Алармантниот Пораст На Хроничните Воспалителни Болести И Ретровирусите – Д-р Џуди Миковиц

Инциденцата на хроничните инфламаторни заболувања се зголеми енормно во последните 25 години. Деталите кои објаснуваат како ретровирусите во денешната биолошка терапија, вклучувајќи ги и вакцините, придонесуваат за автоимуни, невроимуни заболувања и рак – се сложени. Иако го поминав мојот животот проучувајќи како ретровирусите придонесуваат за овие болести, објаснувањето на поедноставен начин е тешка задача.

Во нашата книга Plague, Kent Heckenlively и јас ја разјаснивме науката и прикривањето околу откривањето на нова фамилија на човечки ретровируси, од страна на мојот тим, во 2009-та година. Оваа фамилија на човечки ретровируси се поврзани со вируси на леукемија од глувци –  асоцирани не само со рак, туку со аутистичен спектар на нарушувања и хроничен синдром на замор. Во Plague, мојот коавтор и јас детално го покриваме откритието со наука. Научното истражување не е само студија поставена во дефиниран простор или време, туку цел живот на детално набљудување и учење, цел живот за формирање на хипотези и модификација на тие хипотези како технологијата и науката информираат за нови откритија. Науката никогаш не е мирува, бидејќи учиме и откриваме работи секојдневно – кои некогаш биле сметани за невозможни.

Меѓутоа, науката во 21-от век е покомплексна од кога и да било во историјата на човештвото. Кент Heckenlively е наставник по наука од шесто одделение. Со цел да ја раскажам мојата приказна на начин што секој би можел да го разбере, кој е подобар од наставникот по наука од шесто одделение, за да ми помогне да ја објаснам комлексноста на проблемот? Или така си помисливме. Во освртите на Plague, еден лекар рече дека науката е „премногу сложена“. Бидејќи ова е толку критична тема во човечкото здравје, сакам да објаснам што е можно поедноставно, за секој да може да разбере.


Што се ретровирусите?

Ретровирусите се класифицираат во групата на РНК вируси, наречени РНК туморски вируси. Тие се нарекуваат „ретро“, бидејќи имаат само геном на РНК и функционираат поинаку од другите вируси. Во повеќето вируси, ДНК се транскрибира (или впишува) во РНК, потоа РНК преминува во протеини. Од друга страна, ретровирусите функционираат поинаку. Ретровирусот работи со обратна транскрипција, односно „впишување наназад“ во ДНК со користење на ензим, специфичен  само за ретровирусите, наречен обратна (реверзна) транскриптаза. ДНК формата на вирусот се нарекува провирус. Провирусот потоа се вметнува во ДНК на домаќинот, користејќи друг ензим кодиран исклучиво за ретровируси наречен интеграза. Ензимот интеграза ја отвора – сече ДНК, а потоа провирусот „се лепи“ на клеточната ДНК, кадешто провирусот живее додека е жива клетката.

Како дополнување на ензимите – обратна транскриптаза и интеграза,  ретровирусите кодираат и неколку други клучни гени, кои се важни за да направат вирусна честичка наречена вирион. Гените што ја формираат надворешната обвивка (envelope) наречени env и gag, ги кодираат протеините кои формираат капсид (протеинска обвивка околу нуклеинската киселина/јадро), кој го опкружува генот на РНК. Геномите на РНК, на ретровирусите се помеѓу седум и дванаесет илјади бази (7-12 килобаси, kb). Човечкиот геном содржи околу три милијарди базни парови. (РНК е изградена од еден синџир, додека ДНК е со 2 синџири, па оттука и „базни парови“).



Ретровирусен вирион е околу 100 нанометри (nM) во големина и може да се види само со електронски микроскоп.



Електронскиот микрограф (EM) на гама ретровирусот изолиран од човечка крв во 2009-та година.

Провирусот не може да се претвори во инфективна вирусна честичка без да се користи процесот на делба на клетката. Ова е илустрирано во темните делови на мембраната на клетката, каде што вирусот се ослободува од клетката и ги зема липидите од клеточната мембрана, за да го комплетира вирионот.

