Пневмокок – Болест И Вакцина

Вакциналниот календар на Република Северна Македонија, од 1-ви јули се збогатува со уште две нови вакцини и тоа против пневмококна инфекција и рота вирус.

„Вакцината за рота вирус се дава кај бебињата на возраст од два, четири и шест месеци, а пневмококната вакцина кај деца на два, четири и дванаесет месеци. Овие вакцини се добредојдени и им ги препорачуваме на сите родители, бидејќи ги штитат децата од инфекции“. – Соопшти проф. Александра Гроздановска, претседател на Комитетот за имунизација. Таа додаде – „Со Комитетот за имунизација направивме препораки родителите да ги вакцинираат децата со вакцината за пневмокок на возраст од три и пет години, особено за оние кои планираат да ги пуштат децата во градинка, бидејќи таму се чести овие инфекции. Вакцината за рота вирус не се препорачува за постарите деца, односно таа се дава кај новороденчињата“.


Информации за болеста предизвикана од пневмококот (S. Pneumoniae)

  • Пневмококна болест е бактериска инфекција предизвикана од S. pneumonia (Streptococcus pneumonia). Тоа е најчеста причина за бактериска пневмонија и инфекција на средно уво (otitis media) во САД и е трет најчест предизвикувач на бактериски менингитис.1
  • Пневмококните бактерии често се најдуваат во горниот дел на грлото позади носот кај околу 5 до 10% од возрасната популација и кај 20 до 40% од здравите деца. Меѓутоа, кога пневмококните бактерии предизвикуваат инвазивна инфекција, сериозните компликации може да доведат до воспаление на мозокот, инфекции на крвта, пневмонија и смрт.2 3

  • Пневмококните бактерии најчесто се пренесуваат преку респираторна секреција, со кашлање и кивање. Деца и возрасни кои живеат во услови со слаба санитација и вентилација, како во дневни центри, градинки, воени бараки, затвори и центри за бездомници, се изложени на повисок ризик од пневмококни болести.
  • Пријавувано е дека секоја година во САД, пневмококната болест предизвикува околу 4.000 случаи на инфекции на крвотокот (bacteremia), менингитис (воспаление на мозокот) и инфекции на уво, кај деца под 5 години. Некои деца просечно имаат по една или повеќе инфекции на средното уво (otitis media) секоја година и многу од овие инфекции се предизвикани од S. pneumoniae.4
  • Во светски рамки, 98% од смртните случаи, кои настануваат како последица на воспаление на белите дробови, се предизвикани од пневмококни инфекции, пред се, кај неухранети деца кои живеат во сиромаштија во неразвиени земји, со несоодветен пристап до здравствени услуги, каде S. pneumoniae е убиец број еден на деца помали од 5 години. Во САД најголемиот број на смртни случаеви предизвикани од пневмокок се јавуваат кај особи постари од 75 години. Во 2008, биле пријавени 210 смртни случаи кај деца под 1 година, 118 смртни случаи кај деца од 1 до 4 години, и 57 смртни случаи кај деца од 5 до 14 години.5
  • Симптомите на пневмокона инфекција вклучуваат изненаден напад на температура и умор, кивање и кашлица со слуз и отежнато дишење. Инфекцијата може да почне со чувство на општа слабост, благо покачена температура и сува кашлица, пред симптомите да се влошат. Симптомите на пневмококен менингит (воспаление на мозокот) вклучуваат, здрвен врат (оневозможеност да се допре брадата до градите без умерена или јака болка во задниот дел на вратот и главата), главоболка, екстремен умор или конвулзии.6 Симптомите на otitis media вклучуваат болно уво, црвено или отечено ушно тапанче, температура и раздразливост.7

