Пневмококната Вакцина Ги Зголеми Бактериските Инфекции Наместо Да Ги Спречи

Одредени бактериски инфекции кај децата, кои тешко се лекуваат, се во пораст поради широката употреба на антибиотици и конјугирани пневмококни вакцини, вклучувајќи ја Prevnar.


    –  Во извештајот на Друштвото за инфективни болести на Америка (IDSA) е откриено дека присуството на одредени видови на бактерии во случаи на инфекции на горниот респираторен тракт е „значително зголемено“, од широката употреба на вакцини против пневмонија.
   –   Пневмококните бактериски соеви може да променат една буква во ДНК, на секои 15 недели, стапка на мутација слична на „superbug – от“ –  MRSA, кој е отпорен на антибиотици.
    –  Прекумерната употреба на антибиотици за инфекции на уво и синуси, исто така, предизвика овие серотипови на бактерии кои предизвикуваат пневмонија, да станат отпорни на антибиотици.
    – Генерално, вашата најдобра одбрана против секоја болест е да имате робустен, здрав имунитет.


Се проценува дека речиси 1 од 7 возрасни лица во САД, биле дијагностицирани со синуситис во последните 12 месеци, што се случува кога слузницата во носот и синусите се иритира. Во повеќето од овие случаи (90-98%), причината е вирус, додека кај 2-10% од случаите постои и бактериска инфекција.

Овие бактериски инфекции стануваат отпорни на лекови и затоа се потешки и потешки за лекување, поради што Друштвото за инфективни болести на Америка (IDSA) неодамна издаде нови упатства за третман за синуситис.

Алармантно, сепак, погребана на страна 16 од нивниот извештај, е потврдата дека некои тешки за лекување бактериски инфекции кај децата се во пораст, поради широката употреба на конјугираните пневмококни вакцини!

Бактериските инфекции се во пораст од воведувањето  на пневмококната вакцината

Извештајот на ИДСА вели: ii

„… и преваленцата на H. influenzae (40% – 45%) и процентот на H. influenzae (37% -50%) кои произведуваат б-лактамаза (екстраполирани од културите на средното уво за деца со акутно восплаление), се значително зголемени во споредба со другите инфекции на горниот респираторен тракт, поради широко распространетата употреба на коњугирани пневмококни вакцини… Додека S. pneumoniae беше почеста од H. influenzae пред 2000 година, преваленцата на H. influenzae е јасно зголемена, додека онаа на S. pneumoniae е намалена во ерата на пост-пневмококната вакцина, така што во моментов тие се приближно еднакви…“

Во САД, вакцината Prevnar, која се користи за да се спречи пневмококната болест  и која може да предизвика менингитис и инфекции на крвта кај малите деца, била лиценцирана во 2000 година и почнала да се дава на  новороденчињата, во четири дози на возраст помеѓу 2 и 15 месеци. Во вакцината првично беа опфатени седум, а сега се 13 од 90-тина видови на Streptococcus бактерии.

Иако пневмококното заболување предизвикано од седумте пневмокни соеви, содржани во 7 валентната вакцина Prevnar, се намалија по широко распространета употреба, еден пневмок, наречен 19A, разви супер резистентност и сега предизвикува пневмококна болест која е отпорна на антибиотици.

Во 2010-та, FDA лиценцираше 13-валентна пневмококната вакцина, за покривање на повеќе соеви, вклучувајќи го и 19A, во обид да се прекине преносот на пневмококната болест, која е поврзана со над 80 различни видови на пневмококи. Здравствената заедница веќе со години знае дека серотиповите на  S. Pneumoniae, кои не се содржат во вакциниата –  не само што брзо ги замениле седумте вклучени во оригиналната вакцина Prevnar, туку исто така предизвикуваат зголемување на инвазивната не-вакцинална пневмонија за 71 процент. Пишувајќи во списанието Emerging infectious disease, истражувачите рекоа: iii

„Во Холандија, PCV-7 [7-валентната пневмококна конјугирана вакцина] нуди висока заштита против вакциналните серотипи IPD кај вакцинирани деца, но зголемувањето на не-вакциналните серотипи  ги намалува нето придобивките од вакцината“.

Ова е причината поради која официјалните претставници на САД, ја претставија новата 13-валентна вакцина против пневмонија – со надеж дека ќе ги задржат серотипите под контрола. Сепак, историјата сугерира дека и антибиотиците и вакцините може да се комплексно вклучени во еволуцијата на пневмонијата.

Пневмококните бактерии ги заменија гените пред Превнар да излезе на пазарот

Нова анализа од страна на тим на меѓународни истражувачи, ја откри комплетната генетска „шминка“ од 240 примероци на соеви од  Streptococcus pneumonia , земени помеѓу 1984-2008, што им овозможи на истражувачите да ги забележат промените со тек на времето.iv Видот, познат како пневмококна молекуларна епидемиолошка мрежа клон 1 или PMEN1, е отпорен на неколку антибиотици. Имаше неколку интересни откритија, меѓу кои:

  • Видот на пневмокок се појавил кога пеницилинот често се користел, но поради тоа што не можело да биде убиен од пеницилинот, тој вид „процветал“;
  •  Видот менува еден од неговите нуклеотиди на ДНК на секои 15 недели, стапка на мутација слична на онаа на супербактеријата MRSA, која е отпорна на антибиотици;
  • Еден начин на кој мутираат бактериите е преку обвивката, наречена полисахаридна капсула. PMEN1 има капсула наречена 23F, која била вклучена  како таргет во вакцината Prevnar. Сепак, до моментот кога вакцината стигна на пазарот, бактериите веќе се претвориле во нов серотип наречен 19А, за кој вакцината не штити.