Овде, таму и насекаде…

Во суштина, сите животни имаат ретровируси интегрирани во нивните геноми. Птиците, мајмуните, кравите, свињите, мачките, кучињата, глувците и рибите имаат ретровируси впишани во нивните геноми; дури и растенијата имаат ретровируси. Во гените на ‘рбетниците се присутни илјадници ендогени ретровирусни елементи (ERV), кои покажуваат структура блиска до онаа на интегрираната провирална форма на егзогени ретровируси (региони со gag-, pol- и env поврзани со 2 LTRs), но гените се мутирани, така што се смета дека не можат да произведат и ослободат заразни честички. Овие ERV, најверојатно, се остатоци од минати инфекции на герминативната линија од предците ретровируси, кои биле оневозможени од имунолошкиот систем на домаќинот. Ова значи дека ретровирусните гени се неисправни и веќе не ослободуваат заразни честички. Дури 15% од човечкиот геном се состои од егзогени хумани ретровируси.

Кај животните, егзогените ретровируси се одговорни за некои од најсмртоносните познати болести. Во 1980 година Поез и Раскети го изолираа првиот ретровирус кој предизвикува човечка болест, тогаш наречен хуман Т-клеточен вирус на леукемија, бидејќи се покажа дека предизвикува агресивен рак наречен адултна клеточна леукемија (Adult T-cell leukemia -ATL). Всушност, кога мојот ментор и колега од 35 години, Френк Рускети, се приклучи на Националниот институт за рак (NCI) во 1975 година, за да проучува болести на човекот предизвикани од егзогени ретровируси, му било кажано од NCI научникот Џон М. Кофин, да не се мачи со нив – зошто тие не постојат. Иако ретровирусите биле важен дел од човечката еволуција (бидејќи плацентата еволуирала од гените на предците на ретровирусот, пред 25-40 милиони години), гените кои ја формираат надворешната обвивка, од егзогените и ендогените ретровируси, абнормално изразени кај луѓето, се покажаа како одговорни за развојот на многу хронични заболувања. Стапките на инциденцата кај овие болести се зголемени во Америка, во 21-от век и вклучуваат: рак на простата, рак на дојка, леукемија, мултиплекс склероза и амиотропна латерална склероза (Lou Gherig-ова болест).

Изразување и начин на развој

Многу фактори се важни во развојот на болести поврзани со ретровирусите. Изразот и начинот на пренесување се клучни за развојот на болеста. Научивме многу за видовите болести од 40-годишното изучување на механизмите за развој на болести, од животински и човечки ретровируси. Двете главни начини на ретровирусна трансмисија се прикажани шематски подолу:

Ретровирусна трансмисија

Во митотична трансмисија, провирусот е заспан или дефектен и интегрираната провирална форма на егзогени ретровируси (региони поврзани со gag-, pol- и env поврзани со 2 LTRs) – не се изразени/активни. Во овој случај само клетките на ќерката ги носат ретровирусните гени и ако не се изразат овие ендогени или егзогени ретровирусни гени, остануваат „заспани“ со години и вообичаено не придонесуваат за болест, додека може да се активира многу подоцна во животот – како што слабее имунолошкиот систем. За време на инфективниот пренос, целосниот вирион се продуцира/размножува во голем број и инфицираат многу соседни клетки и се шират од личност до личност  и клеточно и вонклеточно – преку крв и телесни течности. Инфективниот пренос на ХИВ ја покрена епидемијата на СИДА во 80-тите и 90-тите години, вклучувајќи и пренос од инфицирани клетки во контаминирано снабдување со крв и активирање на хибернираните ретровируси од тешки метали, ко-инфекции и несоодветна вакцинација на ХИВ инфицирани лица.

Пристапи на ксенографт се користат од 1950-тите во студиите за рак кај луѓето, автоимуни и невроимуни болести и ја  поттикнале еволуцијата на нови ретровируси со патогени својства. Ние сега осознаваме  дека употребата на ксенографски технологии во развојот на вакцини и биолошки лекови и генетски модифицирани организми (ГМО), кои го забрзаа ширењето на животнските ретровируси на луѓето (процес познат како зооноза), при што животински ретровируси „прескокнуваат“ видови, учат да ги избегнат имуните механизми на луѓето и со тоа предизвикуваат болест.

Ротавирусната вакцина

Гледајќи ги состојките на вакцините, можеме брзо да видиме дека секоја вакцина може да биде загадена со најмалку едно животинско ретровирусно семејство, од кои сите се поврзани со рак, хронично заболување на црниот дроб, СИДА, ALS, ME/CFS  и аутизам.