Информации за вакцината против пневмокок

  • Постојат два типа на пневмококна вакцина кои се лиценцирани и во употреба во САД: Пневмококна полисахаридна вакцина (PPSV) и пневмококна конјугирана вакцина (PCV).  PPSV вакцината содржи 23 соја на пневмокок и е препорачана од страна на Центарот за контрола на болести (CDC), за возрасни лица над 64 години, а PCV-13 вакцината содржи 13 соја на пневмокок и е препорачана за деца на возраст помеѓу 2 месеци и 18 години.
  • CDC препорачува 4 дози од PCV-13 вакцината за новороденчиња и деца, распоредена во дози на 2, 4 и 6 месечна возраст и помеѓу 12 и 18 месечна возраст. Една или две дози од вакцината се препорачува за деца на возраст од 2 до 18 години, во зависност од тоа колку дози примило детето како новороденче.8
  • Иако пневмококната вакцина PPSV-23 се препорачува за возрасни лица, над 64 години, во 2011 FDA (Центарот за примена на храна и лекови) го прошири одобрувањето PCV-13 вакцината да се применува и кај возрасните лица над 49 години.9
  • До 2008 година, 8 години откако пневмококната вакцина која содржи 7 соја PCV-7, беше лиценцирана во САД и беше препорачана од страна на CDC за сите деца, одговорните за јавното здравство излегоа со извештај дека пневмококната вакцинациска програма била одговорна за намалување на стапката на инвазивна пневмококна болест кај децата на возраст под 5 години, на околу една петтина споредено со состојбата која била во 1998 година.10 Меѓутоа, постои доказ дека масовната употреба на вакцината PCV-7 кај американските деца, постави притисок на некои од 80-те останати соеви на пневмокок да предизвикаат инвазивни заболувања, како и зголемување на стапката на отитис медиа предизвикан од серотиповите кои не беа вклучени во седум-валентната вакцина.11 Во обид да се спречат шесте дополнителни пневмококни соеви, да предизвикаат инвазивни заболувања, новата пневмококна вакцина за деца PCV-13, сега содржи плус 6 пневмококни соеви.
  • Од 1 Септември 2015, пријавени се 41 случај на оштетување и 6 смртни случаи во Федералната програма за компензација од оштетувања од вакцини (VICP), непосредно по примањето на пневмоконата вакцина.
  • Пребарувачот MedAlerts прикажува дека од 31 Август 2018 година, имало 20.387 сериозни нуспојави пријавени во Системот за пријавување на нуспојави од вакцини (VAERS), поврзани со пневмококните вакцини (PCV-7, PCV-13). Преку 60% од сериозните нуспојави поврзани со пневмококната вакцина се појавиле кај деца на 6 годишна возраст и помали. Од вкупниот број на пријавени нуспојави во VAERS, поврзани со пневмококната вакцина, дури 2.190 биле смртни случаи, 5.292 биле хоспитализирани а 917 биле случаи со траен инвалидитет. Преку 50% од пријавените смртни случаи биле деца на 6 годишна возраст и помали.
  • Пријавените реакции на пневмококната вакцина вклучуваат температура, тешки локални реакции (оток, црвенило, болка на местото на инјектирање), раздразливост, поспаност, немирен сон, повраќање, дијареа, осип, намален апетит, конвулзии, астма, пневмонија и синдром на ненадејна смрт кај дете (SIDS).

Од страната на Управата за храна и лекови во САД (FDA):

Од Центарот за контрола на болести во САД (CDC):

Реакции на Вакцина Симптоми и Состав

Оваа веб страница, содржи симптоми на реакции на вакцина и др.

Пребарување на рекации од вакцини

NVIC го хостира MedAlerts, моќен пребарува на базата на податоци VAERS. MedAlerts испитува симптоми, реакции, вакцини, датуми, места и др.

Пријавување на реакции од вакцини Од 1982, NVIC управува со Vaccine Reaction Registry, што служи како набљудувач на VAERS. Пријавувањето на реакции од вакцини во VAERS е законски. Ако вашиот доктор не пријави реакција, вие имате право да пријавите можна реакција од вакцина во VAERS .

Референци:

1 Centers for Disease Control (CDC). Pneumonia. Dec. 1, 2011. Online. (Accessed Jan 2012).

2 Kasper D, Fauci A, Longo D, et al. Pneumococcal Infections. Harrison’s Principles of Internal Medicine 16th Edition 2005; pp. 806-814.

3 MedicineNet.com. Pneumonia. Jan. 16, 2012. Online.  (Accessed Jan 2012).

4 Centers for Disease Control. Vaccines and Preventable Diseases. Pneumococcal Disease—Q&A. April 1, 2011. Online.(Accessed Jan 2012).

5 5CDC National Vital Statistics Reports. Dec. 7, 2011.  p.19. Online. (Accessed Jan 2012).

6 Centers for Disease Control. Vaccines and Preventable Diseases. Pneumococcal Disease—Q&A. April 1, 2011. Online.  (Accessed Jan 2012).

7 Centers for Disease Control. Vaccines and Communicable Diseases. Pneumonia Disease in Short. April 1, 2011. Online. (Accessed Jan 2012).

8 Centers for Disease Control. Vaccines and Communicable Diseases. Pneumonia Disease in Short. April 1, 2011. Online. (Accessed Jan 2012).

9 FDA News Events. FDA 13 Expands Use of Prevnar Vaccine for People Ages 50 and Older. Dec. 30, 2011. Online. (Accessed Jan 2012).

10 CDC Pink Book. Pneumococcal Disease.  No date. Online. (Accessed Jan 2012).

11 Eskola J, Kilpi T, Palmu A, et al. Efficacy of a Pneumococcal Conjugate Vaccine Against Acute Otitis 2004, 17(4) : Online. (Accessed Jan 2012).