Wired Science објави: v

„Студијата покажува дека овие гени се под огромен притисок за селекција, поради човечкото интерферирање со антибиотиците и вакцините“. – вели Гарт Ерлих, бактериски патолог во Институтот за истражување  Алгени-Сингер во Питсбург. „Мапирањето на минатите генетски изобличувања на организмот, можеби не им помага на истражувачите да предвидат што ќе направат бактериите, но анализата покажува дека некои гени се особено склони кон промени и веројатно не се добри цели за вакцини“. – продолжува Ерлих.

Друг проблем е тоа што прекумерната употреба на антибиотици за уво и синусни инфекции, исто така, предизвика овие серотипови да станат отпорни на антибиотици. Истражувачите објавија во Science: vi

„Беа откриени повеќе од 700 рекомбинации на гени, кои ги кодираат најчесто главните антигени. Од нив беа 10 настани со префрлување на капсулите, од кои една е придружена со промена на популацијата, како што се појавија изолатите на серотипот 19А, по вовоедувањето на конјугираната полисахаридна вакцина, во САД. Еволуцијата на отпорност на флуорокинолони, рифампицин и макролиди [антибиотици] беше забележана во повеќе прилики“.

Дали вакцините ќе ни остават во наследство супербактерии и болести?

Вакцините носат здравствени ризици и не гарантираат заштита од заразни болести. Во случајот на Prevnar, не се спроведени долгорочни студии за да се оцени дали е поврзана со развојот на хронични болести или хендикеп. И клиничките испитувања кои беа спроведени од страна на производителот, пред вакцината Prevnar 7 да биде лиценцирана во 2000 година, споредуваа една експериментална вакцина (пневмокната) со друга постоечка (менингококна). Што значи дека во контролната група не се користело ниту еден вистински плацебо, што значително ги загрозило резултатите. Сепак, децата во групата со пневмококната вакцина имале повеќе напади (конвулзии), висока температура и други реакции, а имало и 12 смртни случаи (вклучувајќи 5 означени како синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња (SIDS), пријавени во клиничките испитувања пред лиценцирање.

Секоја доза од вакцината Prevnar содржи алуминиум како адјуванс (засилувач), кој се користи за да предизвика силен имунолошки одговор, но исто така е и познат невротоксин.

Сега се претпоставува дека широко распространетата употреба на вакцината Prevnar води до други непредвидени последици, како што се зголемување на бактериските инфекции и појава на супербактерии, отпорни на антибиотици. Други вакцини, исто така, произведоа сериозни, несакани ефекти, како што се вакцината против крупната сипаница, што може да го зголеми ризикот од појава на херпес зостер кај возрасни.

Многу е  важно да се разбере дека вашата најдобра одбрана против било која болест е робустен здрав имунолошки систем. Вакцините можат ефикасно да ја компромитираат вашата имунолошка функција и ова е точно без оглед на вашата возраст. Двата од најважни фактори кои влијаат врз здравјето на вашиот имунолошки систем се:

  • Состојбата на вашата цревна флора;
  • Вашиот витамин Д статус.

Околу 80 проценти од вашиот имунолошки систем е содржан во стомакот, така што одржувањето на здрава цревна флора е императив за одржување на целосно функционален имунолошки систем. Исто така, ако цревата  на вашето дете се населени со премногу патогени микроорганизми, тој или таа веројатно е повеќе склон кон оштетување предизвикано од вакцина. За повеќе информации во врска со ова, препорачувам да го слушнете моето интервју со д-р Наташа Кембел-Мекбрид.

Витаминот Д е уште една клучна компонента за одржување на оптималното здравје, така што ве поттикнувам да ги тестирате нивоата на витамин Д на вашите деца и доколку е дефицитарен, следете ги моите препораки за оптимизирање на нивните нивоа.

Вештачкото манипулирање на вашиот имунолошки систем со вакцина, не произведува ист вид на траен имунитет и не бара резултати по борбата со болеста, како што тоа може да го направи здравиот начин на живот. Тоа всушност може да ве направи помалку здрави на подолг период.

Автор д-р Џозеф Меркола

Извор

Референци:

i Infectious Diseases Society of America December 16, 2011

ii Infectious Diseases Society of America December 16, 2011

iii CDC Emerging Infectious Diseases May 2010

iv Science. 2011 Jan 28;331(6016):430-4

v Wired Science January 28, 2011

vi Science. 2011 Jan 28;331(6016):430-4

vii National Vaccine Information Center (NVIC) — Pneumococcal