Во мозокот на аутистичните пронајдени високи количини алуминиум

Студија објавена во почетокот на 2018 година идентификуваше многу високи количини на алуминиум во мозокот на повеќе луѓе со аутизам.

Знаеме малку за тоа каде тешките метали, што се користат како засилувачи во вакцините, завршуваат во телото. Сега знаеме дека инјектираниот алуминиум не излегува од телото како при внес на алуминиум од други извори. Кога се инјектира – завршува во мозокот.


     Истражувањето објавено во 2018 година, требаше да стаса на насловните страни ширум светот бидејќи откри високи концентрации на алуминиум во мозоците на аутистистичните. Истражувањето го спроведоа некои од водечките светски научници на ова поле.

Истражувањето е направено со петмина испитаници, четири мажи и една жена, сите на возраст од 14 до 50 години. Мозоците на сите нив содржеле небезбедно висока концентрација на алуминиум, споредено со пациенти со други заболувања, кај кои висока концентрација на алуминиом во мозокот е вообичаена. Таква, на пример, е Алцхајмеровата болест.

      Секако, ова придонело истражувањето да не го добие заслуженото внимание поради малиот број испитаници, ама тоа не е сосема валиден аргумент, ако се знае причината зашто ова истражување е спроведено. Како што е цитирано во него, неодамнешни истражувања на животни, објавени изминатите неколку години, ја подржуваат силната врска меѓу алуминиумот и алуминиумските адитиви во вакцините и нарушувањата од спектарот на аутизмот.

Истражувањата, исто така, покажале дека инјектираниот алуминиум не може да се исфрли од телото и може да се детектира во мозокот дури и една година по инјектирањето. Откако ова е кажано, да кажеме и дека, кога внесуваме алуминиум од извори како што е храна, телото успева да го исфрли, но постои праг. Важно е да се признае дека алуминиумот најден во мозокот може да се должи на алуминиумските адитиви во вакцините. Ова последно истражување откри присуство на алуминиум во мозочното ткиво, а и тоа каде завршува алуминиумот. Ова истражување спроведено на луѓе се надоврзува и ги поддржува наодите од истражувањата со животни.

Ова истражување, исто така, е важно затоа што повеќето истражувања фокусирани на изложеноста на луѓето на алуминиум користат само примероци од коса, крв и урина. Истражувањево и јасно говори за вакцините, велејќи дека: „Вакцините кои содржат алуминиумски адитиви се индиректна мерка на детското изложување на алуминиум и нивната се поголема употреба е директно поврзана со зголемената стапка на заболени со нарушување од аутистичниот спектар“.

Алуминиумот, во овој случај, бил пронајден во сите четири регии на мозокот.

„Количината на алуминиум во мозочните ткива од донори со дијагноза нарушување од аутистичниот спектар беше екстремно висока. Иако имаше значителни разлики меѓу ткивата, региите и субјектите, штетната количина алуминиум во секоја мозочна регија на сите пет испитаници одеше кон максимумот на сите претходни мерења на алуминиум во мозокот, вклучувајќи ги и јатрогените нарушувања (нарушувања добиени како резултат од претходен несоодветен медицински третман или совет, заб. прев.). Сите четворица машки донори имаа поголема количина алуминиум во мозокот, отколку кај единствениот женски донор. Кај овие машки донори, со нарушување од аутистичниот спектар, измеривме едни од највисоките вредности на алуминиум во мозокот кога било измерени во здрави или заболени ткива“.

Знаеме и знаевме дека алуминиумот не е безбеден, сепак го игнорираме ова

Кога зборуваме за безбедна количина на алуминиум, да кажеме дека такво нешто не постои. Алуминиумот е екстремно токсичен за кој било биолошки процес, не е наменет за луѓето, што е и причината зошто останал во длабочината на земјата додека не го извадивме надвор. Местото не му е во нас и во нашето тело не предизвикува ништо друго освен хаос. Ова го прави чуден фактот што е ставен во вакцините и покрај тоа што за 100 години немало соодветно тестирање за безбедноста.

