се однесува на негативните ефекти, бидејќи може да поминат месеци, години или децении за да се манифестираат како дел од мултифакторниот облак од современи токсини и изложувања, што на крајот на нивниот пат се претворат во тесно грло на класична дијагноза.
На пример, идентификувано е дека Ротатек е контаминирана со голем број на адвантистички (случајни/непожелни) вируси, односно вируси кои ги контаминираат живите клетки и / или биолошките компоненти кои се вклучени во оригиналниот процес на производство на вакцини. Овие прикриени агенти, непознати за производителите и регулаторните агенции што ги одобрија, ги инфицирале вакцините дадени на децата. Ваквите вируси ги вклучуваат:
• Porcine Circovirus 1 (PCV-1) – свински цирковирус.
Во 2010 година FDA ја суспендира вакцината Rotarix поради откритието дека е контаминирана со PCV-1 вирус, свински вирус, чии последици за човекот, сеуште не се познати. Сметајќи дека е помалку ризичен од PCV-2, за кој се знае дека предизвикува дебилациона болест кај прасињата. FDA утврди, по прегледот, дека PCV-1 не претставува ризик за милиони деца кои биле изложени на него.
• Porcine Circovirus 2 (PCV-2)
Во студија спроведена од страна на истражувачите на CDC во 2014 година и објавена во „Хумани вакцини и имунотерапија“ со наслов „Детекција на ДНК на PCV-2 вирусот во примероци од фецес на доенчиња вакцинирани со Ротатек“, за прв пат е откриено дека PCV -2 е присутна во столицата на оние вакцинирани со Rotateq. Тие откриле дека „вкупно 235 (28,5%) примероци на 59 приматели на вакцини биле позитивни на ДНК PCV-2 со една или повеќе анализи користени во оваа студија“. Дополнително – „дваесет и двајца од 102 примачи на вакцина (21.6%) го пренесоа вакциналниот сој на вирус од Ротатек и 10 од вакцинираните (9.8%) и пренесоа ДНК на PCV-2 и РНК на ротавирусната вакцина“. Кај свињите, PCV-2 е поврзан со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи „PCV2 -поврзана пневмонија, PCV2-асоциран ентеритис, репродуктивна инсуфициенција поврзана со PCV2 и свински дерматитис и синдром на нефропатија (PDNS)“. [извор]. Во 2010 година, FDA пресуди, против принципот на претпазливост, дека ниту „PCV1 ниту PCV2 може да инфицираат или да предизвикаат болест кај луѓето, сепак PCV2 може да предизвика болест кај свињите“.
• ДНК на бабунски ендоген ретровирус, сој 7
Студија од 2014 објавена во „Напредоци во вирусологијата“ со наслов „Скрининг на вирални патогени од педијатриски примероци на илеални ткива (ткива од илеумот, дел од текното црево) по вакцинација“, пронајдоа докази за контаминација со бабунски ретровирус.
• Класа Д симијан ретровируси
Студија од 2010 објавена во „Весникот за вирологија“, открила дека вакцината Ротатек содржи ДНК на симијан ретровирус (со 96% преклопување), што доктор Џуди Миковиц потврди дека може да придонесе за негативни здравствени ефекти, без разлика дали е самореплицирачки вирус или не.
Бидејќи живите вакцини се произведуваат преку ко-култивирање на клетки и биолошки течности од повеќе различни видови, има многу можности вирусите да се адаптираат и да се рекомбинираат за да произведат инфективни агенси способни за далеку поголема вирулентност. Ротатек е само една од многуте вакцини во распоредот за имунизација на CDC кои содржат живи вируси способни да ги инфицираат оние на кои им се дадени, вклучувајќи ретровируси, кои се наречени модерна чума, што се должи на фактот дека тие се способни да го инфицираат домаќинот како не – ХИВ стекнати имунодефициентни вируси. За повеќе информации, прочитајте ja книгата на д-р Џуди Миковиц и Кент Хекенливли – Чума (Plague).