Оваа изјава првично беше припремена како реакција на планираните измени во законот со што во некои држави би се вовела како задолжителна пневмококната 7-валентна вакцина (Превнар)

Пневмококната болест е бактериска инфекција која може да предизвика сериозни заболувања, вклучувајќи воспаление на мозокот, инфекции на крвта и воспаление на белите дробови (пневмонија). За вакцината Превнар произведена од Wyeth Lederle Laboratories (од American Home Products Corporation, Wyeth-Aherst Lab) се размислува да се воведе како задолжителна во некои држави. Истата содржи само 7 од повеќе од 90-те соеви на пневмококни организми кои предизвикуваат болести кај луѓето и не може да спречи менингит или инфекција на крвта предизвикани од другите соеви.1

Повеќето деца и возрасни се носители на пневмококни организми во своите носеви и грла. Не е докажано зошто кај некои индивидуи ќе се развијат сериозни пневмококни заболувања а кај некои не, меѓутоа оние со ослабен имунолошки систем се со многу повисок ризик. Прекумерната употреба на антибиотици во изминатите 25 години, предизвика, најмалку 7 соеви на пневмококни организми да мутираат во форми отпорни на антибиотик и овие 7 соеви се содржани во вакцината Превнар. Дали вакцината Превнар ќе предизвика пневмококните организми да развијат соеви отпорни на вакцината или ќе направи други соеви на бактеријата да станат повирулентни, не е познато.

CDC наведува дека пневмококните инфекции предизвикуваат приближно 700 случаи на менингит, 17.000 случаи на инфекции на крвотокот и 200 смртни случаи кај Американските деца на возраст помала од 5 години, секоја година, каде 35 од вкупната бројка на смртни случаи, се предизвикани од пневмококен менингит.2

Зошто NVIC се спротивставува на воведување на задолжителна пневмококна вакцина:

Несоодветните клинички истражувања не ја докажаа безбедноста на вакцините;

Wyeth Lederle и Kaiser Permanente направија споредба на една експериментална вакцина (пневмококна) со друга (менингококна)1. што сериозно ја загрози научната валидност на испитувањата. Децата поделени во групи кои ја примија пневмококната вакцина претрпеа повеќе напади, раздразливост, високи температури и други реакции. Имаше 12 смртни случаи во групата Превнар, вклучувајќи 5 смртни случаи од SIDS. Откако вакцината беше лиценцирана во 2000 година, пријавени биле 3.243 несакани реакции поврзани со Превнар во VAERS, вклучително и 476 сериозни последици како и 79 смртни случаи.3

Недостиг од долгорочни истражувања;

Не постојат долгорочни истражувања кои би дале проценка дали вакцината Превнар, кога е дадена самостојно или во комбинација со други вакцини е поврзано со појава на хронични заболувања или инвалидитети, како што е појавата на дијабет, астма, нарушувања со конвулзии, потешкотии во учењето, ADHD или аутизам.

Компонентите на вакцините не се темелно проучени;

Секоја доза од 0.5ml на Превнар, содржи 0.125mg алуминиум, метал кој е невротоксичен. Производителот на Превнар изјавува: „Превнар не е испитан за било кој канцероген или мутаген потенцијал или за нарушување на плодноста“. 4,1

Ниска ефикасност во спречување на инфекции на уво;

Производителот и претставниците од Kaiser Pemanente, во периодот пред лиценцирање на вакцината, сугерираа дека истата е против инфекција на ушите. Превнар никогаш не била лиценцирана од страна на FDA за заштита од инфекции на уво. Клиничките испитувања покажаа дека вакцината ги намалува шансите за добивање на инфекции на уво кај децата, за само 7%.5,6

Превнар може да влијае на ефективноста на другите вакцини;

Упатството од производителот укажува дека, кога Превнар се дава истовремено со вакцините против HIB, пертусис и полио, може да ја намали ефикасноста на тие вакцини кај некои деца. Нема податоци за тоа што се случува кога Превнар се дава во комбинација со МПР или вакцината за големи сипаници. 1

Доброволното користење на вакцината е високо;

Wyeth Lederle, CDC и AAP одлично ја промовираа масовната употреба на оваа вакцина кај децата. Превнар се наоѓа на врвот, како најпродаван нов фармацевтски лек меѓу сите фармацевтски производи кои на пазарот стигнаа во 2000 година, генерирајќи 461 милиони долари во продажба.7 Доброволното примање на вакцината е толку високо што се појавува недостиг на Превнар вакцината и CDC привремено ги преиначува своите препораки како би го поттикнала вакцинирање со сите четири дози на вакцината, само кај ризичните групи на деца.2 Ова искуство покажува дека воведување на задолжително вакцинирање со Превнар не е потребно.

Референци:

1 Wyeth-Lederle Product Manufacturer Insert (Pneumococcal 7-Valent Conjugate Vaccine (PREVNAR). Issued February 2000.

2 Centers for Disease Control (CDC). Press release: ACIP Votes to Temporarily Revise Recommendations for Pneumococcal Conjugate Vaccine. Dec. 10, 2001. Online (Accessed Jan 2017)

3 Vaccine Adverse Event Reporting System (VAERS) Data

4 Aluminum Toxicity in Infants and Children (RE9607). Pediatrics. Vol. 97, No. 3 (March 1996).

5 Wyeth-Ayerst Laboratories. Sept. 25, 1998 press release: New Investigational Vaccine Demonstrates High Efficacy Against Pneumococcal Disease in Children.

6 Kaiser Permanente. May 4, 1999 press release: Investigational Vaccine Is First To Show Effectiveness Against Childhood Ear Infections.

7 O’Reiley T. Vaccine Tops Sales Chart. March 4, 2001. Daily Record (Morris County, NJ).

Извор