Како само еден пример меѓу стотиците ретровирусни контаминации на вакцините, погледнете ја историјата на ротавирусната вакцина. Во 2010 година, Агенцијата за храна и лекови (FDA) свика панел на експерти за да ги разгледа заклучоците дека ротавирусните вакцини што им се даваат на доенчињата во САД – Ротатек, (Мерк ) и Ротарикс (Glaxo Smith Kline), се контаминирани со свински вируси. Ротарикс, орално администрирана ротавирусна вакцина, содржеше нуклеински киселини од вирус на свински цирковирус-1 (PCV1) и покажа дека RotaTeq содржи нуклеински киселини од двете PCV1 и PCV2, патогени кај свињите кои се поврзани со општо пропаѓање и имунодефициенција. Иако признаваат дека сите кратки и долгорочни ризици од свинските цирковируси PCV1 и PCV2 сеуште не се познати, советодавниот панел одлучи дека „придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците“.

Иако технологијата за откривање на генетски контаминати во вакцините не беше достапна до релативно неодамна, пионерите на генетскиот инженеринг ги пропуштија  опасностите од генерирање на нови вируси и бактерии кои можат да предизвикаат болести. Хоризонталниот пренос на ген (HGT) се однесува на директно преземање и инкорпорирање на генетскиот материјал од неповрзани видови, во овој случај од адвантните (случајни) вирусни загадувачи во живите вирусни вакцини, во човечки домаќин или бактерија поврзана со домаќинот, како што се оние кои ги колонизираат цревата.

За разлика од хемиските загадувачи кои се распаѓаат и се отстрануваат, ретровирусните нуклеински киселини се заразни, можат да ги нападнат клетките и геномите, да се размножуваат, мутираат и рекомбинираат на неодредено време. Потенцијалните опасности на HGT на слободни нуклеински киселини вклучуваат: создавање на нови вируси и бактерии кои можат да предизвикаат болест, ширење на гени за отпорност на лекови и антибиотици меѓу вирусни и бактериски патогени кои предизвикуваат нетретибилни инфекции, случајно вметнување во геноми на клетки што резултира со штетни ефекти вклучувајќи рак и реактивација на хибернирани вируси, присутни во сите клетки и геноми, што може да предизвика болест.

Истражувањата покажуваат дека патогениот потенцијал на PCV тип 2, да предизвика болест слична на СИДА кај свињите, се ослободува кога има истовремена активација на имуниот систем (на пример, истовремена вакцинација) кај овие животни. Така, истовремена инокулација на ротавирусна вакцина контаминирана со ДНК секвенци од PCV тип 2 заедно со DTaP, Hib, PCV, IPV и Hep B, како што во моментов се препорачува од ACIP, обезбедува високо ризично сценарио за болест кај луѓето.

PCV Тип 2 е лимфотропен вирус, кој ги инфицира примарно лимфоидните ткива. Неговото откривање во лимфното ткиво на изложени (вакцинирани) деца, треба да биде во фокусот на итни истражувања, но сепак релативно малку луѓе се свесни за ризиците.

Таквото ткиво е достапно во форма на цревни биопсии кај деца со различни состојби, вклучувајќи и аутизам. Лимфното ткиво е исто така достапно од резус макаки изложени на тековниот распоред на вакцини како дел од тековните студии за безбедност. Овие ткива треба да бидат прикажани со користење на истата технологија на метагеномна и пан-микробна низа, која ја користи Victoria et al, за да се идентификуваат адвентните секвенци во вакцините.

Секоја клеточна линија или животинско ткиво што се користи за производство на било какви биолошки производи, вклучувајќи ги и вакцините, прво мора да се исчистат од сите ендогени вируси со цел да се спречи зоонотичкиот пренос на ретровирусите кај луѓето и да се направат безбедни. Добивањето на една или две инјекции на адвантен ретровирус, веројатно предизвикува мало оштетување на здрав имунитет.

Сепак, моменталниот агресивен распоред на вакцинирање, значи дека бројот на ретровируси инјектирани во доенчиња, деца и тинејџери – вклучувајќи ги и ранливите / имунокомпромитираните, за време на нивниот живот – е непознат.