Очигледно, со оглед на доказите кои ги откриваат потенцијалните несакани ефекти од вакцината Ротатек, особено потенцијалот да ги инфицираат оние кои се изложени на неа со непожелни, адвентистички вируси, спроведувањето на принципот на претпазливост бара моментално суспендирање на нејзината употреба, се додека не се спроведат правилни токсиколошки преиспитувања.
Секој кој ја доведува во прашање сигурноста на сегашниот распоред за имунизација на CDC, треба да биде во можност да посочи на Ротатек како совршен пример, затоа што распоредот воопшто не е базиран на докази, туку е заснован на митолошка верба во безбедноста и ефективноста на производите кои никогаш не биле докажани.
Извор
GreenMedInfo.com
Референци:
[1] [9] Phua KB, Quak SH, Lee BW, Emmanuel SC, Goh P, Han HH, et al. Evaluation of RIX4414, a live, attenuated rotavirus vaccine, in a randomized, double-blind, placebo-controlled phase 2 trial involving 2464 Singaporean infants. J Infect Dis 2005;192(Suppl. 1):S6–16.
[10] Dennehy PH, Brady RC, Halperin SA, Ward RL, Alvey JC, Fischer Jr FH, et al. Comparative evaluation of safety and immunogenicity of two dosages of an oral live attenuated human rotavirus vaccine. Pediatr Infect Dis J 2005;24:481–8.
[11] Payne DC, Edwards KM, Bowen MD, Keckley E, Peters J, Esona MD, et al. Sibling transmission of vaccine-derived rotavirus (RotaTeq) associated with rotavirus gastroenteritis. Pediatrics 2010;125:e438–41.
[12] Boom JA, Sahni LC, Payne DC, Gautam R, Lyde F, Mijatovic-Rustempasic S, et al. Symptomatic infection and detection of vaccine and vaccine-reassortant rotavirus strains in 5 children: a case series. J Infect Dis 2012;206:1275–9.
[13] RiveraL,Pen ̃aLM,StainierI,GillardP,CheuvartB,SmolenovI,etal.Horizontal transmission of a human rotavirus vaccine strain—a randomized, placebo- controlled study in twins. Vaccine 2011;29:9508–13.
[2] J Infect Dis. 2012 Aug 1;206(3):377-83. doi: 10.1093/infdis/jis361. Epub 2012 May 21.
Identification of strains of RotaTeq rotavirus vaccine in infants with gastroenteritis following routine vaccination. Donato CM1, Ch’ng LS, Boniface KF, Crawford NW, Buttery JP, Lyon M, Bishop RF, Kirkwood CD.
[3] Infect Genet Evol. 2012 Aug;12(6):1282-94. doi: 10.1016/j.meegid.2012.03.007. Epub 2012 Apr 2.
Vaccine-derived NSP2 segment in rotaviruses from vaccinated children with gastroenteritis in Nicaragua. Bucardo F1, Rippinger CM, Svensson L, Patton JT.
[4] Phua KB, Quak SH, Lee BW, Emmanuel SC, Goh P, Han HH, et al. Evaluation of
RIX4414, a live, attenuated rotavirus vaccine, in a randomized, double-blind, placebo-controlled phase 2 trial involving 2464 Singaporean infants. J Infect Dis 2005;192(Suppl. 1):S6–16.
[5] Comparison of virus shedding after lived attenuated and pentavalent reassortant rotavirus vaccine
[6] Centers for Disease Control and Prevention. Intussusception among recipients of rotavirus vaccine—United States, 1998–1999. JAMA 1999;282:520-1CrossRefMedlineWeb of Science
[7] N Engl J Med. 2014 Feb 6;370(6):503-12. doi: 10.1056/NEJMoa1303164. Epub 2014 Jan 14 Intussusception risk after rotavirus vaccination in U.S. infants. Yih WK1, Lieu TA, Kulldorff M, Martin D, McMahill-Walraven CN, Platt R, Selvam N, Selvan M, Lee GM, Nguyen M