Алуминиумот е експериментално докажан невротоксин и најчесто користен адитив во вакцините. И покрај речиси 90 години од широката употреба на алуминиумските додатоци, знаењето на медицината за нивниот механизам на дејствување се уште е неверојатно сиромашно. Исто така постои и загрижувачка количина податоци за токсичноста и фармакокинетиката на овие компоненти. И покрај ова, забелешката дека алуминиумот во вакцините е безбеден се чини дека е широко прифатена. Сепак, експерименталното истражување јасно покажува дека алуминиумските адитиви имаат потенцијал да предизвикаат сериозни имунолошки нарушувања кај луѓето“.

     Овој цитат е од истражување објавено во 2011 година, а ние дури сега почнуваме да забележуваме дека и други студии ја потврдуваат погоре наведената изјава.

      Речиси секое истражување што ќе го читате, а што се однесува на претходните истражувања за алуминиумските адитиви во вакцините нагласува дека природата на нивната биоакумулација (таложењето во живите организми, заб. прев.) е непозната и е сериозно прашање. Сега знаеме дека оди низ целото тело до оддалечените органи и по некое време завршува во мозокот.

Уште една неодамнешна студија од 2015 г. истакнува:

Доказите дека честичките обложени со алуминиум се фагоцитирани во инјектираниот мускул и неговите дренажни лимфни јазли и преку фагоцитите (клетки задолжени да ги јадат штетните туѓи честички и бактерии, заб. прев.) можат да се рашират низ телото и полека да се акумулираат во мозокот, укажува дека безбедноста на алуминиумот треба да се испитува долгорочно“.


Сликите подолу се од неодамнешната студија од 2018 година и покажуваат „светли точки“ кои укажуваат на тешки метали во мозокот.


Fig. 1. Mononuclear inflammatory cells (probably lymphocytes) in leptomeningeal membranes in the hippocampus and frontal lobe of a 50-year-old male donor (A2), diagnosed with autism. Intracellular lumogallion-reactive aluminium was noted via punctate orange fluorescence emission (white arrows) in the hippocampus (a) and frontal lobe (b). A green autofluorescence emission was detected in the adjacent non-stained (5 μm) serial section (c & d). Upper and lower panels depict magnified inserts marked by asterisks, of the fluorescence channel and bright field overlay. Magnification ×400, scale bars: 50 μm. (For interpretation of the references to colour in this figure legend, the reader is referred to the web version of this article.)

Fig. 3. Intracellular aluminium in cells morphologically compatible with glia and neurones in the hippocampus of a 15-year-old male donor (A4), diagnosed with autism. Lumogallion reactive cellular aluminium identified within glial-like cells in the hippocampus (a) and producing a punctate orange fluorescence in glia surrounding a likely neuronal cell within the parietal lobe (b) are highlighted (white arrows). Lumogallion-reactive aluminium was identified via an orange fluorescence emission (a & b) versus a green autofluorescence emission (c & d) of the subsequent non-stained (5 μm) serial section (white arrow/asterisk). Upper and lower panels depict magnified inserts marked by asterisks, of the fluorescence channel and bright field overlay. Magnification ×400, scale bars: 50 μm. (For interpretation of the references to colour in this figure legend, the reader is referred to the web version of this article.)


Подолу можете да гледате едно од најновите интервјуа со д-р Крис Ексли, еден од најистакнатите светски водечки автори на оваа тема и еден од авторите на оваа најнова студија. Тој е биолог (Универзитет во Стирлинг) со докторат за екотоксикологијата на алуминиумот. За него повеќе можете да прочитате тука.




За крај!

      Луѓето мора да разберат дека и покрај кампањата во медиумите, во ред е да се преиспитува безбедноста на вакцините и за тоа постојат многу причини. Постојат многу причини за загриженост и тешките метали се една од нив. Всушност, опстојувањето и постојаното присуство на тешки метали во нашата околина, во храната и во лековите, е причина за загриженост, бидејќи се знае дека тие предизвикуваат многу здравствени нарушувања, но сепак медицинската индустрија ова одвај ја допира.     

Можете да правите детоксикација со нешта како спирулина и вода со голема количина силикати во неа. Постојат истражувања што покажуваат дека различни методи на детоксикација можат да бидат корисни во отстранување на алуминиумот, или барем на дел од него, од вашето тело, органи и мозок. Овде клучно е да се едуцирате за медицинската вредност на храната и исхраната. Можеби ова ќе биде мотивација да ја подобрите исхраната, особено ако имате или познавате некого со нарушување од аутистичниот спектар.

Автор Arjun Walia

Извор