Комбинирање на вакцини, од кои секоја може да носи HERVs, BLVs, Foamy вируси, EBV, микоплазма и потенцијално повеќе, додека имуниот систем е веќе осакатен од жива, алуминиум, полисорбат 80 и формалдехид е опасна, па дури и смртоносна пракса.

Што понатаму?

Во изминатите две децении, мојот истражувачки тим и други лица, идентификувавме вирусни секвенци протеини и изолирани вируси слични на вирусите на: леукемија на глувци, туморски вируси на глувци, вирус на леукемија од говеда, вируси за имунодефициенција на симиан , вируси од мајмун гибон во човечка крв, плунка, клетки, и клеточни линии. Како што детално опишуваме во глава пет од Plague, научната заедница не го послуша предупредувањето од 1953 година од д-р Г. Стјуарт, кога зборуваше со Светската здравствена организација. Тој зборуваше за вакцината против жолта треска во тоа време и изјави:

Два главни приговори за оваа вакцина се изразени поради можноста дека: (1) мозокот на глувчето кое се користи во нејзината подготовка може да биде контаминирано со вирус патоген за човекот, иако латентен кај глувците … Или може да биде причина за демиелинизирачки енцефаломиелитис; (2) употребата како антиген или вирус со зголемени невротропски својства може да биде проследена со сериозни реакции кои го вклучуваат централниот нервен систем.

Во 1996 година, д-р Џон Кофин, истиот виролог кој му кажал на д-р Френк Рускети да не се мачи да проучува болести предизвикани од хумани ретровируси, бидејќи тие не постоеле –  предупреди против трансплантација на клетки од животни во луѓе, за да се подобри функционирањето на имунолошкиот систем на пациенти со  ХИВ /СИДА. Според д-р Кофин:

Инфекцијата е практично неизбежна последица на ксенотрансплантацијата и ова е многу сериозна загриженост, бидејќи животните кои се избрани за тоа – бабунот и свињата, се познати како носители на ендогени вируси, чија способност за репликација е доста компетентна, но многу слабо проучувана – се способни за инфицирање на човечки клетки.

А сепак, во 2017 година, вакцините кои Coffin, FDA, и CDC признаваат дека се контаминирани со птичји ретровируси, ретровируси на глувци, свински ретровируси, вирус на леукемија од говеда, ретровируси од мајмун и човечки ендогени ретровируси се законски наложени да се инјектираат во доенчиња и постари лица. Како што пишуваше пред повеќе од една деценија д-р Шери Тенпени:

Ако вакцините што содржат залутани вируси, би биле дадени само еднаш во животот, можеби тие би биле со мала последица. Но сега се препорачуваат, дури и се налага со закон, вакцини за грип за секого, од доенчиња до постарите лица. Може ли ретровирусите и другите вируси да се инкорпорираат во човечкиот геном без откривање, што ќе доведе до здравствени проблеми во текот на животот? Ризикот од загадувачи на птичји вируси, значително се зголемил од 2004-та година, кога вакцината против грип беше додадена на вакциналниот календар, сега со почеток на возраст од шест месеци. Дополнителна доза вакцина за грип им била дадена на децата и возрасните за време на заплашувањето со пандемиите на птичјиот и свинскиот грип, чии резултати можеби нема да се познти со години. Дали вирусите од кокошки и крави се вградени во човечкиот геном?

Ги прошируваме алармантните прашања на Dr. Tenpenny со дознавањето за друго семејство на егзогени човечки ретровируси, ретровирусите поврзани со глушец, кои сега се потврдени кај повеќе од 6% од Американците и најверојатно влегле во луѓето преку вакцини и контаминирано снабдување со крв предизвикувајќи многу болести, Д-р Стјуарт хипотетизираше. Прашуваме: Може ли МПР вакцината која содржи птичји/пилешки ретровируси да се рекомбинира со секвенци на ретровируси од глувци, кои се пренесуваат од нашите родители (пронајдени во нивните полио вакцини), да се произведе хибриден ретровирус или хибридни секвенци?

Дали  ги менуваме гените на идните генерации на непознати начини преку вакцините?

Она што доаѓа преку таа игла, всушност, може да биде смртоносно.

Автор Д-р Џуди Миковиц

Извор